Вики Чаир - солидно, многу гужва имаше кога бев, ама брзо ме средиа. Фатлуме - нејзина вработена ми ја правеше косата, ич не бев задоволна, до ресторан локните ми се распаднаа. Фатлуме лично ме шминкаше, убаво шминка, ама некако брзаше и на некои места немав пудра кога се видов надвор на светло, не беше добро нанесена еднакво. - оценка 4. Назз студио - ич не бев задоволна, премногу пудра, изгледав уморно и постаро. Дл Арт - се шминкав еднаш и сите ме прашаа кај сум се шминкала, не ми мрдна шминката. оценка 5 Косич - многу ми ја фалеа. Вака фина, културна, убаво ме нашминка, ама за тие пари очекував повеќе. Очите ми ги нашминка убаво ептен. Фризерот кај неа супер ме направи. Шурбевски - презадоволна! не ми мрдна шминката. Кај него се шминкав за мојата свадба. Оценка 5 На тие ми текнува сега
Може ли предлог шминка (нежна)и фризура околина Центар, Карпош, Аеродром? Да сте задоволни, бидејќи цел ден ќе треба да сум средена и да е нормална цената(до кај 3000ден)? И најбитно, да работи во недела..Многу барања имам знам❤️
Да, ако сакаш конкретно Нергес да те шминка треба да потенцираш. Лани цената беше 150 евра за невестински пакет.
250 евра за нешто што по неколку саати ќе го избришеш е многу. Разбирам шминкерите си го вреднуваат трудот, користат квалитетна шминка но сепак премногу е. Не ти става злато па 250 евра да ти наплати.
Повеќе внимание се посветувало на невести. Затоа толку наплаќале. А ако кажеш дека си на свадба, ќе ти наплатат помалку. Повеќе се исплати да викнеш некое девојче да те нашминка дома. Претеруваат со цените.
Само името се плаќа, ништо друго, девојче што шминка по дома поубаво ќе нашминка отколку некои познати. Во студио Фиторе пред 5-6 години ми бараа 100-150 евра, а шминкаат како глет да ставиле, премногу вештачко. Јас за 50-60 евра две шминки и две фризури, за фотосесија пред свадба, и за денот на свадбата, фризурата и шминката не ми мрднаа, косата другиот ден ја пуштив многу ми беше убава и си ја носев така неколку дена виткана, зошто од лакот не ми се мрсеше, а и не ме чеша мене од лак коса, иако не употребувам, само за свадби. @нина122 во денешно време се се дознава, не можеш да не кажеш.
Јас не кажав па поминав со 3.000 денари и шминка и фризура , како ќе се дознае ? Кој ќе оди да каже ?
И Скопје е мало. Или пример одам негде редовно и ако сакам таму, нема шанси да не се дознае. Инаку јас и за шишање си одам кај една само и не ми е во маало.
Ок, ама сакав да кажам еве ако одиш негде редовно, инаку ако одиш негде прв пат нема да дознае. Навистина не ми е јасно зошто за невести е поскапо кога истата фризура и шминка ќе ја направат и ако си на друга свадба. Јас поминав со 3000-3500 две фризури и две шминки.
Професионален шминкер треба подеднакво да обрне внимание на сите клиенти, безразлика невеста или не. Со исти шминки работи не дека на другиве става импала, а на невестиве Диор. Исто и за фризура некој невести сакаат пример по едноставна фризура, некој што ќе биде само гостин покомплицирана што ќе треба повеќе време... Туку фаќаат на тоа ајде свадба еднаш правиш па ќе дадеш на некој "извикан" шминкер 250 евра.
Баш, јас знам невести со едноставни фризури, што се вели и секојдневни, ама ај дека невести ќе им набијат цена, а некои гости со пунџи, со 300 чуда, па не им се допаѓала, па ај преправај, и ќе поминат поефтино.