Искрено глава ме заболе од оваа фризура и шминка, не дека сум јас комплицирана туку косава ми е и страв ми е дека ќе ми ја утнат Искуство некое со шминка и фризура во Фризерско студио Коса?
Daniel nikolovski e car....20 min se gledav vo ogledalo i nemozev da poveruvam deka toa sum jas.....ednostavno sovrseno
Zdarvo devojki mene me interesira nekoj dobar frizer i sminker od Strumica dokolku znaete nekoj ve molam pisete
мој совет кај тања немој, значи јас таму бев за свадбата, и косата ми падна премногу брзо, во ресторанот немав фризура, шминката не ми се допадна, многу беше нападна за мој вкус, а да не зборувам за надградбата на нокти и депилацијата
Епа бидна и ова Закажав во студио Коса во Лисиче. Шминка ( со трепки) + фризура на која ќе имам додавано уметоци за да се постигне онаа бујност што ја сакам јас 4000 денари За две-три недели пробна фризура и шминка кои ќе ме чинат 1200 со попуст
А знаеш ли како работи Марјан Петров имам слушнато дека е добар за фризури ама за шминка не знам ,а за Тања имам само слушнато а незнам како работи
Мој најискрен совет до сите вас кои се мислете дали да одите кај Дадар - немојте, значи со капс лок немојте. Кога ќе се најави некоја која нема врска која е, читај не е неговата Софка Какаева, или сличните на неа, се мршти и не му се шминка, и на исте таму шо работат за него им вика они да шминкаат или да кажат дека нема да може он лично да ги шминка, значи нема желба едноставно, си го кренал носот, мангуп еден, желба има само за да оде по кафиња и да се слика со спонзорушките околу него и Сергеј другар му. Може ќе ве нашминка убаво, ќе се погоди случајно да речеме да ви одговара шминката, ама јас шом слушнав дека е ваков станат, и дека тие шо ќе му закажат - а не ги знае, ги шминка чисто шаблонски, не им обрнува и не им посветува внимание колку шо заслужуваат, мислам нема шо повеќе да се каже, посерко.
не, немам слушнато јас за него... мене ми имаат многу зборувано за дац, тој работел многу добро, но имам разбрано дека и бил скап, што знам, оди прашај си до него ако сакаш...
Пак јас Денеска правејќи муабет со едно девојче кое беше невеста сега брзо ми рече дека предходната вечер пред свадбата и ја измиле косата на фризер и ставиле витлери за да преспие со нив и косата да има волумен утредента. Ваму кај што закажав не ми рекоа ништо такво , она ми вели ако не ми направат така многу брзо косата ќе ми се растурела
^ Уф, мила те разбирам како ти е баш во овој момент. И јас прво не знаев како ќе ја правам косата (ме предомислуваа х - личности), потоа ми удираа во глава филмови од типот што ако не ја погоди, што ако не ми стои, што ако искрсне нешто (дури и отидов до таму што помислував што ако се случи нешто со фризерот и шминкерот, ако има невреме на денот на свадбата а нема струја што ќе правам тогаш). Но, еве овде има многу девојки кои биле невести и јас тврдам дека повеќето од нив не го правеле ова што го кажуваш(вклучувајќи ме и мене). Се зависи од техниката и мајсторијата на фризерот. Доколку знае да направи квалиттна фризура која ќе издрже цел ден, тогаш нема потреба од дополнителни малтретирања. И да ти напоменам дека е факт, тоа што до крајот на свадбата тебе фризурата ќе ти се растури, и тоа е нормално, ако ти мислиш денот да го поминеш забавно, да се изнаиграш и да не стоиш како статуета мислејќи на шминката и фризурата. Тие две работи се важни до отворањето на свадбата, потоа бидете опуштени и уживајте во најважниот ден од вашиот живот.
Јас си закажав кај Шурбевски! Инаку ќе треба да одам на едно место да ми прават фризура, па да одам кај Шурбевски со фризурата направена, па да се враќам дома... Не ви изгледа малку комплицирано?
Мене ми е малку комплицирано тоа, сакам се на исто место затоа се мислам меѓу Даниел Николoвски и Војче и Ека (fashion VA) Колку е шминка кај Шурбевски?
Не да е комплицирано, мене ми беше шубе од кај Даниел до дома, морав свекор ми да го чекам некои си 5 минути на автобуска па мислам дека све што беше околу гледаше во мене. Ти си знаеш. Мене Даниел ми зема 4000 денари, не жалам ни денар, ме направи супер. Инаку за младенци сакав слична фризура и ми ја направи братучедка му на маж ми, не е дека беше лоша, супер беше, ама многу лак, јас не сакам толку многу лак, ми тежеше многу и не можев да мрднам два дена, а за тоа колку издржа, па исто ми издржа мислам, со тоа што за вчера да ја измијам косата ми требаа неколку пати поминување со шампон, а кога ја пуштив свадбената фризура имав виткана коса уште следниот ден, додека да дојдеме дома, со гости цел ден и дури следниот ја измив, така да си имав фризура уште 2 дена.
да си закажам со време се надевам дека добро ќе се покаже...мене ми кажа 2000ден. шминка, а за фризура накнадно демек нешто попустче ако се правиш кај мене...врти сучи толку ќе ми земе
Нема да зажалите кај Даниел ако одите,мене ме име правено во неколку пригоди, за мојата свадба и тој е единствениот кај кого се шишам последниве 5 години. Не дека ми е другар туку дечкото е стварно професионалец во својата работа. Е сега стварно е поскапо, ама кога видов во ценовник во фризерница кај мене во маало 2500 за шминка и фризура за невеста (шминката од Авон и Бит Пазар) не жалам за денар што сум потрошила кај него.
Јас најверојатно ќе откажам од ваму каде што закажав На моја среќа најдов студио што шминка со навистина асална шминка а не макс фактор пудра ќе ми става што не покрива ништо Станува збор за Арт Студио Естетика, студиото се наоѓа во Чаир , албанки се девојките кои го држат ама како шминкаат и какви фризури прават алал да им е , златни раце имаат се изненадив кога ги гледав сликите на фб, девојките беа како од филм излезени сите до една И шминкаат со Мак декоратива, не знам дали има друго студио тука да шминка со декоратива на Мак. Имаат слободен термин и утре идам да си закажам, Фризура и шминка 4800. Секако, ако некој има искуство некое со студиово добредојдено е
Ти препорачувам да си размислиш уште еднаш и ако веќе закажуваш оди на лице место договори се.Точно убабо шминкаат меѓутоа јас не видов мак декоратива...Не ми се допадна пристапот комуникација нула и најлошата работа се договарш за време и ги чекаш 45мин..воопшто не се сериозни.Сепак тоа е твој избор.Јас ти споделив моето искуство.Можеби за невеста ќе си ја сватат посериозно работата...
Спојлер Не ми е за моја свадба но ако знае некој Бубе студио Ин со кој шминкер соработува?Сакам косата да ја правам таму ми го фалеа многу за фризури,ама не ми се шета на друго место за шминка после тоа.Па ако знае некој?