Здраво женски , јас правам свадба летово , Се изначитав кој е добар за шминка и фризури па се јавив во SimSaltarova -200€ невестински пакет (7000-8000 ден плус за проба) Даниел Николовски - 11000- 13000 ден + недела дена претходно консултација Шурбевски не ми крена Studio Sashions - 10000 ден пакетот Е сега dl.art , дина не е на работа неделата кога ми е свадба , а косич била на породилно , па ајде од овие погоре наведените кој е ваш избор ? Свадбата е во јули кога се очекуваат високи температури
Здраво, може ли препорака за некоја што шминка нежно освен sashions? Нема да работи тој ден. Ми треба за на свадба шминка, не моја.
Dajte predlog vo region Aerodrom/Centar, za frizura i sminka do 3000 den, ne nevestinska, tuku obichna. Fala
На формуот ја фалеа Stacy beauty, во Аеродром кај Железничка и е студиото, 3000 денари шминка и фризура е. Ја гледав и јас за неколку свадби летово. Ако одиш кај неа пиши како си задоволна.
Студио Кароски во Центар кај Грчка амбасада, лани беше 3000 или 3500 комплет шминка и фризура, не сум сигурна, не знам дали сеуште е истата цена, но презадоволна од дечкото, не мрдна ни шминка ни фризура а беше лето и претопло
Многу безобразна. За свадба се шминкав јас таму и газдарицата ме правеше и бев презадоволна и многу брзо ме направи. Во исто време мајка ми ја шминкаше Фатлинда и иако јас и реков дека сакам да и стави црвен кармин на мајка ми таа и стави кафеаво моливче и почна да се кара со мене, како тоа според неа подобро било кафеаво. И стави црвен кармин на устатат на која и имаше ставено темно кафеаво моливче и на ништо не личеше. И реков дека на ништо не личи да избрише и да и стави црвен молив и кармин и почна нешто на албански да збори да се исмејава и бидејки бурно изреагирав газдарицата и рече да избрише и да направи како сакам јас и после она откако заврши со мене ја зема и мајка ми и нејзе ја досреди.