1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шминкери

Дискусија во 'Барање работа' започната од kim.k, 30 јануари 2016.

  1. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    До негде и двата муабети држат вода, па сега ќе треба да рачунам убаво :D
     
    На makgirl и velesanka им се допаѓа ова.
  2. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    Математикава тебе ко сложена да ти стои. Пудрата ако е 1000 денари, ти не му ја ставаш цело шише на клиентот (бар се надевам), Користиш од неа 1/100. А 1/100 од 1000 денари ти е 10 денари. Пресметај така за секој употребен производ плус труд(работна рака) и ќе дохдеш до цената. Метод трошоци плус. Многу лесно и едноставно
     
    На mssuniquee, marama, oblace1 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    Mn se izvinuvam no eve jas odam samo vo eden salon za sminka i frizura,sekogas koga odam ima 1 2 pred mene koga i da sedne nov klient sekogas nekako specificno go pipkaat za da vidat za kakov tip na koza se rab pa potoa pocnuvaat so rab,taka bese i so mene prvpat koga otidov
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Си имаш свое мислење го ценам тоа,немора да ме напаѓаш ако не се согласуваш.
    Пак ќе кажам најважно е да се држи кругот а за цената не е толку важно.
    Жалам што мислиш дека 1/1000 е 10 денари.Кога незнаеш не де базирај врз недокажани факти.Е има такви кои си бараат влакно во јајце,а не доживеале ништо.
    И си зборат нормално народ.
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Ама салон,тие имаат поминато курсеви.Јас нр би дала некој да ме допира по лице и тоа не е хигиенски,а за несовршености се гледа веднаш за тоа не се прашува.

    Се извинувам за мислењата едно по едно од таблет сум.
     
  6. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    каде прочита дека 1/1000 е 10? 1/100 од 1000 денари е 10. Или појасно да ти е 1000 денари подели со 100 ;)
    @buba4e89
     
    На Winter Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Воопшто немам што да поделам,си работев според мој принцип ти си се фатила за пудрата а забораваш дека има и други работи.
    Јас наплаќав 300 денари за почеток без пудра затоа што повеќето сакаа од своја да си користат,тоа беше супер за мене затоа што и немав пудри,почнав од најблиските па кругот се ширеше. И кажуваа дека шминкам за 300денари мене не ми пречеше затоа што реално и таа беше цената,нема зашто да лажам кај секоја различно.
    Потребно е:
    Четки
    Пудра сите нијанси
    Коректори
    Палети сенки
    Тушеви сите нијанси
    Моливи за усни и очи
    Бази
    Прајмер
    Хајлајтер
    Рушеви
    Камена пудра итн.многу други работи. Кои за жал во цената од 300денари не ги вклучив зашто не сакав да се форсирам ниту да се дигам.
    И незнам што ти смета на тебе ако шминкерот те праша или сака да оствари соработка со тебе.

    Се шминкав кај мејк ап Тина каде што ми нашлака пудра која за саат и пол ми падна,ни коректор ми стави ни база,требаше да биде шминка за табло по 2,3 сати изгледав ко светкав лампион.Ми наплати 500 денари за ништо,а самата 1000 пати подобро ќе се средев.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    @buba4e89 Ни читаш што е напишано, ни разбираш. Јас го објаснив методот трошоци плус(прогуглај ќе сфатиш можеби).
    И да, ниту ме знаеш, ниту ме познаваш така да полека со исказите како цитирам : "Кога не знаеш итн.."
     
