Сакам шминка и како и се друго така и ова,сметам дека доколку не е претерано е совршено! Се сминкам секојдневно и тоа течна пудра, маскара, моливче за обликување на очите и лабело. Сметам дека е доволно и во секој случај се чувствувам подобро и посаумоверено кога сум нашминкана и знам дека до некој степен лицето ми е совршено и покриено и истакнато е тоа што треба да биде.
Зависи. Ме нервира да користам пудра во деновите кога кожата не соработува со мене бидејќи како да ја одбива од лицето. Колку и да сакам скоро никогаш неможам да излезам без коректор на подочниците бидејќи секогаш ги имам а понекогаш изгледам како да имам модрици поради светлата кожа. Маскара ставам но мразам да ја вадам па сега поретко. Обожавам да се шминкам во живи бои исто како што обожавам да се лакирам во живи бои. Шминката ја сметам како начин да се покаже индивидуалноста а не да се скријат сите работи што само ние ги приметуваме. Поради тоа некогаш се гледам себеси цела нашминкана (пудра, моливче, маскара, малку сенка, кармин или сјај), а некогаш без скоро ништо. И не користам туш ме нервира се држам до моливчето со кое сум неверојатно извежбана. Мрзам кога ќе видам лошо нашминкана девојка. Се освен сенката, моливчето и карминот не треба да се гледа толку и да се разликува од природната ти.
Користам шминка МНОГУ. И обожавам да изпробувам нови видови,нови изгледи...опсесија ми е. За школо секогаш ставам малку маскара и сјај + коректор ако имам потреба. За излегување користам креон,туш,маскара,сенки,пудра,кармин и сјај.
Сакам шминка,да. Но,немам некоја навика да се шминкам секој ден безразлика дали за на кафе,факултет,прошетка. За вечерно излегување обавезно се шминкам.
Во последно време се опседнав така малце повеќе почнав да барам пудри коректори што претходно не ми беше баш значи тоа е на моменти кога ќе ми текне .. Иначе ретко за на школо знам да ставам маскара или моливче и пудра ако имам некоја бубуличка. Повоочлива шминка имам само за свадба и други слични свечености .
Многу сакам шминка и стално купувам, ама не користам многу само малце пудра имам потреба некогаш, римел, некогаш туш и бронзер
Јас уште не сум почнала да се шминкам,но кога би почнала за на училиште би носела сјај/кармин во розеникава боја(не впетчатлива) и римел/туш.А за низ град + црн креон
Избегнувам шминка затоа што имам нежно лице и не би сакала да го упропастам .За денска шетња ставам само маскара,моливче,ептен тенок слој на пудра и кармин во нежна нијанса .Додека за вечерни излегувања знам да се нашминкам вообичаено смоуки ајс и црвен или бордо кармин . Дома кога сум си,нема теорија да седам со шминка на мене.
Не сакам шминка, ама морам да ја користам поради несовршености на лицето и проблеми со акни. не можам да се замислам без креон, малку пудра, римел и лабело или сјај. А за излегување само додавам сенка и наместо креон користам туш.
Многу ја обожавам шминката и често ја користев. Не сакам уште сега да си го уништувам лицето со шминка бидејќи ми е меко, па сега ставам и поретко, но и очите ме болат од шминката.Од туш и моливче најмногу ме болат, а од сенките не толку бидејќи кога ќе ставам сенка на очите се чувствувам исто и како да немам сенка. Сега си купив и вакви сенки и одлични се. А што е најважно и доста се мрсни.
И не сум баш некој шминка-фрик и користам поретко.. А купувам често... Некогаш ако имам некое мозолче излезено тогаш.. Бидејќи лицето ми е чисто освен црнки кај носот Ама не се примеќат така да ... Иначе си ја пронајдов пудрара што одговара на моето лице
многу сакам шминка. и сакам да си берам колекција од кармини, маскари, вештачки трепки, четки ама ретко ги користам. за на работа само пудра и руж. а кога ке си дојдам дома одма го чистам лицето. за викенди да, си се шминкам и тоа цееел саат обожавам
порано ич не користев, некогаш ретко пудра малку и маскара и толку сега почнав редовно да си се шминкам, некако ритуал ми е сабајле пред излегување ама и фино е некако, ептен женствено се осеќаш
не практикувам да се шминкам,скоро никогаш не сум нашминкана,освен за посебни пригоди..како полуматурата и матурата инаку, понекогаш знам да ставам пудра,маска и перли-стрикно еве по трет пат ќе се шминкам за апсолвентската
ретко се случувало да не се шминкам ама на периоди се случува-поминал рокот на маскарата, и скоро толку ми отекоа очите-најверојатно инфекција па малку паузирам од шминките деновиве
Шминка обожавам. За преку ден ставам само коректор,туш и маскара. A за навечер исто пудра туш маскара и кармин или црвен или бледо розов(исклучиво мат) зависно од приликата.
Многу ја обожавам и многу ја користам.Имам една камена пудра за покривање на пегите,5-6 сјај за усни,сенки-светло розева и бела и една маскара.Пудра и сенка ретко кога користам(користев за н.г,крштевката на братучет ми и кога се сликавме за алманах)но сјај и маскара секогаш кога излегувам,освен за во школо.
Ја обожавам,опсесија ми е...Нонстоп сакам да експериментирам со стилови бои итн. Со експериментирање си го пронајдов и најлесниот начин за да стигнам до перфектен изглед за помалку од половина час и ко ке немам време си одам на сигурно...Обожавам вештачки трепки,носам редовно а сепак луда сум по маскари што ми седат е така за џабе дури не му помини рокот....
Секој ден се шминкам, некогаш и за по дома Едноставно обожам да се вежбам и да пробувам нови ствари..