Многу сакам да се шминкам. Не сум сигурна дали имам одговорено на темава или во друга пишував. Но, разликувам дневна од вечерна шминка, кафе од дискотека, кафана и слично
и јас оожавам шминка ама користам само за излегување , никогаш не сум се шминкала за преку ден и не ми смеета тоа воопшто
ќе си купеш мат пудра без масло или пудра за проблематична кожа имаш многу избор а ако имаш бубулици прво со добри препарати лекувајги и избегнувај пудра колку повеќе што можеш имаш убави совети за лицето овде во форумот разгледај
ако цел ден сум дома, и да излезам некаде за кратко, кај некоја другарка и сл. не користам, инаку за факултет, мора xD ах, и кога сум на гости, се обидувам да намалам малце, да не изгледам нападна Инаку-опсесија ми е xD нема ни полна година што користам шминка, почнав да се заинтересирам кога гледав make-up tutorials на YouTube, па после почнав сама
Обожавам шминка! Преку ден се шминкам нежно, а додека навечер појако само внимавам да не претерам секогаш се водам според тоа поубаво помалку него повеќе. Сакам да сум секогаш средена во зависност од пригодата. Без шминка сум само по дома.
Па може да се каже дека сум експерт во шминкање ама да не претерувам сепак Обожавам да се шминкам иако не го правам тоа секојдневно. Денски обично користам само пудра, маскара и некое креонче (црно или во боја). За вечерно излегување особено ги изразувам очите со алајнер и сенки кои ги комбинирам и никогаш не би ставила само една боја на сенка, многу ми изгледа невкусно. И да не ги изоставам перлите
Девојки дали имате нешо користено од производите на http://www.essence.eu/ ... и колку се добри ... да знам дали да земам
јас користам неколку производи... просечни се а многу евтини... презадоволна сум од тушот за очи значи тушот на исто ниво ми е со лореал.. исто така ги користам овие сенки ги имам во неколку нијанси и преубави се.. единствено не сум задоволна од маскарите, со исклучок на оваа.. .. маскарава е сон
Ти благодарам .. И јас се думав околу овие сенки али сакам да се помрсни сенките.... А има една пудра од есенс ** Течна пудра во пена*** нзм каква е ...
Не практикувам да излегувам од дома без шминка. Обично ставам пудро, моливче, туш, маскара и руменило за на факултет или за преку ден. За навечер може да ставам и сенка ако имам време
Немозам да зивеам без мејк ап но не претерувам со нанесувањето се знае за преку ден мозе ке ставам и ајлајнер и маскара некогас и ептен слабо сенка некоја посветла голем фан сум на професионалната сминка и често ги следам туторијалите имав прилика и многу сум срекна сто имав мозност да бидам на феснвик во берлин верувајте јас повеке ги следев фризурите и сминката отколку парчињата облека,како сто казав мора само да се разликува која сминка за кога е па ептен ми е грдо кога видам нападно насминкана девојка преку ден за кафе незнам некои претеруваат
со оглед на тоа дека сум уште малечка хаха ретко се шминкам , обично за искачање ќе ставам малку креон и маскара колку да ги нагласам очите(ама не претерано) и сјај или лабело
Искрено да ви кажам и не сум некој љубител на шминка. Секогаш го ставам она најпотребното и гледам да изгледа прродно. Не сакам да изгледам како да сум се бањала во пудра, маскара или било што. Ставам само малку пудра колку да ги прекријам недостатоците, малку моливче, безбојна маскара (имам многу долги трепки па друго и не ми треба) малку сјај и тоа е тоа.
Шминка користам, но никогаш нападна. Нежна сенка и кармин во зависност од облеката, тенка линија на очите со моливче, римел, малку руж и пудра. Сенка ставам најретко. Колку поприроден изглед толку поубаво и ставам само кога излегувам. Особено внимавам со пудрата и ставам многу тенок слој за да не се приметува, а и супер ми е кожата и немам потреба нешто да прикривам. Особено летно време ја одмарам кожата и не сакам да ја задушувам со пудра, тогаш треба да дише. Башка летно време поголемиот дел сум на одмор и не одам на работа и ја одмарам кожата. Користам Лореал и МаксФактор.
Јас сакам да се шминкам и секогаш добивам убави комплименти на мојата шминка. Се сшминкам различно зависи каде одам... пудра избегнувам да користам а немам ни потреба... користам сенки( нежни нијанси) туш за очи, креон, маскара, кармин или сјај за усни. Ако треба да одам на некоја свеченост си ставам пудра и руменило, а на лицето си ставам крем навечер и наутро
Ретко се шминкам само пудра и толку, но пред некое време седам така по дома и земав шминките да експериментирам и видов голема разлика убаво истакнати очи, усни и одма е друго
Сакам шминка и тоа стрикно онаа квалитетна.Но за жал моја се разбира во последно време не ја користам баш многу, ме мрзи некако
Зависник сум од шминка , ја обожавам и секогаш сакам да испробам нешто ново , секој ден практикувам да бидам убаво нашминката во зависност од приликата