    На Dgirlll му/ѝ се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Многу добро те разбирам и читам,жал ми е што си сфаќаш како ти одговара и ниту мене ме читаш воопшто што сакам да ти кажам.
    Си кажувам за мене општо и која беше цената плус.Реално сметам дека на Дадар шминка од 3000денари е премногу.За професионален шминкер да стави цена треба да биде запознаен со стандарсите во Македонија,кој колку може да одвои од џебот.
    Ама не разбираш што ти зборувам што сакам да ти кажам,и ќе прекратам тука.Што имав да кажам си кажав,секој си има свој метод на работа и тебе ако ти одговара ќе одиш,ако не ќе си го отвориш ќесето и ќе си платиш поскапо. И тоа е реалноста. Добра ноќ
     
  10. Dilay

    Dilay Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2015
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    извини @buba4e89 но сметам дека не си во право. Нормално дека девојка/жена што сака да почне да шминка, или пак да отвори свој козметички салон треба да има на располагање разновидна шминка, повеќе нијанси и слично, но, во цената која што ќе ја формира за клиентите треба да гледа колку од тие производи ќе употребува. Значи апсурдно ми е да ги вклучува во цената целокупниот асортиман на шминка што планира да го има во својот салон. Се согласувам дека цената треба да се прави според принципот трошоци+пари за рака(труд на тој што шминка )
    Инаку, сметам и дека при многу дискусии од ваков тип што имам читано, се наоѓаш увредено и имаш напаѓачки став. Се извинувам еве однапред ако грешам за тоа. Не коментирам обично, но еве сега да се најдам во муабетов :) Морав.


    Инаку, @kim.k сакам и тебе да ти одговорам во врска со твоето прашање околу тоа што би сакала,а што не од некој што ме шминка. Не приметив дека прашуваш за цена, па еве и на тебе едно извини што голем дел од мојот коментар/одговор ( како и да е ) е посветен на тоа.
    Првин, од личноста што ме шминка би очекувала голема професионалност и љубезност. Сметам дека тоа се двете нешта кои што се голем фактор во тоа дали ќе задржи некој клиенти или пак не. Потоа би сакала да можам да се препуштам некому, мислам да кажам сакам таква и таква шминка и да не морам на 5мин да се гледам на огледало дали тој/таа го прави тоа што го имам побарано ( ова може и да се смести во професионализам). Доколку имам мали очи, би сакала да знае како да се „игра“ со шминката за да визуелно ми направи да ми изгледаат поголеми, и сл. ( ова за очите ми беше само обичен пример ) Тоа би го сместила во еден вид на изоштрено око, кое е неопходно за ваков вид на работа.
    Не би сакала да ме шминкаат со шминка која што реално не би издржала на некои посвечени настани, притоа не мислам на ефтина шминка , да се разбереме, не мора да значи дека ако е поефтино од тип на импала молив за усти и сл, дека не вреди. Туку не би сакала да ме нашминка некој со молив од Лореал, а истиот да ми биде растечен по фацата по половина вечер.... итн, итн. Има многу работи на кои што треба да се внимава, но исто така би сакала да напоменам дека понекогаш и од грешките се учи. Секој почеток е тежок, и чекор по чекор секако, ако почнеш со ова, ќе стануваш се подобра.
    Затоа професионализмот и љубезноста ги ставив на мојата топ листа од must have, бидејќи еве, да дојдам да се шминкам кај тебе, и да ми утнеш кармин, или не знам што, а да ме имаш „тинтрано“ целото време додека си ме шминкала, и те како нема да ти замерам и пак ќе дојдам да ме шминкаш :)

    Тоа е се, еве трето извини на сите за мојот огроооомен пост :D
     
    На el3na, Alanna, Jordanovska-K и 5 други им се допаѓа ова.
  11. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    Se gleda ama mrsna koza koja sveti,a kombinirana retko koj moze da ja vidi,normalno ne dopiraat niz celoto lice i so seta dlanka pa da bide higienski ili ne higienski,toa se pravi da se vidi tip na koza
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    @Dilay воопшто немам напаѓачки став напротив си кажувам мислење,јас не набутував цени.Секој си кажува мислењее на свој начин,па така и јас.
    @butterfly* за тоа не сум знаела искрено.Кога бев модел кај една шминкерка учеше ученичка кај нејзе и шминкеркава и вели "таа има ситни очи" тоа беше прво што се фатија,не се фатија за кожата.И незнам како учеа,не ме прашаа за тип на кожа,ниту они коментираат пробно со импала беше. Друго е салон,а друго е дома што беше и во случајов.
     
