да имаш право ги има и такви но некои се поубави и без шминка доколку си се средени но те сфатив на кои мислиш тие таквите не ни личат на девојчиња али тоа си е нивно
За секојдневно сакам нежна шминка.Не користам пудра,само коректор.Исто така користам римел,креон,перли и сјајче.Креонот го нанесувам на краевите,најмногу ми се допаѓа така. За навечер ги користам истиве ствари и плус пудра и сенки.Обожавам црно-бели нијанси.
уживам да се шминкам.Само во недела не се шминкам тој ден сакам да си го одморам лицето. Од свои 13 14 год се шминкам.На лицето течно пудро па во прав и на крај малку руменило.На очите бојата на шминката ми е обавезно како гардеробота на пр сина блуза сина сенка црн креон маскара и месо боја кармин.можам со саати да седам пред огледалото.Кога не сум нашминкана како очи да не сум се измила.
Се шминкам за излегување и тоа знам да се средам А за на училиште ставам малку пудра (ама само малку) моливче, маскара и сјај. Сенки и ред др раб не ги практикувам за на училиште.
Шминката е убава ако не се претерува со неа. Јас не ја обожавам нешто многу, ама си користам барем основна шминка за излегување, било да е денско или вечерно. Немам проблематично лице, па користам само лесна течна пудра за под очите и евентуално ако имам некое црвенило или флекичка па да мора да се покрие. Моливче за очи обавезно (црно, зелено, кафеаво, лила), маскара, малку руменило и лабело/сјај - тоа ми е основата. А појака шминка практикувам навечер, или пак за посебни пригоди, како мојата свадба, кога бев најнашминкана досега, и пак личев на себе (што ми беше многу важно). Кога бев на факултет, се чудев како некој може да станува ептен рано и да се шминка туто комплето, само за на предавања и вежби. А бе разбирам, треба да си средена, особено за на вежби кога сепак имаш контакти со пациенти, ама ова беше too much! Значи од коректори, течни до камени пудри, нијансирани сенки, тушеви и маскари, со заруменети образи од неколку кила перли, па се до некој нападен кармин - и сето тоа во 7:00 наутро?! Сигурно ако ги видев без шминка, немаше да ги препознаам - и тоа и ми се случило. Проаѓа колешка (без шминка) и ме поздравува, јас како теле ја гледам и се чудам која е - значи шминката чуда прави! Не ми се допаѓа ни кога ќе видам тетки и баби над 50 години со некоја тешка шминка - кај има брчки, па уште со шминката ги потенцира. Се знае дека на тие години треба понежна, помалку нападна шминка, ама за жал, тие изгледа не го сфаќаат тоа, па упорно си продолжуваат со тој филм на тешка шминка, мислејќи дека така изгледаат помлади, а всушност се смешни. Во принцип сакам кога ќе видам средени девојки, ама природната убавина не ми пречи. Младоста и насмевката е најубавата шминка што ја имаме!
Леле, Annath, и јас сум една од тие во 7 сабајле со се се. И секоја вечер си викам „утре не се шминкам“, штом станувам си викам „малку само, да не одам на работа бејби фејс„, и кога ќе завршам се гледа дека ништо не сум испуштила. Цел живот сум по шминките, и козметиката воопшто. За облека ќе се позамислам, ама за козметика не штедам. Уживам во тоа. Станувам 1 час порано, нес, цигарчиња, шминките и уживам. Ќе се обидам да запамтам ова што го напиша за бабите, ако не ме фати старачка склероза, па да не се шминкам, да не ми се смеат децата на улица.
Секој ден ставам пудра, креон, маскара. Само од пудрата имам чувство дека ми е изморено лицето. Од утро до вечер сум со шминка и почна навистина да ми пречи. Истата шминка ја користам и за вечерни излегувања, може понекогаш да додадам туш, малку сенка и руменило(коа ќе види човек се, меѓутоа се е мн минимално, и не е нападно,мразам многу шминка). И јас сум од тие што им се чудев на некои девојки кои стануваат рано наутро за да се нашминкат, но еве и мене ме снајде истото Не дека морам ама едноставно поубаво се осеќам кога сум средена. Искрено ми се допаѓаат жени кои обрнуваат внимание на својот изглед, па и така личи.
