Шминка според бојата на...

Дискусија во 'Лице' започната од Bitter-Sweet, 12 септември 2017.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    42.088
    Пол:
    Женски
    Не знам дали има ваква тема, досега во моите 7 години престој овде, немам забележано. :D

    Често слушам муабети за тоа какви нијанси на шминка одат со одредена боја на очи, на коса или на тенот. Јас баш и не се придржувам на тоа правило и користам најразлични нијанси, си ставам нешто по мој избор без да следам вакви правила, па понекогаш и погодувам комбинации, некогаш промашувам. :lol: На пример, имам зелени очи, кафеава коса и светол тен. Ретко користам сенки а кога ставам, ставам nude, кафеави нијанси. Имам ставано и розеви, сини и сиви. Од кармини, претежно сум на темни нијанси но користам и светли, исто така nude, бледо розеви или портокалови.
    Дали вие се придржувате до одредените нијанси или си ги менувате зависно од расположение? :D Па и пригода или сезона.
    На темата и ставив наслов ,,Шминка според бојата на...’ за да не го издолжувам и да пишувам „...според бојата на очите, косата и тенот“, но како модераторот мисли дека е соодветно, така нека биде. (ако заврши во канта тогаш веќе сеедно е како ќе биде) :D

    Еве некои правила за шминка според бојата на очите:
    За сини очи
    Сива, розева, сина, црна, тиркизна, сребрена
    За зелени и костенливи очи
    кафеава, беж, пурпурна, модрa, зелена, златна
    За кафеави очи
    бронзена, бакарна, шампањ боја, кафена, беж, зелена, портокалова, сина, розева
    За црни очи
    сина, златна, сива, беж
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Според бојата на косата:
    Црна:
    Руменило во розова или корална боја, доколку сенката е темна, препорачливо е усните да бидат во светла нијанса, а доколку сенката е светла, тогаш усните да бидат во темна боја.
    Кафеава:
    Руменило во корална боја, праска или портокалова. Препорачливи се сенки како бојата на косата. Посветла боја - посветли сенки, потемна коса - потемни сенки. Зависно за каква пригода станува збор, за гламурозен изглед добар избор се темно кафеава, темно сива или црна нијанса. Кога станува збор за бојата на карминот, идеален избор се темните нијанси но и корална боја и боја на праска.
    Руса:
    Руменило во боја на праска и розева боја. Сенка во нежни и светли бои, а исто такви бои и на кармин.
    Црвена:
    Руменило во боја на праска/кајсија, сенки во зелена боја или nude и светли нијанси на кармин.

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Според тенот:
    Светол тен
    Сенки во кафени нијанси, бордо, корални, розево, темно зелено.
    Темен тен

    Сини или зелени сенки, виолетови, бронзени, златна или сребрена.

    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
     
    На teteks, Victorian, krEM4Eto и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    10.835
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet
    Прекрасна тема! И навистина корисна ...
    Сметам дека сепак е важно според бојата на нашата коса, очи и тенот на кожата да ги избереме вистинските бои се со цел шминката да ни прилега најдобро што може.
    Сликите кои си ги постирала се навистина преубави и дефинитивно би ни послужиле на сите како инспирација кога следниот пат ќе се двоумиме околу боите и нијансите кога треба да бидеме убаво нашминкани :)
     
    На La.loca, teteks и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    18.354
    Пол:
    Женски
    Кафена коса и кафени очи имам. Светол тен. Практикувам нежни нуд нијанси најчесто да преовладуваат кафените.
    Исто за сенки сакам праска боја, а кармини нуд тонови, црвени, maroon боја или бордо и сите слични на нив.
    Ретко розови кармини користам, повеќе сјај во таа боја. А од сини, сиви сенки се откажав оддавно.
     
    На parksey, Petar80 и Briar Rose им се допаѓа ова.
  4. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    2.104
    Пол:
    Женски
    Да напоменам на светол тен и руса коса многу убаво стои сива сенка, па дури и без креон (маскара никако не ставам). Сивата боја уствари одговара на блед или бел тен без разлика на бојата на косата. Сега не користам шминки многу но порано уживав да експериментирам. Сега само колку толку истакнувам црти за одредени пригоди како свадба на пример.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  5. parksey

    parksey Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    јас со кафена коса кафени очи и светол тен користам најмн кафени нијанси (кои најубаво ми стојат) беж,виолетово и розево.Кога правам смоуки ајс пр со розево и црно ставам нркој бледо розев кармин.И за секојдневност ставам розев или кафен или ги мешам.Бордо ми стои прекрасно.
    Руж дефинитивно корална боја розев руж и тие нијанси ме прават ко кловен
     
    На hermosa и Briar Rose им се допаѓа ова.
  6. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Машки
    Значи немојте да зборувате глупости се знае жена плава коса ако има розев кармин и стои, црна коса ако има црвен кармин по добро е.
     
  7. parksey

    parksey Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    a ako kafena zensks saka da pravi smokey eyes i crnila okoli oci ke stava i crven karmin ke stava? i na so ke lici togas?
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    1.136
    Пол:
    Женски
    Па и за црна коса како што имам читано дека ако имаш појака шминка на очите, на усните сјај во розова или корална боја, а ако имаш понежна шминка на очите, тогаш треба црвен кармин. Плус има и моногу русокоси девојки и жени кои многу поубаво изгледаат со црвен кармин отколку со розов и обратно.
     