  13. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.906
    Пол:
    Женски
    :handshake::*
     
  14. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    2.425
    Дадар е шминкер на "ѕвездите" и според нив си ја одредува цената. Секако, секој друг кој може да си плати оди.
    Во врска со @kim.k зборуваме за шминкер за т.н обични луѓе.

    Ако на свадба сакаш да ти пее ултра позната пејачка што пее по приватни свадби ќе си искешираш повеќе илјади евра.
    Ако се работи за бенд со пее по свадби ќе поминеш со 300.
    Така и со шминкерите и нивниот избор со каква клиентела ќе работат.
     
    На kim.k му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    81.317
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене.
    Сум била на курсеви. На едниот ништо не научив, а од другиот предобри техники.
    И двете се проф. шминкерки. Кај истите сум била и на шминка.
    Најпрво треба сама да видиш што пудра треба да се стави,но и да прашаш . (пошо еве ме мене ми е чисто лицето ,ама проблематично) јас кога се шминкам кај марга (шминкерка од охрид) ме прашува каква кожа имам. Што ми се бендисува и пак би одела кај неа. Жената знае да ти истакне фаца, да ти зголеми очи и тн.
    Познавам многу а и мене ми се деси да кажам каква кожа имам и да ми стават пудра по нивно. Јас таму никогаш не би одела!
    А ме нервираат и шминкерки кои се фалат по инстаграм по фб како сликаат,како имаат се и сешто ,во видеата шминкаат со професионални шминки, контури со точки,со се и сешто а кога ќе отидеш ни контур ни бутур не ти прават.
    Друго ми се има десено да си носам трепки мои и да ме вратат па од фиока вадат исти само со помал волумен.
    Пред се треба да си реална, кон сите да имаш исти однос, и на сите со сите техники да ги шминкаш , а не на едната контур на друга само пудра. А некои пак зимаат 100 ден плус за контур. Смешно бе.
    @kim.k ако ставаш цена стави една и не менувај после ќе губиш муштерии. (Сум правела нокти и шминкам) и тешко оде кревање на цена.
    А иначе јас веќе две години шминкам по дома, но не шминкам секој. Цена имам 400 без трепки.
    Исто така ме имаат прашано дали шминкам само очи (помали девојчиња) , што на почеток ми беше смешно но после се навикнав.
    Знам ти си од ск јас да сум како тебе со 500 би почнала. Имаш талент, искористи го. :*
     
    На larrachi, Juicy, el3na и 8 други им се допаѓа ова.
  16. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.008
    Допаѓања:
    34.178
    Пол:
    Женски
    На шминкер одам само кога сум на некои поголеми прослави.
    Пред се, на прво место што почитувам кај шминкер, е да поседува креативност.
    Сакам убаво да изгледам, затоа никогаш не бирам што сакам..само и кажувам на шминкерката што ќе имам облечено, и и препуштам во нејзини раце.
    Потоа, долготрајноста на шминката.
    Не мора да значи ако користиш квалитетна шминка дека таа ќе трае долготрајно ;)
    Така на пример братучедка ми и тетка ми, се зафркнаја за свадба. Отидоја во еден познат салон, квалитетни шминки и соленка цената, ама ко почна свадбата, за нецели три часа, шминката им ја снема.
    Додека оваа кај што одам освен квалитетна, и она ко што викате обична шминка користи, секогаш ме прави тип-топ и шминката не мрднува цел божји ден.
    Потоа љубезноста и на крај цената (која и не ми е толку битна, битно ми е да ми трае шминката и убоо да ме нашминка)
    Цената варира во тоа колку си познат.
    Оваа кај што идам од самиот почеток, почна со 300 , потоа преку мене кога ме гледаа по прославиве, и други девојчиња и жени закажуваа, па ја зголеми дури сега на 400.
    Кимке, не значи ако почнеш сега со 400 ден. на пример, дека не можеш да ја смениш цената за 100 ден плус или 200 ден, само постепено.
    Без оглед на цената, доколку самите муштерии се задоволни од тебе, не гледам причина оти да не продолжат да идат и доколку ја смениш малце цената.

