Користам шминка и тоа редовно. Денски нормално поблага варијанта во однос на боите и начинот на шминкање. Пудра, сенка, моливче, руж, туш( го обожавам), маскара
Се шминкам секојдневно, дури можам да кажам дека без шминка не излегувам од дома! За преку ден најчесто ставам течна и компактна пудра, руж, зелено моливче (или црно), маскара и лабело! За вечерно излегување користам појака шминка и редовно си користам црна сенка и црн молив!
Скоро иста шминка користам и јас само со исклучок на тоа што не ставам многу руж и не користам зелено моливче,исклучиво црно!
за излегување обавезно и тоа не многу само течна пудра руж молив за очи маскара и сјајче и кога ќе имам време ставам малку и за на школо
ја сакам шминката имам два несесери преполни со моливи,маскари,сенки но не се многу шминкам само за викенд ја сакам дискретната шминка им завидувам на девојките кога ги гледам со руменило колку убаво и природо на некои изгледа но јас незнам каква боја ке ми одговара малку отидов офф се извинувам поздрав
Пааа сакам шминка а најмногу сум зависна и не можам без римел дефинитивно тоа ми е најомилениот предмет од шминки а исто така секојдневно користам течна пудра камена не толку често и креон по потреба а сјај за уста почесто а сенки практикувам мнооогу ретко некогаш ни за искачање не ставам сенка
Неможам да излезам од дома, а да не се нашминкам. Не обожавам нападна шминка дури ни за вечерни излегувања. Секојдневно ставам течна пудра, маскара, црно моливче и сјајче
Уште од мала многу сакав да се шминкам и од дома не излегувам без црно моливче, римел, пудра, руж, сјај, а за навечер ставам и сенка. Сакам понежно шминкање, не ми одговара многу нападно .
Обожавам шминки но не се шминкам секојдневно. За на училиште носам само коректор бидејќи имам големи подочници. За денска варијанта најчесто носам една светла сенка со неутрално и нормално моливче (кафено) маскара и нешто за усните. За навечер е друга приказна. Секакви нијански користам и најчесто во секој изглед имам една светликава нијанса (имам многу такви сенки). Уживам да експериментирам. Не користам течен ајлајнер или подлога бидејќи од нив лицето ме чеша. Осетливо ми е. А плус немам што да скријам. Имам само малку бруки и околу една до две акни но сите ми се на челото и покриени со шишки.
Секојдневно сум сп шминка, според мене тоа е рутина. Убаво ми е кога гледам средени, нашминкани девојки во мојата околина, се разбира не нападно. Моето мото е ЌЕ СЕ ШМИНКАМ ДУР НЕ СЕ ЗБРЧКАМ
Ниту ја обожавам, ниту сакам постојано да ја имам на мене. Секогаш се трудам ако ставам веќе нешто, да биде што по ненападно. Да, ми се допаѓа да гледам убаво нашминкани девојки, како кукли се, но едноставно на мене не сакам. Мајка ми мнооогу се нервира за ова
Шминка користам ретко, за излегување и понекогаш кога сум расположена за на факултет. Но секогаш е ненападна,не сакам да изгледам вештачки.
Мразам шминка! Значи смрт ми е кога треба да се нашминкам и затоа избегнувам. До скоро и немав шминки, крем, лабело и римел беа моите шминки ама се опремив малку пред скоро време. Бидејќи сум слабокрвна и секогаш бледа ако не се нашминкам сум како дух и сите мислат дека сум болна, затоа малку течна пудра римелче, и руж за на работа за да ги избегнам сите прашања во врска со моето здравје. За излегување исто, понекогаш користам и црн креон имам зелени очи па ми стои убаво. Но во главно шминка не сакам
Сакам шминка и ја користам,ама ништо нападно. Крема како основа,пудра,моливче за очи(црно или зелено),маскара и карминче месо боја или лабело. Перли пробав да ставам,ама јас не си се бендисувам како ми стојат и сега не ставам.Туш убаво ми стои на очите,ама само кога други ќе ми стават,оти јас не знам да си ставам(а не се ни потрудив да се научам фала богу) Сенка повеќе ставав во средно,сега некако многу ретко и тоа е најчесто црно-сива комбинација кога ставам,секако навечер.
И јас не излегувам од дома без шминка (се разбира не мислам на и кога треба да одам до продавница или до кај другарка од маало - тогаш не се замарам ) за на факултет , на кафе или било каде преку ден ставам течна пудра, молив, маскара, руж, лабело и одозгора сјај за навечер може да се нашминкам и со некои сенки, да искомбинирам нешто ( али никогаш со многу впечатливи и нападни бои, обично тоа се крем, кафеава, сива и такви слични бои. )
Многу сакам шминки Кога излегувам некаде во текот на неделата ставам пудра, руж, сјај и понекогаш римел. А кога излегувам за викенд навечер се шминкам нападно....пудра, руж, на очите ставам темно лила, темно кафеава или темно сива сенка (убаво исенчано) ,туш, многу римел и сјај на усните
додека бев средносколка кога бев прва смена станував у 4 сабајле да се насминкам,знаЧи не одев никаде без сминка и дома со сминка,ако не многу обавезно ке имав маскара и црвен кармин еве веке 2 години не сум опседната и гледам дека дури кожата ми има др сјај сега не ја користам толку секако кога излегувам и дома може некад маскара да ставам природно си е природно
Сакам шминка ама не многу нападна! ѓ За секој ден крема како подлога, пудра ( а понекогаш и не, чисто лице имам ) , римел и лабело или сјајче! За вечерна шмина малце поише али тоа е тоа у принцип....само додаток коректор, пудра, римел, црно моливче или сенка,руменило, сјај! Натинг спешл!