Девојчиња во едноставноста е убавината. Не се оптеретувајте, во младоста ви е убавината што вика баба ми. Нека ви е честита полуматурата на сите и само успеси на ве следат.
Ја од почеток се потресував,сеа како доаѓа полуматурата се помалку ми е гајле,незнам зошто Имам некој си фустан како прљаво бела боја ни ја незнам точно,ниту знам какви балетанки да купам,ни какво ланче ни ништо,така да ако може предложете ми нешто да не зеам се бело да испокупувам па ко невеста да им отидам таму,зашто незнам да комбинирам Само боја ми треба Фризура ќе видам пријателка на мајка ми ќе ми прави,сакав како 2 плетенки од 2те страни на главата помали и позади онаква машничка направена од коса,гледав на YT валда ќе може некако да го изведе тоа Ако не ќе ја убијам се зезам,ќе видам нешто поинаку во тој случај Со каква боја таков фустан највеќе би одговарал?Знам со бела се иде и со ова може се да иде ама незнам точно...Тапа сум во комбинирање,т а п а. Иначе е негде до над колена и горе е како чипка материјалот,незнам како да опишам,и надоле е тул Само што горниот дел е вакa нешто (формата):
Во право си дека бела боја може да се искомбинира со секоја друга. Освен стандардните комбинации на бело со црно, бело со црвено, мене лично многу ми се допаѓа кога бел фустан (во примеров) ќе се искомбинира со тиркизна боја. Дали преку накит, балетанки и слично. А и не мора да се ограничуваш само на две бои, може ташната да ти биде во сосема друга. Конкретно во случајов кафена, жолта, црвена Во спојлер неколку слики со примери, се надевам ќе ти помогнат Спојлер
Ќе бидам офф топик, но навистина не ми е јасно зашто пробувате да разубедите некого?Ако за вас не е тоа нормално да си направат маникир, да се шминкаат и фризура да прават не значи дека сите треба да делат ваше мислење. Девојчето фино и културно си побара контакт и препорака а не дискусија со карање зашто се замараат.Јас пред деценија што се вика бев полуматурантка па што,и на фризер бев и нокти си имав направено.Тоа ме прави лоша? И не ми е воопшто криво ниту за парите потрошени ни пак за останатите трошоци.Дури да се вратам назад и не би се шминкала сама. Така да девојки правете како што ви е желбата на вас,и како вие мислите дека е исправно.А не дали на некој му се допаѓа тоа што вие ќе правите и планирате.
Е не,со изгризани нокти или пак со кал.Црни онака одоздола. Епа секако дека ќе ги средиш.Јас не велам нешто посебно.Исечени,оформени и со еден боен лак.Доколку некој е во можност и знае може да си и украси.Секако не претерано.Сето што може дома да се направи.Барем јас така ќе ги правам.Епа има девојчиња што немаат убави нокти и ќе одат во сално да си ги прават,јас нема. Еве јас ќе зборувам во свое име.Јас секаде каде што одам,прво што сакам се средени нокти.И зависно од пригодата ги лакирам.Едноставно обожавам да ги лакирам .Мене тоа интересно ми е и не поднесувам не средени нокти!И не се траштам,што да правам како да правм.Туку си побарав совет како да ги направм интересни.Знам дека никој нема ноктите да ми ги гледа,но ете јас сакам средени да ми се .
На диппломска бев пред некој ден и тоа со искризени нокти оти други неможам да замислам и замислете шо НЕ МЕ ВРАТИЈА ОД ТАМУ ДЕКА БЕЗ НОКТИ
Деца бе што зборувате нокти за полуматура? Абе ајде разбирам напредна генерација сте,ама нокти бе? Ќе си се излакираш дома фино лепо.Не да ставате циркионишта глупости,мислам мали сте бе дечиња уште.Незнам што брзате толку да пораснете. И тоа што планирате сарма фризури,верувајте дека после 1 година ќе си се цепите од смеење ко ќе ви текне што ќе правите. Јас полуматуранка бев пред 3 години(толку мислам дека беа ) Ноктињата ми беа налакирани со некоја nude боја(ако се вика така) и со печатчиња си направив цветчиња,фино онака детски.А не ми беа ни големи,нормална големина на нокти за дете од 14 години. Од шминка имав малку пудра бидејќи сакав да ги скријам пегите Иако немав некоја голема потреба од пудра,али ајде. Имав црн ајланјнер,и некоја си розевкаста сенка што ме насенка таа фризерката Демек да ми одговарало со фустанчето.Мислам дека бев скромно како за полуматурнка.И не ми мака што бев ваква Инаку фризурата ваква ми бешe и испеглана:
Бојадисување на косата Луѓе хелп полуматурантка сум и нз каква фризура да праам ако имаате некоја идеја пишете ЛП
