Мене фризерот истово ми го кажа. Прво да одам на шминкер а после тоа фризура да ми прави дека ако правам прво фризура после кога ќе ме шминкаат може да ми ја подрастурат малку кога ја тргаат косата од лице. А шминкерката па ми рече прво фризура да сум правела и ме збунија Затоа реков да прашам какви искуства имаат некои што биле невести
Неее што ви е со ценива, јас пред 7 години бев невеста 100 евра беше сега сигурно е поскапо ама 500 не е сигурно
Мене прво ме шминкаа, па потоа фризура. И кога сум одела по свадби исто така, прво шминка, па фризура. Сама кога сум се шминкала за некоја свадба тогаш прво фризура ако одам на фризер и дома шминка.
Препорака за шминкер/ка и фризер/ка за невеста, по можност да е на едно место или да се во близина, да не треба да се шетам? Инаку колку време пред свадба треба да се резервира термин? Немам претстава како оди тоа.
Дали знаете кој би можел во Скопје да шминка за Велигден? Дента за Велигден сум на свадба и голем дел најверојатно нема да работаат
А нешто во Скопје со по приступачна цена, бидејќи со цените се стигнати далеку. Фризура 4500 - 5000ден кај Станче, не знам што толку би правел, пример јас би сакала нешто едноставно, но за правење локни не ми се дават толку, а и со цените за шминка по 7000 - 7500 ден, претерано е според мене. Дајте и некои други предлози? Косич и дл.арт како да се натпреваруваат која поскапа цена ќе стави.
Да видиш кај makeup.by.sarag? Невестинска шминка 5000, фризура 500-1500 Или евентуално Рита Имери. Кај неа не знам како е со цени за невестинска, обичен пакет шминка и фризура е 3000. Кај Косич кај Ѓорѓи Мандаџиев невестинска е 5500, супер работи дечкото, го има стилот на шминкање на Милена, од неа има учено.
Супер е сашка како што ќе и кажеш така ќе те направи а и убави шминки користи.. за невестинска не знам јас се шминкав стандардна шминка и не ми мрдна цела вечер
Девојки јас топло ја препорачувам Александра Але Алексовска за шминка. Неколку пати одам кај нејзе, шминката ми издржува цел ден, девојката користи квалитетна шминка и што е најважно пристапни цени има и предобро шминка!! Сега си закажав и невестинска кај нејзе
Даниел Николовски е Дадар или Дадар е друга личност? Дали јас долго време бев во заблуда и мислев дека тоа е една личност, бидејќи сега гледам профил на инстаграм, Александар Дадар, малце ме збуни ова ако има некој поупатен да ми разјасни