за на школо пудра обавезно исто така си практикувам и маскара и креонче(во последно само маскара) и нормално сјај за усни или лабело а за вечерни излегувања-петок сабота,е тогаш е друга прича обожавам да си се шминкам,особено да ги истакнувам очите...
Од дома не искачам без пудра,значи тоа е мојата секојдневна шминка за на факултет аа и лабело обавезно.А за искачање во последно време најчесто користам само туш,римел,руж и сјајче.И сето тоа изгледа така нежничко и убаво
Сакам да се шминкам но не премногу нападно. За на факултет само пудра, маскара и сјај. За излегувања истото, плус руменило, сенка, кармин, моливче и туш
Сакам многу да се шминкам ама нежно не обожавам многу сенки за на училиште понекогаш ставам пудра и маскара а кога ќе излехувам пудра маскара креон сијај и понекогаш ставам и малце сенка
Во последно дури претерувам.И не сум нашла поинтересна активност од шминкањето. Преку ден ненападно, а за навечер подраматично.
Сакам да се шминкам и се шминкам кога излегувам некаде. Обично ставам римел, сјај, креон, малку сенка и тоа. Пудра никогаш не ставам
Запрепастена од тоа колку некои личности за момент станаа убави, јас сум убедена дека шминката доста влијае на изгледот. Еве неколку фотографии:
Многу сакам да се шминкам и често си исперементирам по дома и во последно време чуствувам некаква потреба од некој нов начин на шминкање но незнам каков ,се што гледам по интернет не ми е интересно имате ли некој интересен предлог за сини очи?
Сакам да се шминкам, но никогаш не се шминкам премногу нападно. Преку ден обавезно ставам пудра, маскара и сјај. А за вечерни излегувања се шминкам повеќе и тоа ми претставува задоволство. Најмногу ги истакнувам очите и користам сенки, туш, поретко молив за очи...
Шминка Можам да кажам дека тоа ми е еден вид Хоби Значи обожавам да се сминкам и да шминкам други,да експериментирам со очите. Сакам секакви нијанси.Обично за преку ден ставам минимално шминка на мене пудра,креон маскара понекогаш руменило и сјај.А за вечерните излегувања стојам пред огледало 1 сат,и само изведувам некои трикови Се шминкам различно,некогаш нежно,напдано,зависи од гардеробата и расположението
Шминкањето е еден важен детаљ кај секоја девојка (со исклучок и на некое момче ). Јас многу сакам да ги истакнам очите бидејќи сите ми викаат дека ми биле убави. Трошам многу време пред испаќање посебно навечер за шминка (и секогаш каснам ). Сакам по впечатливи очи и експериментирам со бои, понекогаш ставам и црвен кармин може еднаш на 2 месеца. Со задоволство го правам сетот тоа впрочем и која девојка не ужива во шмикањето.
Шминка користам секојдневно, обично се шминкам ненападно, некоја лесна шминка, најчесто, пудра маскара, моливче за очи и сјај. За вечерните излегувања ја нагласувам малку повеќе и сакам да експериментирам. Но се со мерка. Мразам наклавано пудра да можеш желба на лице да и стисниш, или како некој кловн во очите.Помалку со мерка, подобро.
Кога сум прва смена само пудра ставам бидејќи ми е грда кожата и малку маскара. Кога сум втора, крема и маскара, можда малку коректор. За навечер сакам пудра, истакнати веѓи и туш. Сјаеви за уста и кармини не трпам..
Јас лично обожавам шминкање дури понекогаш и можеби претерувам и постојано другарките ми зборат за тоа но јас мислам дека не треба да се нанесува премногу шминка туку чисто онака колку да ни го разведри лицето.
Кога бев тинејџерка повеќе се шминкав него ли сега... Во средно се стокмував ептен, а и фурав некој стил со нагласени очи, па така повеќе си се шминкав и денски. Ама сега претпочитам природен изглед за преку ден, па не се ни приметува дека имам шминка. За навечер приказната е поинаква, ама и тогаш не ставам нешто јака шминка, избегнувам и црвени кармини. Веројатно сум сфатила дека подобро ми прилега поприроден изглед
уфф ја обожавам шминката.Најголем дел од мојот џепарлак трошам за козметика.За преку ден користам некогаш пудра некогаш не, маскара и моливче обавезно и сијајчина.А за викенд секако повќе се шминкам.Не би можела без шминка:Ке гладувам на школо немат да јадам ништо ама ке купам нешто од козметика.И све што су купила од мојата заштеда било
Ја сакам. Не дека ми е обсесија но ја сакам а особено сакам да комбинирам бои на сенки, тоа ме инспирира некако. Се чуствувам ко сликар кога ќе го фатам четчето во рака и тргнувам да нанесам боја на очите. За жал ја користам веќе секој ден, но сосема е природна. Се трудам малку појако да биде за искачање - но кај мене секогаш до израз доаѓаат очите, на усните кармин не сум ставила не паметам, така да тука секогаш бирам некој безбоен сјај за усни. Ироничен ми е фактот што скоро до својата 22 година не знаев асално што е шминка, речиси и не ја користев ама ич. А во средно па воопшто, само во исклучителни моменти како на пример матурска Се сеќавам на пример кога имавме настап мака мачеа со мене дури да ме преговорат да ставам малку повеќе шминка, бидејќи на сцената сепак беше потребна И мислам дека лицето ми беше поубаво без сите тие хемии. А денес ми венее чинам. Шмрк!
Уф, јас сум среќна кога не сум на работа и немам потреба од шминка. За викенд, на одмор, за празници... Мразам да се шминкам, но се чини веќе ми станало рутина. Секој ден-истата приказна. Пудра, сенка,маскара, руж, лабело..и за помалку од 10 минути (додека сеуште зевам сум готова. Но што е тоа е, мора да се изгледа во најмала рака-Пристојно, да се замаскира црвенилото, круговите под очи, некој белег од мозолче-наследство од пубертетет. Како и да е сега ја вадам шминката....утре е нов ден, па рано наутро повторно ме чека-шминкање.