Да ви се "пофалам" ,каква фризура,каква шминка и какви нокти имав! *Фризура-Си ја измив косата со шампон и регенератор,од Dove .Инаку тие на мама се, за роденден и ги дадо,ама јас ќе ги користам. После ја исушив со фен.И толку,ни онака не ја ни фенирав,како што прават фризерките.Колку да ми е сува со фенот,ја поминав.Ниту извиткана,ниту фатена,ниту плетенка-НИШТО.Буквално,па дури ниедно штипче.Па ништо не ми фалеше. *Шминка-Само маскара и сјај.2 слоја маскара,и тоа вишокот го отстранив со четка од стара маскара.Па маскарата не се ни осеќаше.Сјајот додека стигнав на школо ми се извади. Пудра,не ставив.Иако полна бев мозолки.Значи шминка минималистичка *Нокти-Кога сме кај ноктите.Вечра ги направив,демек вака(долу во спојлер).Ама ме зезна лакот во боја на праска.И ги избришав.После тоа ги налакирав розеви(слиа долу спојлер2).По неколку часа легнав да спијам ,3-4 часа.И сабајлето лом ноктите.Катастрофа,како да небеа исушени,демек им кладов од онај спрејот,ништо. | . И накарај ги избришав и колку да не е без ич,им ставив од лакот за заштита(слика спојлер 3).И толку беше со ноктите. Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=o5dza9V0HLc Спојлер Сликата е од нет. Спојлер И оваа е од нет. Со други зборови наједноставана од сите таму бев! И да ви кажам,за идните полматуранки.Да не се траштате каде фризура,каде нокти.Да не си клавате грижи на глава.До душа мене ич не ми беше гајле,ама ајде малку на нет побарав и ништо повеќе.Пак ми беа/се средени ноктите .Си бев убаво,пристојна таму.Како 13 годишна, за нецел месец 14 год. АЈДЕ МИ ЗАВРШИ И МЕНЕ ПОЛУМАТУРАТА!
Мене косата ми беше виткана со фигаро..и по 1 праменче од двете страни ми беше фатено назад со шноли..а шнолите да се покријат имаше направено како цвет од коса а кркмите ми беа фатени и напрскани со спреј за коса за да на мрдаат..(да се пофалам..мајками ме праеше) Нокти-имав 3 розеви нокти (лак NYC 111) и на нив имав по едно сино цирконче и имав по 2 сини (лак Малена 14) на едниот имав ставено СОЛ (која воопшто не се познаваше и изгледаше преубаво) а на другиот светки Шминка-најједноставна..малце бебшко розева шминка ставив колку да не сум како зомби таму..ии имав маскара и сјај за усни За разлика од другите..не бев толку нашминкана..некој имаше кои личеа на вистински тетки
Шминка- розева сенка, маскара и сјај, сама се шминкав дома (сенката скоро иста како на сликата во спојлер) Фризура- виткана со витлери (исто така дома) и потоа на страна. Нокти- еднобојни, светло розеви. Спојлер
Фризура: високо репче. Нокти: бидејќи доцна ми текна, една другарка ме налакира со црн лак од Малена. Шминка: Хидратантна крема, пудра Делинѐ, моливче, маскара и туш. На усните, лабело секако. Дома сѐ правев, така да трошокот беше само 144 денари, за лакот и кремата.
И јас да си кажам каква бев за полуматура: - Фризурата ми беше пеглана и пуштена немамв ни една шнолка на неа ако добро се сеќавам. - Ноктите ми беа црна боја лакирани затоа што две вечери имавме така наречени забави, па да ми одговара и за другата вечер. Не планирав да се лакирам у Охрид бидејќи деновите ни беа исполнети и имавме време само да јадеме. Шминка - Ќе бидам искрена, имав ставено маскара, сјајче и пудра, моливчето го заборавив дома и грдо ми беше од друг да ставам моливче па така имав на мене само маскара, сјај и пудра. А за другата вечер, од страна на ноктите и шминката се беше исто, само што косата ми беше нежно извиткана. Слично на овааа.
Jac косата ја направив како со машна од самата коса и надоле виткана (сликата во спојлер,иста машна само надоле поинаку виткана) Спојлер За шминкање ова она не ни имав многу време Дома сама ставив малце сјај и маскара и скоро неприметлива линија туш Ии ноктите зашто ми се лом,до месо,ужасни само ставив онакви click and go мислам така се викаа од ДМ и ниту ги излакирав ни ништо,немав време И носев фустан и балетанки,никако штикли незнам што.. Ии едно мало ланче со машничка Толку
jas za polumatura bev vo rozevo ednostavno fustance,baletanki tegetni lakovani ,pletenka vence napred i nazad peglano, tegetno tasnice malku pudra sjaj maskara noktite lakirani toa
Za polumatura sama se sminkav a frizura frizerkata mi napravi masna i possle vitkana.Za idnite polumaturantki ne trosete mnogu pari za frizeri fustancinja nokti ne se zamarajte mnogu okolu polumaturata.