Ја користам секој ден дали ја обожавам е не баш, да имаше маска со шминка што се наметнува од оние како во филмовите, што не се познаваат, а што нема да ти го сменат личниот опис, прва ке си ја купам...а ако се прашувате па зошто тогаш секој ден се шминкам - Што да правам кога ,кога сум без шминка сите ме прашуваат што сум толку бледа да не сум болна
Јас обожавам шминка, но секогаш гледам шминката да биди скромно нанесена и не практикувам некои дречливи бои.
Обожавам шминка скоро секој ден ја користам користам најмногу пудра течна (некоја лесна) потоа камена пудра , креон , маскара , и сијај или пак кармин во нежно розова боја и тоа не сакам многу да ставам сенки затоа и поретко ги користам
Обожавам да сум нашминкана Едноставно заљубена сум во шминката Креон мора да имам ставено скоро секогаш,а пудра и друга шминка за некои поважни случувања Креонот е мојот најдобар другар и незнам што би правела без него
Сакам шминка (како и секое зенско) ама летово не практикувам да сум нашминкана (понекогаш маскара, сјај, руменило) најчесто за излегувања, а вака преку ден ретко, за разлика од порано што секогаш бев нашминкана (тонови што ми прилегаат на лицето) не нападно.
Па се шминкам кога излегувам но не многу нападно.Повеќе преферирам нежна шминка малце пудро,римел,сјај а сенка само во некои прилики.За дневна прошетка или одење во град понекогаш освен пудро ништо друго не ставам.Не патам од комплекси на пример сега ако некој ме види без шминка ова она.Поприродно е поубаво,мислам јас.
Не ми е неопходна, ако немам време комотно излагам без шминка или пак набрзина само ги поминувам подочњаците со пудра. Има денови кога не би плашим људи па морам да употребам шминка колку и да ме мрзи. На периоди сакам да шетам помалку нашминкана, на периоди имам инспирација па испробувам различни изгледи -де вака - де така. Не сакам монотонија во шминка, брзо еден изглед ми здосадува, колку и да ми стои добро. Ептен priceless ми е моментот кога ќе откријам некоја нова техника која ми прилега, сенка која ми стои, руж што ми одговара. Значи, ДА ја сакам шминката, сакам среден изглед, не мора да биде туто- комлето со сенки ии триста чуда но доволно да се истакне најдоброто на лицето а и да се прикријат недостатоците.
Те прашуваат така, бидејќи те немаат навикнато без пудра и руменило. Терај подолго време без нив и ќе те навикнат, без заебанција. Нормално, кога ќе ги видам некои од клас без пудра а претходно шлапале по фаца тони, ми делуваат ко да биле трета смена во Железара. Инаку, кога одам негде само зелено моливче на очи и малку маскара, да заличе на човек. А за наваму-натаму, не корисам, воопшто. Нешто сум во This is my face, take It or leave It филм последниве неколку месеци...
Себе си се прочитав, ама 10 години наназад Верувај ќе преживееш и без креон. Значи дури и да требаше да одам до продавница 500 метри од мојот дом, морав да ставам пудра и креон, од кај да знам може ќе ме сретне некој и ќе ме види без шминка... Не ми се верува дека така сум размислувала. Сега, користам шминка само кога морам, за на работа или за некое поформално, посвечено излегување, кога сакам да оставам впечаток и да се разубавам, сепак нели шминката и за тоа служи -да не разубави Сакам шминка, ама минималистичка и нежна. Пудра (летно време ставам само под очите за да прикријам подочњак), нежна сенка, креон, римел, руж и сјајче...за мене е доволно.
До пред 1 година бев луда по шминки... Во сите можни бои, сите можни комбинации... Ама искрено сеа сум фрлена само на фреон, маскара и гри моливце за оци, добра пудра за лице и нежна боја на руменило. И вака се осекам поубо и крајно попривлечно... Мајка природа
Не сакам многу да се шминкам. Не се чувствувам убаво со многу шминка на мене. Најчесто маскара, црно креонче, понекогаш маалку сенка за очи и толку.
Само креон и маскара..пудра не ми стои на лицето,ептен чисто лице имам па нема ни потреба од пудра,сенка не редам,кармин ни тоа,лабело мојт ама ептен ретко.
Не сум опседната и јас со шминкање. Порано користев пудра, маскара, креон, сјај за уста абе секакви глупости, Сега само маскара и ла бело и готова сум Многу ретко знам да ставам и креон ама ептен ретко само за некои свечености
Во последно време избегнувам секојдневно шминкање. Се шминкам само во викенд. Но користам се. Пудра руменило креон сенки во 2-3 бои обавезно маскара сјај.
Обожавам шминка, не излегувам од дома ако не сум нашминкана. Користам пудра, креон, маскара, сенка, сјај за усни, кармин, руменило (понекогаш) .
Гледам што поретко и што помалку да се шминкам. Не се чувствувам толку пријатно со многу шминка на мене. Вообичаено користам само тенок слој пудра, римел, руменило и сјај. Кога сум дома не можам да седам со шминка на мене, морам веднаш да ја извадам. Исто така и за дневни прошетки воопшто не ни ставам.
еве една статија: Начинот на кој се шминкате го открива вашиот карактер Начинот на кој се шминкате многу говори за вашиот карактер. На пример, жените кои ги нагласуваат очите сакаат да го истакнат својот интелект, додека оние кои ги истакнуваат усните сакаат да ја покажат својата страст. Еве како италијанските психолози го интерпретираат начинот на шминкање: Жените кои не користат шминка испраќаат јасна порака дека сакаат да бидат прифатени онакви какви што се и одбиваат да носат „маска“. Жените кои се постојано во потрага по огледалото се многу амбициозни, но исто така и несигурни, и многу внимание посветуваат на мислењето на другите. Ако шминка е речиси незабележлива, според психолозите, овие жени имаат страв од стареењето и желбата да се запре времето. Тие се дискретни и сакаат мистерија. Жените кои имаат налакирани нокти и на рацете и на нозете уживаат да ја покажат својата женствена природа. Оние кои ги лакираат само ноктите на рацете се да имаат под контрола, додека оние кои ги лакираат само нозете имаат желба да бидат сексуално задоволени. Исклучително долги ноктите покажуваат егоцентричен карактер. Жените кои користат нежен бел лак се срамежливи и романтични, додека оние кои имаат впечатлив лак се самоуверени и сакаат да бидат забележани. Жените кои сакаат проѕирен лак се уредни, нос метаат дека не припаѓаат на времето во кое живеат.