    На parksey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    47.169
    Пол:
    Женски
    ^ На мојот тен розев кармин не стои, а плава сум, со плави очи. Т.е. има некои нијанси што се океј, ама генерално не ми се допаѓа. Светлите ме прават многу бледа, потемните розеви изгледаат чудно. Корални не ми стојат бидејќи имам ладен подтон.
    Така што носам бордо, ладни црвени.

    За руменило, точно, и на тенот и на косата најубаво ми стојат корални нијанси.
     
    На IM.TMKQ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.789
    Пол:
    Женски
    Супер тема. Јас само не се согласувам со тоа дека кафеава сенка е за истакнување на кафеави очи. Воопшто не е. Кафеава е повеќе за зелени или сини. Вие со темни кафеави пробајте со зелена или сина сенка ќе видите колку поубаво делува :).
     
  11. parksey

    parksey Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    ne se soglasuvam.Sina senska na kafeni oci na nisto ne lici loso e osven ako ne sum model nekoj pa da nosam estravaganti fustani pa estravagantna sminka .Za zelna senka ne znam ne sum videla nit nosela.A kafenite nijansi osobeno svetlite topli nijansi se prekrasni i za svetlo kafeni i za temno kafeni oci.Violetova isto stoi top ama najtop na zeleni rozeva isto top stoi na zeleni
     
    На Elence93, IM.TMKQ, blonde_supergirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    41.438
    Пол:
    Женски
    Би додала за кафени очи и дека виолетова сенка/нијанси стојат преубаво. Тие, покрај нежно беж и розови нијанси, ми се омилени. Виолетови, со ладен подтон :)
     
    На Salome и parksey им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    14.993
    Допаѓања:
    72.592
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека на кафеави очи, баш не постои нијанса на сенка која не одговара. Сето останато е прашање на личен вкус.
    Мене најмногу ми се допаѓа како ми стојат кафеави сенки, песочни и земјени нијанси. Па дури и бордо, бордо-виолетови тонови, зелени. Сина сенка не ми се допаѓа како ми стои, сино моливче за очи малку на долниот дел од окото - да, иако со години немам ставено.
     
    На koritsaki и mode-kristina им се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.789
    Пол:
    Женски
    Не ти зборувам за сина онаква нападна. Имаш премногу сини нијанси кои стојат сто пати подобро. Јас имам темно кафеави речиси црни очи па кафеава сенка воопшто не носам. Очите изгледаат уморно, да не зборувам на што ќе личи под око ако се стави.
    Не знам зошто се форсира толку кафеавата сенка, изгледа дека поприродно делува.
    Како и да е мене не ми се допаѓа воопшто.
     
  15. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    5.664
    Допаѓања:
    87.836
    Не знам колку е точно тоа горе за повеќето луѓе, но јас имам кафена коса, со кафени очи, светол тен. Темни нијанси ми седат на очите, светли на устата, руменило и такви работи не користам, ептен ретко. Црвен кармин не ми стој, но темно црвен, накај бордо, темно лилаво - да.
     
    На Salome и parksey им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    13.656
    Допаѓања:
    78.527
    Пол:
    Женски
    Кој знае да шминка добро знае дека речиси сите бои му стојат на било кое око. Ако добро знае да ракува со сенките и четките може да се добие преубав изглед.
    Кој не знае ќе си бара избор на бои и ќе се обиде да го усоврши тоа.
    Се се учи, ако се сака.
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    12.452
    Допаѓања:
    63.937
    Пол:
    Женски
    Јас на црна коса и кафени очи , преферирам да користам кафени нијанси , маслинести , темно црвенкасти -лилјакови , а од сини - преферирам нешто потемно :) во внатрешноста на окото за поголеми очи - користам беж моливче , на кафени очи стои прекрасно. Од кармини , црвен , беж-кафен и лилјаков , најдобро ми стојат овие нијанси :)
     
    На Salome, parksey и Briar Rose им се допаѓа ова.
  18. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    9.694
    Пол:
    Женски
    Розева сенка стои ли на сини очи? Бринета сум и имам жолт подтон на кожата.
    Јас до сега претежно со кафени сенки се шминкам.Инаку бронзена сенка преубаво ги истакнува сините очи, посебно на сонце.
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    42.088
    Пол:
    Женски
    Да. :)
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dream-Girl

    Dream-Girl Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    7.560
    Допаѓања:
    78.981
    Пол:
    Женски
    Преубава тема :)
    Имам светло кафени очи и светол тен :)
    Ги користам повеќето пати овие наведените што се ама некогаш знам да направам и отстапки. Зависи од пригодата, бојата на облеката што ја носам, дали сакам понежен или понападен мејкап итн. :)

    Еве некои идеи за шминка што ми се свиѓаат за кафени очи :)

    40-eye-makeup-looks-for-brown-eyes.jpg
    79e093d602768ea703567c753961669d.jpg

    orig.jpg
     
    На Acka22 и Briar Rose им се допаѓа ова.