    Со среќа :*:

    Едит:
    Пробав и кај друга шминкерка т.е комшивка моја. (оти шминкерката моја беше фул тој ден)
    Леле, ко дух ме направи ]:)..ем макс фактор користеше, ем не ми ни ја погоди бојата и за време на прославата цела бев шарена во лицето...:tmi: не се забележуваше толку, ама на слики..оо леле мајчице, чиниш Каспер во шарено издање бев :doh:
    Никогаш повеќе, не си ја мењавам за ништо шминкерката моја :inlove:
    Ова е едно мое незадоволство со една т.н "шминкерка" |(
     
    Последна измена: 31 јануари 2016
    На LollySky и kim.k им се допаѓа ова.
  17. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    @kim.k А не си размислила за опција најпрво да почнеш да работиш како шминкерка во некое студио? Да стекнеш рутина, работно искуство, да видиш што најмногу се троши, на лице место да си ја направиш математиката колку да инвестираш, што е неопходно, а што вишок? Попатно, да си стекнеш и клиенти кои доколку се задоволни сигурно понатаму би доаѓале кај тебе.
    Инаку на твое место не би шминкала со почетна цена од 300 денари со пудри како Ревлон. 500 би ми била пореална цена. :)
     
    На Jordanovska-K, LollySky, eloves и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.940
    Допаѓања:
    10.073
    @kim.k вака од слики што гледам имаш талент за шминкање, јас те поддржувам да се обидеш.
    Горе-доле си знаеш што треба да набавиш за шминкање. Супер што сакаш да почнеш да шминкаш со поквалитетни производи и од почеток да си ја фатиш работата како што треба. Така и ќе те запамтат луѓето по добро завршената работа, па ќе те препорачаат и на други, а и самите ќе ти дојдат пак.
    Мислам дека овие бизниси денес се многу исплатливи затоа што луѓето многу внимание обрнуваат на изглед, од коса, до нокти, шминка и тн. Па мислам дека квалитетот ќе исплива на површина во морето на неуспешни квази козметичари и шминкери.
    Најбитно е убаво да осмислиш како сакаш да го започнеш ова, да направиш еден бизнис-план. Ако почнуваш од дома тогаш да гледаш да ослободиш некој простор во собата што ќе го направиш да изгледа фино и пријатно, во рамките на она што можеш, без да трошиш многу финансии.
    Значи да ставиш некое убаво огледало/масиче, да поиграш малку со светлото, боите. Едноставно тој што ќе дојде да се почувствува пријатно. Сите непотребни работи, џиџи-миџи, би те советувала да ги тргнеш, барем кога ќе ти доаѓа некој на шминкање. Значи нека делува колку што може почисто, минималистички и професионално, без разлика што ќе биде дома.
    Друга работа, поработи на рекламирање, добра фотографија и акцентирање на квалитетите. Нашминкај неколку другарки за почеток, стави ги на добро светло и сликај додека не ви здосади на сите : ))) Светлото ти го спомнувам постојано затоа што е многу важно за да се постигне совршен изглед. На лошо светло и лошо позиционирање се прават сенки, па може да се утнат нијанси, да изгледа лицето уморно, со подочници и недостатоци. Јас барем колку што знам, светлото треба да биде свртено према лицето, од горе, под агол од 45 степени за најдобар ефект. Затоа и би ти препорачала фотографиите и пробните шмикања најчесто да ги правиш додека има дневна светлина, додека да се уходаш и поднаучиш.

    Следи ги најновите трендови, потруди се да ги совладаш што побрзо и обиди се често да постираш фотографии од нешто ново. Напави инстаграм профил, прави кратки видеа, поврзи ги сите профили еден со друг за секој да те следи онаму каде што најмногу му одговара.

