Се шминкам само кога излевам... А кога излевам?... Еднаш во годината... И само сјајче си ставам Некоја беше напишал и навистина е така
Во последно време се помалку..само за вечерно искачање ставам маскара,пудра малце колку да ги сокријам подочниците и карминче некое...наједноставно што може! Лицето не ми трпи баш многу шминка затоа и ја избегавам
Обожавам се што спаѓа во декоративна козметика,како девојка многу се шминкав и забегував и повеќе од што ми беше потребно едноставно морав секаква нијанса на кармин,сјај илишто год да е да го имам Секоја нова излезена маскара сакав да ја испробам ако ја немав ќе си пукнев од мака И тоа да,мораше да биде од најскапите иако не е се во цената ама тогаш бубашки ми летаа во главата. Неколку години уназад сакам да купувам сеуште шминки но пред се органски,се трудам колку мошам барем пудрата и руменилото да ми бидат,зошто што се ставаат од конзерванси на човек и ќе му омрзне да се шминка
Обожавам шминка,поголемо задоволство ми е да си купам шминка,отколку некое парче облека. Секогаш излегувам нашминкана,освен на лето преку ден ,тогаш само крем за лице,маскара ставам(не баш секогаш) и лабело.
Во последно време почнав почесто да ја користам, ништо посебно пудра, руменило, маскара и некогаш карминче. Само маскара да се стави многу поубаво е за изглед и затоа. Инаку ако одам некаде од сабајле на факултет и сл. ретко се шминкам, ми се спие )
Се шминкам кога излегувам од дома. На факултет или денски се шминкам минимално само пудра, руменило, маскара и кога како креонче. А за вечер ако е кафич или нешто слично појака шминка со сенка, а на кафенце исто како и денски.
Од дете сакам шминка многу често си ја почастувам душичката со некоја добра шминка ги имам во сите бои.Користам на фломар,боржуа имам и од авон но не сум задоволна треба повеке да нанесеш за да се познава.Имам купено подлога за шминка од авон и одлична е стои шминката подолго време и не се размачкува.Сега ми треба некоја убава бела-мат шминка да не е светкава или како вар.Препорачајте нешто.
Не се шминкам баш секој ден. Но, најчесто е тоа малку пудра, сјај и маскара. Ама еднаш неделно сигурно ќе ме пукне нешто, па ќе ставам сенка и руменило Зависи од расположение.
Многу сакам шминка и често сум нашминкана. Ретко кога да помине цел ден без да ставам било што од шминка
Јас сум и прородно многу убава така да преку дента не се шминкам ретко ретко кога некогаш ќе клам малце маскара иначе немам потреба и од тоа затоа што имам многу убави долги и густи трепки... малце се шминкам за излегување но не упадливо и никогаш еден тон шминка, секогаш сакам да ја покажам природната убавина. не се шминкам баш секогаш за ноќно излегување само тогаш кога знам дека ќе одиме негде а и без шминка сум перфектна.
Koга излегувам со другарките на кафе само се шминкам, малку маскара и бело моливче, ставам и малку сјај. Секој ден не се шминкам, се чувствувам некако како замаскирана со шминка, како да ми тежи на лице и кога сум нашминкана едвај чекам да ја извадам, не можам да ја истрпам.
Во последно време ептен станав опседната со шминка. Купувам шминка, се напнав со туторијали, си досадив сама на себе На периоди- некогаш ептен ме мрзи и се шминкам од што ете морам, да не исплашам некого, а некогаш со огромен мерак
И јас исто. Некогаш ме мрзи и маскара само да ставам, а некогаш сум заразена со туторијали, купувам шминки, четки и се шминкам секогаш кога ќе ми се даде можност за излегување или некоја забава.