се шминкам само за излегување,денски си ставам коректорче и малку пудра колку да си ги покријам подочњаците (си ги мразам) и римел ОБАВЕЗНО сакам нашминкани и средени жени но не со цело шише пудра на нив.не сакам сенки,не знам дали мене зашто не ми стојат појма немам ама не ми се бендисува. многу ми се свиѓа туш како стои ,ама јас никако не научив да си ставам
За на школо користам маскара, пудра и креонче а за излегување ставам појака шминка ама без неа нигде. Дури и да имам само 5 минути јас ќе ги искористам да ставам пудра и маскара. Можеби затоа што никогаш не сум имала чисто лице
Имам едно прашање за кое не пронајдов одговор на форумов: Какви четки за шминка користите ??? Јас си имам најдено во Cosmo неколку што ми одговараат (цените им беа по околу 100 денари), но гледајќи ги сите оние туторијали на youtube сфатив дека ми требаат повеќе, но никаде не можам да најдам. Има во Cosmo од Max Factor (мислам) единечни четки, но чинат околу 400-500 денари една. Па не ми се даваат толку пари сега .. Дали воопшто има во Скопјево ефикасни а ефтини четки ??
Да, и јас го имам истиов проблем, не можам никаде да најдам убави четки за шминкање. Иначе во врска со темата, мислам дека сум зависна од шминкање. Скоро секогаш имам мејк ап на мене, но секако во нормални количини. Дневната и вечерната шминка ми се скоро исти, со мали појачувања на вечерната.
совршена денска шминка за мене е убаво измазнето покриено лице добра маскара квалитетен сјај (да не ставам на секој 15мин) и некое екстра сјајно убаво руменило ова користам сакам денски да сум што по свежа и поприродна и го почитувам природниот изглед вечерна шминка оди во додадок на ова убави трајни сенки на авон ми се феноменални 4бојните сенки тие гу употребувам мн.ретко користам шминка јака затоа што не ми седи имам детска фаца и ми велат мн.сум слатка со малку шминка колку да ми се истакнат цртите
Ефикасни а ефтини кај нас нема. Нема никаде на др место затоа што четките се од 15 евра па нагоре дури за најмалите..катастрофа !! По ова испаѓа дека нашиве од 400 па нагоре се ефтини. Јас имам на Гош и Радиант и сум мн задоволна супер се и вредат за парите зашто траат со години.
тенок слој теЧна пудра потоа камена моливЧе за веги моливце за оЧи од ESSENCE сенка златна или сива и бела најЧесто тие ги користам од макс фактор маскара од MAYBELLINE малку руз од алверде и сјај за усни илин кармин од колекцијата GIRLS NIGHT OUT ки купив кога бев на брод интересни мислев детски се
И јас сакам некои стварно добри четки..имате ли користено од четките на Авон?Јас имам само апликатори од Орифлејм и обични од комплети од некои сенки и една четкичка(ја купив околу 70 ден,добра е служи)и една четка за руж(обична). Инаку за шминка не ставам многу редовно,обично за секој ден маскара(многу) сјај и лабело(обавезно) За вечерна шминка:убаво покриено лице,добро изматирано,зависи од расположение за сенки-најмногу smokey eyes со сиви,розеви,виолетови тонови,креон црн и бел и маскара секако, а за усни малку розев или безбоен сјај.
Ми треба совет. сега сум на свадба и планирам преку дента да бидам во сиво црна комбинација, а вецерта во црвено црн фустан..Е сега што мислите како би требало да се нашминкам со каква шминка.Инаку имам кафеави очи...незнам дали црно сиво бела комбинација или некоја комбинација со кафена сенка..ве молам помагајте....
Мој совет ти е ако имаш мали очи никако да не се шминкаш со црно, а башка што и фустанот ти е црн. Ако ти се посветло кафени очите можеш да ставиш сива сенка, малку црно и да ги нагласиш очите со ајлајнер. Доколку се потемни и поголеми очите можеш смоуки ајс, но немој да претераш. Златно-бакарните сенки даваат посебен сјај на темно кафеавите очи, но во случајов не би ти одговарале со облеката.