    Друга работа, најважно е да обратиш внимание на хигиената. Напоменувај и внимавај при работењето. Нека видат дека користиш чисти алатки, дека пазиш на тие работи. Мене лично најмногу од тоа ми е језа. На пример Бјути блендерите мислам дека можат да се стерилизираат во микро, јас лично не сум пробала. За четките мислам дека потешко оди, но информирај се убаво пред да почнеш.

    Заинтересирај се за каква пригода е, на каква облека треба да одговара шминката и сл.

    Во иднина ако тргне како што треба, види ако можеш здружи се со некоја другарка што ја бива за фризури, па потруди се да овозможиш целосен пакет. Зборот ми е постојано работи на тоа да ги прошируваш услугите и да работиш според светските трендови.

    Без разлика на тоа што сакаш да почнеш поскромно и од дома, треба да си се водиш по што е можно повисоки стандарди за да можеш да ја стекнеш довербата кај што поголем број на луѓе, па здравје понатаму да си отвориш и твое студио што ќе има фина репутација.

    Според мене сертификатите за шминкање не се важни, денес на интернет може да се најде буквално се, само треба труд, време и посветеност. Цената треба да биде реална како за домашни услови, но не и да се потценуваш и да работиш за џабе! :!: Не се споредувај со други, тргни од себе и од тоа што мислиш дека лично тебе те издвојува од останатите.

    Инаку убава идеја имаше и блубери, да почнеш прво некаде да поработиш, да видиш со какви проблеми најчесто ќе се соочуваш, на што најмногу внимание да обрнеш. Помал е ризикот кога почнуваш на туѓ грб. Но не е и единствен начин до успехот.
    Секако што и да одлучиш ти посакувам многу среќа и успех :f:
     
    На LivingGlam, One.Moment, Jordanovska-K и 8 други им се допаѓа ова.
  19. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.464
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите за советите, многу ми значат :)
    А за почнување кај друг, тоа можеби ќе ми биде опција ако не ме примат во кафичов прво, па така да почнам :)
    Фала ви на сите што одвоивте време, многу ми значи :hug:
     
    На eloves, rainbowec и blueberry93 им се допаѓа ова.
  20. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.405
    Пол:
    Женски
    Само да си кажам мои искуства со "шминкериве"
    Пишав во друга тема ама ај и тука да си кажам во случај некој да не прочитал:D
    Бев во ФРАН за шминка и фризура за свадба,кога се јавив на телефон ми кажаа 1 200 ден е шминка (прашав и со каква козметика работи одговорот беше со разни брендови зависи од кожата) пакет со фризура 2 000 и претпоставував дека се работи за квалитетна шминка каkо што спомна @kim.k ,ама воопшто не беше така.Девојката си работи со течна пудра Импала,камена Кетрин Арли,маскара Мејбилајн лаш сензејшн,фиксатор Аура,тушот мислам дека беше Менхетен не го загледав убаво и уште не можам да си простам зошто воопшто отидов таму.Јас дома си имав ставено секојдневна крема што си ја користам за лице (се разбира дека не ми стави подлога пред пудрата) на крај и реков да ми стави фиксатор и она ми вели козметикава е квалитетна нема шанси да ти мрдне шминкава до вечер,ама мораше да стави на мое инсистирање се разбира:)
    За матура бев кај Диме Ивона студио Рефреш,не се сеќавам каква козметика користеше (одамна беше пред 6 години) само знам дека ми стави ненормално темна пудра веројатно немал друга демек да ми ги покрие акните(facepalm)1 000 ден мислам дека беше тогаш шминкање.
    Ај доста се жалев дечко ми вели дека мене ништо не ми одговарало,а јас само си барам квалитет за тие пари што ги давам ама што разбираат машките од козметика и брендови нели:D
    Инаку @kim.k ако планираш да работиш со Ревлон и слична козметика мислам дека 500 ден е малку да наплаќаш:)