Ја одбегнувам најмногу што можам, посебно пудрата. Немам некоја желба за шминкање, а и незнам да се шминкам. Под "шминкање" не мислам на ставање пудра, маскара и сјај. Тоа секој го може па и јас. Едноставно не гледам потреба од секојдневна употреба. Е сега нормално има настани каде што си сакам и треба да сум си средена. За вечерни излегувања ставам онака малце пудра, маскара, лабело и толку. Со сенки незнам да се шминкам. А ако одам на свечености тогаш си одам на професионално шминкање. Според мене нема ништо поубаво од чиста кожа која може слободно да диши.
Искрено,сакам шминка. За излегување ставам малку пудра,маскара,креон и сјајче,а за секој ден само маскара и понекогаш пудра.
Се шминкам кога излегувам викенд или за некои посебни проходи иначе вака ставам по некогаш само маскара ..Сакам да сум нашминкана кога излегувам на викенд
Ретко се шминкам.Ако одам на некој посебни проходи тогаш кнап си сум нашминкана . Кога излегував в кафич ставав малце сенка маскара и сјајче и минимално пудра(мразам пудри).
Пудра никако. За излегување некогаш маскара(ако не заборавам) и некоја темна(темно црвена, виолетова..) боја на кармин.
Јас и шминка = Магаре и козметика. Не се шминкам. At all. Ma каква шминка, какви бакрачи. После Цацко ќе дојде навечер да ми ја извади. Се шминкам само кога треба да излезам на црвен тепих. Никогаш. Океј де, се шминкам можеби 6 пати во годината. Ама тогаш би дошло еднаш месечно. А тоа е премногу за мене. И ако се шминкам, под тоа се подразбира малку пудра и маскара. Ако и ја земам на сестра ми. Јас немам моја шминка. Да, да. И онака имам мали очи, не им личи сенка. А туш-НЕ ДАЈ БОЖЕ! Ќе ми се ушљакаат очите ненормално. А црното моливче уште повеќе ми ги смалува. Ама и без шминка јас си добивам елементи, дека ми се убави очите. (елемент=комплимент) Не се шминкам секојдневно. Дури ни на родендени. Ептеен ретко. А кога ќе се нашминкам (читај само маскара), ми стои 3 до 4 дена. И секој ден ќе ме прашаат: - Пак се шминкаше? А јас уствари не сум ја ни извадила, скроз сум заборавила дека имам шминка на мене. Па ќе влезам да си мијам коса... и после кога ќе излезам од веце, ко страшило. Цела ушмрљана. Битно лак на нокти мора да имам, па за другото... Зимоска ми распука устата и јас ја прашав мајка ми, што да и' ставам. Е, до толку сум заостаната. Немам ни лабело. Џабе ќе го купам, кога ќе го зашуткам негде и ќе го изгубам. А и + сум несмасна. Можам лесно да си ги протријам очите... и отиде шминката јабана.
Не ја користам секојневно.. Само за излегување или кога треба да дојде некој кај нас А и јас сум како Elennaa - толку сум несмасна што ќе си ставам маскара, и таман пред излегување ќе си ги протријам очите.. И потоа сум Дракула 2
Обожавам шминка, но ја користам умерено. Сакам да изледам убаво и се средувам. Пудричка, руж, маскара, нежно карминче за на кафе. За излегување може да додадам малку посилна боја на кармин и туш, сенка. Секојдневно шминкање избегнувам. Поубаво ми е на лицето кога немам ништо освен некоја нежна дневна крема. Но да бидам искрена, убаво ми е и со шминка, попривлечно се чувствувам.
обожавам шминка и секојдневно ја користам. Иако имам чисто лице неможам да се замислам без пудра, сепак имам подочњаци и неизедначен тен на лицето, носот ми е секогаш црвен исто и образите ми се малку по црвени од остатокот од лицето. Но гледам тоа да не излгледа вештачки на мене, користам пудри со по лесна текстура, некогаш ставам само крема или бб крема и врз нив поминувам со пудра во прав, тоа прави лицето да изгледа беспрекорно, нежно, мазно, со изедначен тен, не сјае и на допир е пре меко. Како воопшто ништо да немам ставено на лицето. Дневната шминка ми е многу нежна, скоро неприметлива, користам коректор, пудра - течна или во прав, маскара, нежно руменило, моливче или сенка во неутрална боја и нежен кармин или сјај. Летово ја исфрлив пудрата користам само бб крема и пудра во прав, одкога ќе се исончам ќе корисам само бронзер. Ноќната шминка ми е малку по јака, кармин во повпечатлива и по јака боја, очите со повеќе сенка, комбинирани бои, туш и по јако руменило, најчесто во некоја бронз нијанса. Имам премногу шминка, секогаш купувам нешто ново и експериментирам со нови производи. Сепак не ја користам шминката за да личам на кловн или пак на луѓето да им биде тешко да ме препознаат. Шминка не користам кога сум дома, за до комшии или до продавница и кога практикувам вежбање, спорт иако тоа вклучува поминување низ центар Шминка не користам и на плажа. Кога одам на одмор во несесерот имам само бронзер, маскара и карминче во некоја корална боичка. Бронзерот си го ставам и на очи како сенка, и на образ како руменило или на цело лице
Ја сакам но не користам тешка шминка, воглавно туш за очи и многу маскара чисто да си ги акцентирам очите. Инаку си купив неодамна цела палета со сенки.. уште стои нечепната. Ама уметник ко уметник ме бива за шминкање.
Воопшто не сакам шминка. Ниту од ќеф или нешто такво, ретко јас да се нашминкам. Едвај сосила за некакви прослави, веселби, свадби нешто. Прифатливи ми се само сенките, и тоа во мала количина.
Ја обожавам најмногу и ја користам секојдневно. Освен за време на викенди кога не излегувам од дома.Сметам дека тогаш треба малку лицето да диши хаха
Уште како мала кога тетка ми се шминкаше ќе седнев наземја и гледав како се шминка, секогаш и викав кога ќе пораснам и јас ќе се шминкам. Обожавам шминки, шминкање и постојано купувам ги трупам дома не трошам толку, колку што купувам. Не сум зависник па да неможам без шминка. Се шминкам само за вечерно излегување со другарки, друштво а ретко преку ден ептен треба да сум расположена
Не сум некој голем фан. Ја користам во минимални размери, само коректор, туш, римел и руж. Не трпам пудри, нити сенки во некои прејаки бои. Се водам по она - што поприродно тоа подобро.
Многу ја обожавам шминката. Откако започна летото, и не ставам многу често, но во секој случај си сакам и преферирам шминка. Како што кажав претходно сега е лето и не користам многу шминка. За дење воопшто не ставам, а за навечер кога - како, зависи од расположението и од пригодата Од шминка ставам пудра, маскара, креон, туш, лабело и понекогаш туш
Обожавам шминка. Но, секогаш преферирам поприроден изглед. Воопшто не сакам да се пластифицирам со многу шминки, а поготово ова младо лице да си го трујам со тешки, многу покривни пудри. Кога имам потреба од покривање, само на местата ставам коректор. И понекогаш за да не светам ќе ставам полесна камена пудра. Обично се шминкам многу едноставно, со креон или туш, сјај или кармин, маскара. Не можам да се замислам себеси со маска на лицето. Па дури ако некој има чисто лице, но со неизедначен тен и сл. мислам дека тука нема потреба од покривање. Таа несовршеност и природен изглед на моменти делуваат симпатично.