Не ги сфаќам девојките кога ме убедуваат дека тие самите или некоја друга девојка е поубава без шминка! Тоа не ми влегува во глава, несфатливо ми е како девојка во својот несесер нема барем пудра, моливче, маскара и сјајче. Па не е многу, нели? Јас лично обожавам да се шминкам, си го знам лицето и цртите до совршенство, знам да се нашминкам себе, но не и други. Ми се чудат, ама така е. Важно знам да се суредам себе. Без пудра само по дома Знам да си ставам туш, секаков вид на сенки, можам да направам и комбинација од 3-4 бои, а да не изгледа нападно, сакам најмногу црна шминка, земјени тонови - зелена (ми одговара со очите),кафеава, окер... Без црно моливче никаде. Си се држам до универзалното правило - ако ги истакнуваш очите, усните нека се неутрални и обратно, ако ставаш некој јак кармин или сјај, очите нека се ненападни, само со маскара и малку моливче. Сепак се решавам за првата варијанта, секогаш очите ми се подраматично нашминкани, и повеќе сакам бледо розеви, месо боја или нежни, проѕирни сјајчиња. Порано не сакав руменило, сега не можам да се замислам без него, меѓутоа е бледо розево или светло кафеаво, минимално и ненападно. Не ми треба многу време да се средам, зависи ако ставам и туш и трепки (научив да си ставам за специјални прилики вештачки, ама не се познаваат воопшто и сум многу среќна), најмногу до 20 минути.
еее..трендафилка да видиш кај нас девојките во град колку се унсени оние кои се прават некој “џет сет“дека се поубави без шминка,и си стават само кремче и сјаче...и секој недостаток му се забележува,ако мене ми одговара така покрај нив ние со шминката се истакнуваме
^^^Се согласувам со твојата прва реченица. Не дека секогаш сум нашминкана, ме фатиле и периоди кога ич не ставам ништо на мене, ама кога ќе се видам средена и дотерана, зрачам од среќа. Шминката ако е добро извежбана и складна на тебе, никогаш нема да те доведе до ситуација да не бидеш убава. Само ти помага на впечатокот. Истакнува. Ама пак ќе повторам-само ако е ненападна, добро скроена на тебе, без кичерајски глупости и претерување.
Епа нека им е со среќа! И јас имам другарки што не ставаат ниту пудра, па после, ама зошто не ме гледа никој, ама вака, ама онака.... Мене другари што ќе речеш еве машки не забележуваат и не се заморуваат околу тоа. ми признале дека им е грозно кога ќе видат девојка со подочњаци до колена. Самите ми рекле, де бре толку ли е скапа една пудра и коректор??? Ама на кого да објаснуваш, они си знаат
Абе еве јас не ставам пудра (многу ретко тоа) пошо не се осеќам „комотно“, можеби е тоа зашто и не сум навикната, не знам. Ама за друго, масакара обавезно имам на себе и сјајче или лабело некое кое остава јака боја.
Абе добро да не ставаш често ако имаш стакло лице разбирам, ама има некои со мозолчињата вцрвенати, со црнките напрчени, кожата мрсна-да свети и не ставаат никаква шминка на себе-поубави биле женските природни. Е како така? Да ти се згрози кога ќе ги видиш.
И јас не ставам пудра. Фала богу ми е чисто лицето, па немам потреба. Да имав цело лице дупки и да ми требаше пудра нормално дека ќе ставав да изгледам како човек. Вака ми е супер со едно креонче и сјајче чат пат.
За преку ден ставам ептен малку пудра, црно моливче, маскара и сјај за усни и изгледот ми е сосема природен. Додека пак за вечерните излегувања ставам повпечатлива шминка И мислам дека секоја девојка мора барем малку да користи шминка (впечатокот е поубав во секој случај), секако мора да се внимава најпрво на пригодата, па да се вклопи и make up ot
za preku den koristam samo rimel i molivce iako mi go snemuva za eden saat nemozam asalno da najdam noo takva sum ne koristam mn sminka se sminkam samo vikend nezno tecna pudra,molivce, senka i toa karmini i ne obozavam mnogu se gadam od niv neznam zosto nemozam da koristam,a koga vleguvam vo parfimerija nemozam da odoleam da ne si kupam nesto neseserot nemise zatvara od gluposti noo sepak ne koristam se najveke sakam pin-up look nekogas i smokey eyes daj predlozete ubavo kvalitetno molivce sto stoi dolgo a ne da se rastekuva i da go odnemuva
Имам огромен несесер дома со најразлични шминки, од течни камени пудри, сенки, сјаеви, руж во триста нијанси, лакови, четки... Летно време носам многу лесна, минимална шминка, за разлика од зимно време кога си дозволувам да ставам повеќе. Имам чисто лице, немам потреба од којзнае колку шминка, ама посигурно и посамоуверено се чувствувам кога имам ставено барем коректор. Исто така различно се шминкам за вечерно и дневно излегување. За вечерно излегување знам да ставам и малку поагресивна и појака шминка на очите
Имам 15 и пол години и воопшто не користам шминка. Евентуално за излегување може да ставам моливче за очи малку сјајче на усните и тоа е тоа. Мислам дека нема потреба да се шминкам
Шминка сакам, ама за преку ден многу дискретно се шминкам. Значи пудра, римел, руж и понекогаш некоја дискретна сенка. За навечер во зависност од местото на излегување ставам и креон, појака сенка што одговара на облеката и некој понеутрален кармин или сјај за усни. Многу ретко ставам јак кармин некако не си се допаѓам со јак кармин
па добро бе бог да чува, па немаат сите чисто лице... нормално дека не треба претерување со шминката за денски излегувања, ама сепак немозиш да излезиш како што си станал, исто како воопшто да не обрнуваш внимание...
јас сакам, обожавам убаво нашминкана девојка, со засенчани очи,римел, руж и сјај на уста, ама за навечер. А ги почитувам и девојките кои се шминкаат малку, затоа што она што е природно убаво, убаво е со и без шминка. Значи сакам шминка, ама умерно, кога служи за разубавување, а не за целосна промена на лицето. Преку ден не се шминкам, ставам само малку руж и римел. За навечер,ставам туш, а многу ретко и сенки.
не можам да се замислам без шминка каде и да одам се шминкам најчесто користам течна пудра камена римел моливче за очи и кармин а сенки поретко користам
Не сум некој љубител на шминкањето.Значи не се шминкам за школо,денски ако излезам на кафе или навечер на кафе.Се шминкам ете ако евентуално сум дотерана,па шминката да не е изоставена.Пудра ставав оваа зима од причини што имав мозолчиња и тоа ставав само за излегување.Се придржувам кон она природно си е природно.И ова да додадам кога се шминкам тоа не е во некој нападни бои,туку ставам понежни нијанси на очи,а на усни редам кармин малку како црвенкаст- не џиш бидејќи имам многу бледа уста.
Преку ден обично користам римел и креон со комбинација на двобојно сиво-бело моливче.За навечер практикувам нежна шминка,не сум љубител на нападна шминка сметам дека не ми прилега нападна шминка.
јас се шминкам само кога одам на свадба! Инаку ставам само моливче на очи и заминувам! Повеќе ја сакам природната убавина, а исто и дечко ми!