^Епа овдека си оставила линк и на него има многу слики. Вака покажи тоа помежу кое ти се двоумиш, па ние да ти кажеме што е подобро.
Од тие сите слики да ми кажете како ви се допаѓа како работи за тоа се двоумам дали ви се свиѓа шминката и ноктите поз
за мојата свадба ме шминкаше Зоки од Битола.човекот е стварно професионалец немаше кој не ми ја пофали шминката дури јас кога се видов се зачудив од тоа како изгледам.
Јас со Зоки немам баш позитивно искуство. Баш тука на форумов побарав да ми предложат шминкер во Битола и сакав да го ангажирам него. На почетокот не се удостои да ми одговори дали ќе ме шминка или не за на крај да ми откажи тоа што се договоривме. Да кажам сепак ова е мое лично искуство и спрема мене не беше професионален. Ова не се однесува на тоа како тој шминка затоа што не ме шминкаше и не би да коментирам за тоа, а цената мислам дека беше околу 2000 ден (колку се сеќавам не сум сто посто сигурна за ова).
Феминки, ако има некој бројче од Лидија Перчинкова, Цаци Паковска или Зорица (бројче/ facebook) што овде ја испофаливте ќе ве замолам да ми пишете во лп. фалааааааа
Дали е рано да закажам за фризура и шминка од сега? Свадбата ни е 31 август. И некоја препорака за Битола
jas za mojata svadba se sminkav kj dadar, toj me sminkase i da ti kazam edinstven e kako sto ce mu kazes da te napravi taka ce te napravi, i frizura kaj nego pravev ,, najdobar tim ima ,
Девојки, ве молам и мене пратете ми бројчиња и фб профили за да ѕирнам слики (или линк од веб страници) од Лидија Перчинкова, Цаци Паковска и Зорица. Гледам многу ги фалите
Јас презадоволна бев од мојата фризерка и девојката што ме шминкаше. Девојкава има фризерски салон кај што живеам јас таму и ми зеде 600 денари за фризурата, а девојката што шминкаше 1.200 денари со нејзини трепки ама цеееееел ден и цееееела вечер не ми мрдна ни шминка ни фризура. Девојкава што шминка иде кај што си ти дали дома дали на фризер и те шминка и со професионални шминки работи. Ги шминка и некои познати пејачки од фолк естрадата. Ако некој е заинтересиран да види слики нека ми пише во ЛП ќе му дадам и ФБ страна за да контактира со девојчето за шминка.
Девојки, во колку да си ја закажам шминката и фризурата појма немам Во 16.30 имаме закажано во црква што значи накај 16 часот ќе се тргне од кај мене. Мажево би требало накај 14 часот да дојде тука. 10.30 фризура, 12 шминка ок е?
Мислам дека 12 ти е супер,убаво е да си оставиш саат време простор пред да започнат да идат луѓето,оти имај си во предвид во секој случај ке има каснење,колку и да ја мислиш и планираш да биде перфектно, биди подготвена дека се нешто ке искрсне тој ден....поззз и убав помин,само биди релаксирана тоа е најважно
Ве молам да ми препорачате некое студио каде што ќе ми се направи и фризурата и шминката , стварно појма немам каде да одам , имам специфична коса и многу ми е страв дека ќе ми ја утнат На исто место и да ме нашминкаат да не одам навака натака
Зорица Николова. Моја си е и единствена Почнавме околу 12, бевме готови со шминка и фризура во 15:30.
А, кажи ми дома доаѓа? Кај и е студиото? Цена отприлика Иде ли со цената пробна шминка/фризура, трепки