Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шминка - колку ја обожавате и колку ја користите?

Дискусија во 'Лице' започната од doll, 15 декември 2009.

  1. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.007
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    За излегување без разлика дали за преку ден или навечер се шминкам и обично ставам , коректор, пудра, руменило, моливче, малку црна сенка и маскара :lol:
     
  2. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    12.678
    Пол:
    Женски
    Ја сакам шминката, но во онаа мера што кога е нанесена да не се губат целосно природните црти на лицето.

    Лично јас, не користам.Преку ден, ништо.За навечер кафени нијанси на сенка+маскара и/или кафен кармин.Пудра не користам, само коректор ако треба да скријам некоја акна.

    Омилен ми е темно црвениот кармин, ама ептен ретко носам (за свечености).
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.673
    Допаѓања:
    6.562
    Многу ретко се шминкам, најчесто зошто немам време или не сакам да се задржувам шминкајќи се пред да излезам некаде. А и ме мрзи да ја вадам шминката после, а ми тежи на лице. :|
    Како и да е, сепак мислам дека голо лице е најубаво, сакам да си ја покажувам природната убавина, макар имала и најголеми подочници. :D

    Кога веќе се шминкам, најчесто ставам ББ крем, римел и понекогаш ги пополнувам веѓите. Варијации на ова може да бидат ако додадам руж и ставам некој кармин. Во принцип, обожавам темни и кармини во специфични нијанси, како сини, црни и виолетови. Сенка и туш не ставам зошто не знам да ги ставам, а и мислам дека не ми стојат.

    Ама, сепак се воодушевувам на убаво нашминкана и средена девојка, но во некои несекојдневни нијанси на кармин и сенка, зошто денес повеќето девојки ми се ко извадени од калап во однос на шминката.
     
  4. Sunflower95

    Sunflower95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јас не можам да излезам без шминка, сакам средена да сум си секогаш.
    преку ден не толку со сенки со руж, ама пудра,римел,веѓите обавезно :D
     
  5. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    550
    Пол:
    Женски
    Ретко се шминкам и несакам да се шминкам дека кога се шминкам ме чешаат очите,образите,устата се ме чеша
     
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Не обожувам многу шминка и ретко ја користам.
    Комплетен изглед на лицето преферирам исклучително за некоја пригода. Секојдневната рутина ми е константен избор од Цц крем, коректор, маскара, молив и неутрална боја на кармин. Ако не би имала потреба да го покријам црвенилото на образите, сигурно и овие производи не би ги користела до степен на неизбежна постапка.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.117
    Допаѓања:
    36.324
    Пол:
    Женски
    Избегнувам да се шминкам. За излегување пудра, кармин/сјај и маскара. Ретко сенка и моливче.
     
  8. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.373
    Допаѓања:
    20.959
    Пол:
    Женски
    Сакам шминка, обожавам да купувам ама најчесто ме мрзи да седнам асално да се нашминкам.
     
  9. s.w-e.e-t.y

    s.w-e.e-t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    432
    Здраво девојки.
    Можеби ја утнав темата, но не знаев каде да пишам...веројатно ќе ви биде чудно, но имам 22 години и досега не сум користела шминка за преку ден воопшто а кога излегувам навечер ме шминкаат други. Е сега морам да почнам да користам пудра за да ги прикријам флеките што ги имам на лицето, па ме интересира како треба да се шминкам за преку ден, што треба да користам? Дали со пудрата задолжително мора руж или не? Ви благодарам :*
     
  10. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.642
    Допаѓања:
    45.042
    Пол:
    Женски
    Како најосновни работи користи си некоја полесна пудра за преку ден, маскара, и некој нежен сјај за усни или кармин. Руж или бронзер можеш минимално, не премногу. :)
     
    На s.w-e.e-t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    И преку ден, и навечер, секогаш сакам да сум средена и со light шминка, моливче, сенка, маскара, руменило и кармин. Обожавам!
     
    На Srekicka3, Недопирлива5, KuklickaMoja и 3 други им се допаѓа ова.
  12. en5

    en5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.740
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум нашминкана. Обожавам шминка. :inlove:
     
  13. Unicornus

    Unicornus Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2019
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    1.268
    Пол:
    Женски
    Се шминкам скоро секој ден, но ќе гледам повеќе да го одморам лицето периодов.
     
  14. Pipaa

    Pipaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Ретко се шминкам иако купувам шминки да ги имам
     
    На Ouravanture му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ouravanture

    Ouravanture Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    672
    Пол:
    Женски
    Некогаш знам да се шминкам за на работа а општо не.
    Не сум многу по шминка.
     
  16. monika1997

    monika1997 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Носам нежна шминка за секој ден (маскара, коректор, кармин), а повеќе ретко се шминкам, за излегувања само или некои поводи.
     
  17. marsilia

    marsilia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2023
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    2.515
    Пол:
    Женски
    Се шминкам секој ден уште од тинејџерските денови. Купувањето шминки и шминкањето ми е една од омилените активности во животот. :$:makeup: