Наместо да скратам уште, само ги болдирав некои делови во кои се пронаоѓам. Инаку ја сакам, ја користам, ме фасцинира, се забавувам, и ќе продолжам да го користам. Тоа не значи дека сакам да се маскирам пред другите. Едноставно сакам барем очите да ги нагласам, да изгледам поразбудена, а само римел и миливче-нема шанси, 15 мин (ако се брзам) до пола саат (ако пробувам нешто ново или само сакам се да изгледа совршено) ми треба за шминкање. Косата ја оставам настрана, ама шминката-нцук.
Обожавам шминка. Користам секојдневно малку пудра, коректор, маскара, туш за очи, сјај (црвен или розев), моливче за веги и сенки во две бои усогласени се ми е во одредена количина мислам дека современата жена не би била современа ако не користи шминка..
Сакам шминка.Но,не користам секојдневно Порано не ми проаѓаше ден без шминка,пудра,моливче,маскара,незнам што.. сега се навикнав повеќе денови да проаѓам без шминка(не целосно,минимално нешто може да ставам на пр.само маскара,или сенка и доволно е). Али обавезно за поважни настани,евенти се шминкам повеќе (не 100 кг пудра )
На времето секој ден бев со шминка сега само ако треба да излегувам негде само тогаш се шминкам . Јас не сум толку голем обожавател на шминката ама многу ми се допаѓа , не прави поубави .
Сакам шминка, но умерена сум со нејзиното користење , не сум ко некои свашта ставаат на лице. не ја користам секојдневно, затоа што немам потреба, а обично си ставам лабело, сјајче, римел и така.. со тек на време, ќе ја засакувам уште повеќе, го знам тоа. иначе сега за сега тоа беше . хуху
Секојдневно употребувам само течна пудра, маскара и лабело.Додека за викенди и излегувања употребувам и сенка,туш,креон,руменило за лице и кармин.
Опседната сум со шминкање. Може мин саат ипол одвојувам за да се нашминкам како што треба. А многу често ми се има десено и кога ми е досадно дома ќе се шминкам и ќе испробувам нови комбинации и шминки. Ете толку сум опседната
Ја сакам премногу!Порано повеќе користев,како да кажам кога сеуште бев во понезрелите години и го градев мојот личен стил,и се чудам што сум носела,каква шминка денес не си би допуштила,каков накит не би ставила сите поминуваме низ таа фаза.Сега сум со мој личен зрел изграден стил,и шминката ја сакам ама ја користам поретко и поинаку.Се средувам секој ден со мало количество на пудра,некогаш само тонизирачка крема и руменило,маскара и карминче или сјај.Користам минимално шминка за да си ја истакнам природната убавина.За навечер и посвечени пригоди нормално дека ставам повеќе шминка и поинаку се шминкам. Невкусно ми е кога ќе погледнам некоја девојка,жена на сред бел ден со тон пудра и руменило на неа и со некои нападни сенки и кармини Сум за шминка но со тоа да се истакне грижата и среденоста на жената за себе,а не за да изгледа некоја како кловн,никако. Секоја жена треба да знае колку шминка и е потребна за да изгледа убаво и природно.
Ја обожавам да, и ја користам многу често, секаква шминка. Едноставно мерак ми е да се нашминкам, да си бидам средена. Е сега, нормално не можам секогаш нонстоп да сум нашминкана ама и без шминка си се допаѓам, промена нели
Сакам да се шминкам ама не премногу. Секојдневната шминка ми се состои од течна пудра(иако многу ретко ставам за преку ден), коректор под очите и маскара. А додека пак за излегување сакам добра шминка, но не премногу нападна.
Не обожавам многу шминка, поретко користам, но сепак зависи од пригода. За свечени настани се шминкам но онака само нежно не нападно. А за излегувања некогаш знам да излезам и без шминка, а некогаш само пудра, креон и маскара и готова сум.
Па ретко користам шминка а доколку веке се шминкам,клавам само маскара,лабело или нежен кармин и мааалце пудра на подочниците а некогаш ептен ме фаќа кефот да се нашминкам така убо со се и сешто ама то евентуално за излегвање на вечер
Користам основни работи. Никогаш не сум сакала да имам јака шминка. А од друга страна сакам да изгледам средено. Го сакам оној свеж и чист изглед. Нешто во стилот на Одри Хепберн. Мојата шминка се состои од: пудра (без „малтер“ ефект), минимално туш и креон колку да се отцрта окото, маскара и лабело Тоа е секојдневно, а во случај да идам на некој настан, истото само малце поинтензивно туш ставам, евентуално сенка само на крајот на окото и руж (кој скоро никогаш и не се приметува) .
обожавам шминка, обожавам да експеременитрам. Секој ден користам пудро, црно моливче и римел без тоа не одам никаде Добро некогаш не ставам ништо ама многу ретко. Кога дојде ден за диско или некоја друга пригода, дремам 1/2 саата пред огледало и се шминкам. Не користиам некоја ногу нападна шминка, ама обожавам пример smooky eyes или нешто помешано со две бои. Знам дека природно си е природно ама не можам да одолеам на шминка
Сакам да се шминкам, се шминкам нон стоп, но пример за донде довде, само со камена пудра, туш,моливче,маскара. А излегување до град,гости .... си се средувам малце подобро. Несакам шминки 300тона на нив, или пудра со шпакла да им збираш.
Не ја обожавам баш многу ,ама од што морам се шминкам секој ден за на работа не многу јако малце пудра римел перли сјајче за уста ,а за излагање нормално малце појака шминка ама не нападно
Од шминка секојдневно користам пудра и коректор затоа што лицето ми е крш. А за искачање се спремам повеќе,со римелчиња,креони,кармини,сенки и триста тракатанци
за на работа римел моливче и малку руменило , а за вечерни излегувања smokey eyes и малку појака шминка
Преку ден за до овде , до онде , за низ град најчесто користам пудро, маскара и коректор.А за вечерни испаѓања појака шминка , туш , сенки , креони и други тракатанци .