Не се шминкам, повеќе преферирам природен изглед. Може само малку креон понекогаш да ставам и римел, меѓутоа тоа многу ретко. А пудри и такви ствари не сакам воопшто, не ни користам
сакам да ставам шминка на себе , но дома сум liberte... кога сум дома шминка никако нема на мене , и гости да ни дојдат - дома си сум ..немам лице прекриено со мозолчиња , имам чисто лице но сепак и јас како секоја жена кога ќе излезам некаде сакам да бидам средена .. во секоја прилика купувам шминка и вредело за секојденар даден за тоа
Во моите 13 години живот шминка имам користено само 2 пати..годинава на роденденот и на дочекот на Нова Година..И тоа имам ставено само креон и сјај.Ништо повеќе..Додека мојта генерација и 1 година помалите девојчиња ставаат шминка за секое излегување..Тоа не го сваќам
^^^ Зошто да не го сфаќаш? Можеби некој сака да се грижи за себе,да се нашминка и да се среди.Зошто па само два пати да си нашминкан во животот? Мене па тоа не ми е јасно. Од каде знаеш? Можеби некоја има проблем со акни,некоја со потечени очи,некоја со мозолчиња,некоја сака да се разубави. И јас не оправдувам пренападна шминка кај тринаесетгодишни девојчиња но доколку шминката е умерена зошто да не се става на излегување?
јас сфаќам да има само креон ставено или маскара сјај..но кога ќе видиш девојче со црвен кармин или светкава сенка, smookey eyes мислам дека не личи
^^^ Јас имам 16 години и ставам црвен кармин,се шминкам понекогаш смоуки ајс и штета што не можам да ставам слика од тоа како сум нашминкана па ми личи и тоа баш убаво Не личи да има 100 кила пудра и многу сенка,ама кога е убаво нашминкано и ненападно не гледам причина зошто да не е убаво.
Повеќе сакам природен изглед, па и кога се шминкам се трудам тоа да биде нежна шминка Се шминкам за до факултет, за по кафиња и излегување, но како што кажам минимално (имам познанички што ставаат по 5 кила пудра дури и за до продавница) Користам пудра, само течна (порано, која течна пудра да ја користев морав да нанесам камена одозгора бидејќи бев како сијалица) Manhattan Powder Mat, малку коректор ако имам потреба (а во последно време имам т.е сум жива ненаспана со 3 кила подочњаци), маскара и лабело или сјајче. За излегување ставам сенка и моливче и кармин обавезно
Мислам дека зборуваме за девојче од 12-13 години, не 16.Јас не поддржувам шминкање од 12 години и изглед како 25 годишна жена..Сепак секој си има свое мислење
Сакам да се шминкам! Понекогаш сум се шминкала со саати, кога беа во мода тие сенките со светки, 2 саати сум окапала пред огледало за да ги нанесам на начин на кој бев задоволна. За вечерни излегувања користам скоро се од шминка, за дневни она што за мене е минимално, а неопходно а опфаќ течна пудра, маскара, тенка линија извлечена со eyeliner, руменило - перли и незна нијанса на кармин поретко лабело.
За преку ден на кафе,факултет натаму-наваму не се шминкам многу.Коректор,римел и нешто неутрално за уста што ми е слично до природната нијанса.За вечерни излегувања се шминкам нешто повеќе со поприродни нијанси на сенка.Никогаш не сум ставила некоја плава,жолта или слична боја.Руменилата и кармините генерално ми се во некои нијанси на розева,ама никако многу светла.
Да се шминакам ама буквално на секое излегување од дома.Ама различна шминка за различни поводи за преку ден на кафе само маскара и креон и сјај а понекогаш и пудра понекогаш зошто имам многу чисто лице, а за вечено излегување маскара, туш црн одозгоре на капаците, креон за внатре, перли бронзени, оцртувач за устата и сјај а многу ретко сенки а чат пат знам и црвен кармин да ставам ама се во границите на нормалноста мразам нападна шминка
^^Море ова комотно може да оди во темата за онлајн јутјуб упатства за шминкање Да, сакам да се шминкам и најинтресно ми е да ги комбинирам боите кога нанесувам сенка на очите. До 18 години не знаев што е шминка. На факс постепено почнав да се шминкам, за излегување тук таму по некоја децентна шминка. А сега ми е незамисливо да излезам ненашминкана. За секоја прилика поинаку. И наутро не ми зафаќа ич време, за 5 минути знам да се нашминкам комплет. Што ти е пракса За ноќно излегување малку појака шминка, но никогаш не претерувам. Сценско шминкање се знае - само за во театар. За во град тоа ми е претеризам. Плус кога ќе ми текне после на враќање дома што се треба да симнам од лицево, ми се смачува.
Obozavam sminka. Sakam da se sminkam i sakam da vidam dobro nasminkana tipka.njamnogu obozavam dobro nasminkani oci ubavo istaknati.dodeka ne stavam nesto na oci ne izleguvam od doma pa sto saka neka e.potenciram trepki pred se.ne pleskam mn na lice posto mi e cisto i nemam potreba za pudri takvi raboti.samo hidratantno kremce i teram.
Несакам ептен да се шминкам, ама секој ден се шминкам за во школо сакам да изгледам убаво , секако не се шминкам нападно малку само
Сакам да се шминкам ама во умерени дози. Не сакам фасади и јаки препарати. Сакам полесни пудри и не ставам којзнае колку шминка, малку пудра, маскара, руменило и по потреба коректор. Сенки, моливчиња и слично мноооооооооооооооогу ретко користам. Скоро ич.
мммм обожавам сминкање искрено некогаш и многу претерувам со сминката еден тон пудра и што поцрни очи и бледо розеви усни за мене е нај нај најјј
Oбожавам да се шминкам но не нападно.најчесто користам пудра која ми одговара со тенот,маскара и руменило а за искачање може и црно моливче и нежна сенка
Од дома ретко излегувам без креон, а пудра некогаш може и да не ставам. Но во последно време некако почнав само маскара да користам и ми се допаѓа разликата