Сакам шминкање, ама посакувам да имав поголем талент за тоа. Се шминкам едноставно. Пудра, сенка, моливче, римел, руж и сјај за уста. За на работа обавезно и излегување навечер гледам да е појака. Во други случаеви во зависност од расположението, ама дефинитивно поубаво се чувствувам која ја имам на мене
Мила зависи каква кафена сенка за очи користиш. Ти ги препорачувам Менхетен и Дебора, навистина се прекрасни. На Дебора сенките и целата козметика е поскапа но и квалитетна, користам и сенки и маскара и моливче за очи, а и Менхетен се супер, сум ги пробала и нив (оние три сенки) што одговараат една со друга. Или пак тркни до некоја од парфимерииве па пробај од тестери што би ти одговарало најмногу па купи си.
уШте од малецка многу сакав да ме Шминкаат, дури и една сосетка Што зивее над мене ме ШминкаШе поцесто а во трета година на пракса кога бевме им бев омилена занимација на моите соуценицки, само ми ја пеглаа косата, ми ги цупкаа вегјите, ме сминкаа и до ден денес мноооогуууу сакам да сум си секогаШ средена, а воопШто е користам пудра-како подлога на сминката користам крема од камилица, па сенка на оците, маскара, малку карминце, руз, секако во граници на нормала, и секогас користам розев кармин, есо боја, или златест, а понекогаШ кафеав, а од сенките користам сина, сива, виолетова, златеста, а по некогаШ и моливцинја во истите бои, розево руменило, и црна маскара за цуствителни оци, а за излегуванје потемни сенки, и секако црно моливце [mod-tekst:1h0npmc8][/mod-tekst:1h0npmc8]
Во моите тинејџерски години ја користев шминката дури и повеќе од потребното, ама младост - лудост. Кога ќе се нашминкав што да ви кажувам ...како лампион, ех пубертет, тоа е. Сега преку ден не се шминкам, ако одам некаде може да ставам само коректор или малку течна пудра и сјајче. Ако одам некаде ( искачање, родендени, разни поводи ) се шминкам ама не премногу нападно. Сакам суптилна но сепак забележлива шминка.
Преку ден кога сум расположена малку коректор,маскара и балзам за усни..ништо повеке а понекогаш и НИШТО
Значи обожавам шминкање, односно обожавам да експериментирам со шминката, да направам нешто мое. Најмногу сум задоволна кога шминката ми излага совршено, е тогаш ите како си се гордеам Не поседувам многу шминка, но мислам дека имам доволно за еден изглед каков им треба на младите. Не користам пудра зашто мислам дека имам доволно убаво и чисто лице, а знам дека од пудрата може само полошо да си направам на лицето па така сега за сега не користам. Кога ќе ми притреба, ќе почнам со користење, но сега, барем од тоа сум ослободена
Шминка,шминка,шминкааааа....Без јадење можам ама без неа не,длабоко вгнездена навика ми е.МНОГУМИНА,или скоро сите ми имат кажано дека имам талент за шминкање,сум шминкала девојки за алманаци и таблоа,тоа сигурно е нешто.Друго,пренападно се шминкам .И тоа исто,пуста навика.Знам да мешам сенки,да цртам прецизни линии,знам на кои лице што одговара уште кога ке го видам. А тоа ке биде и мојата професија се надевам.
Сметам дека воопшто не би се шминкала секој ден доколку имав мазно и здраво лице. Од тие причини, пудра ставам секој ден, дури и за до пазар... За на училиште ставам повторно пудра и малку маскара. За обични излегувања - пудра, маскара и туш. А за несекојдневни настани (родендени,забави,венчавки и слично) ме шминка сестра ми
Не користам, сто пати поубава сум природна, без шминка, зашто кога ставам сенка или кармин ко страшило некое сум. Кога ставам (мноогу ретко) ми стои само да си ставам нежно сјајче или лабело и малку римел. Ништо повеќе.
ја обожавам козметиката и често ја користам за на кафе ставам пудра ,римел и карминче додека за излегување појака шминка се разбира сенки.креон римел ,пудра,руменило и кармин во потемна боја и морам да кажам дека повеќе време го следам блогот sminkerica.com и neseser.hr повеке блогерки се изјаснуват за производите кои ние ги користиме се е со слика како и коментари на други луѓе кои ги користеле производите
Сакам шминка и ме бива да се нашминкам но тоа го правам ретко. За излегување и за некои побитни сосотаноци на работа. Наутро ако имам видливи недостатоци на лицето ставам или течна или камена пудра и евентуално маскара во зависност од тоа колку имам време . Но од пред некој ден кога испофрлив еден куп скоро нови сенки со поминат рок решив-се шминкам секој ден! :geek:
За училиште ставам пудра, римел и креон , за кафе исто само понекогаш и руменило, а за излегување плус сенки и туш ставам. Најчесто користам сива сенка. Ама без шминка подалеку од до маркет не излегувам. Не се чувствувам убаво.
Шминката ја сакам, но во одредени количини. Многу помага во одредени услови за покривање на некои привремени недостатоци (особено пудрата), а и во екстремни случаеви кога го менува целиот изглед на личноста. За секојдневна шминка сакам да биде подискретна, не многу нападна, а за вечерни излегувања сакам гламурозно(но не ептен нападно), фенси, модерно и елегантно. На училиште ставам само пудра и маалку римелче, за излегување во населба ставам истото + креон и туш, за излегување во град + руж и сенка, а за особени пригоди (свадби и сл.) ставам по малку и светки.
Во врска со шминкањето,секогаш кога излегувам од дома сакам да си бидем средена,да не изгледам како само што сум станала од спиење.Така да секојдневна шминка ми е пудра,руменило маскара и сјај,додека за вечерни излегувања додавам нежна сенка и туш.