Јас успеав да закажам кај косиќ месец ипол пред свадба, но што подобро тоа подобро Секоја препорака за неа. Лани за невести со се фризура беше околу 9000
makeupartistmonaa во Лептокарија. Под ова име побарај ја на инстаграм. Многу внимава на цртите на лицето и каква шминка ќе ти стои или нема да ти стои. Цената за невестинска е 4.000 ден. Шминката не мрдна цел ден. Јас имав закажано 6 месеци пред свадбата. Без разлика каде и да закажуваш, колку порано толку подобро.
Женски, барам шминка и фризура на исто место да се, за во Скопје. Без торти фризури и без предлог Фатљуме и сличните што прават 15 жени наеднаш.
https://www.instagram.com/deluxebeautyatelier?igsh=MTJvMXhiNGlhY2w5NA== јас скоро бев тука за прв пат, и сум многу задоволна, 1500 денари коса+шминка, кога бев јас бевме закажани само две жени во еден термин, додека едната ја шминкаа, на другата ѝ правеа фризура, па потоа обратно, така што немаше некоја гужва. Шминката траеше од 14h додека не ја избришав во 2/3 сабајле, а косата траеше утредента цел ден исто додека не ја измив
Јас се шминкав и фризирав кај Косиќ - 10.000 денари за невеста, салонот е во Капиштец. Скапо, но вреди - и шминката и фризурата не мрднаа цел ден. Јас закажав во март за крај на јуни