@kala21 па сепак за почеток мислам дека не иде ептен поголема цена А покасно како што ќе зимам уште повеќе сигурно ќе се накачи, иначе каков ќар ќе имам
Да,јасно дека не можеш да наплаќаш 1 500,ама сакав да кажам дека другиве бараат толку а користат козметика од 200 денари,јас разбирам дека плаќаат кирии,сметки ама тоа е премногу според мене Како и да е ти посакувам среќа па пофали ни се тука наскороеве јас се пријавувавам и сакам да бидам меѓу првите кои ќе ги шминкаш Ќе заборавев мислам дека немаш потреба од курсеви,совршено се шминкаш
1. Да знае каква боја на кожа имам, подтон, која нијанса најмногу ќе ми одговара. 2. Структурата на лицето, значи да знае како да ме нашминка дали ми одговара нешто или не, а не само да ме нашлака демек контури се направени. 3. Видот на очите, да знае каква шминка ќе ми одговара на мојот тип очи. Не можеш некој со "hooded eyes" да го шминкаш како да не му се преклопуваат капаците па пола од сенките да не се гледаат кога ќе отвори очи. Исто така не можеш некој со раздалечени очи да го шминка како некој со близу поставени очи. 4. Да не изгледам нашлакано со 5 кг пудра. 5. Да ми трае шминката долго. 6. Да се консултира со мене во врска со тоа што го планира, да ми каже каква е нејзината идеја и да се договориме дали ми се допаѓа тоа. 7. Секако да знае да шминка, не можам да преболам кога гледам неисенчана шминка, видливи линии меѓу двете бои. 8. Нешто што ме привлекува кон некој шминкер е кога ќе видам фотографија од неговата работа. И тоа убава фотографија, од лицето, а и од очите од поблиску. А не со Фотошоп обработено. Не можам да се одлучам за палети што би ги препорачала ама еве во моментов ми текна на неколку работи кои се поевтини а користени многу. Фиксаторот на Авон беше многу фален на форумов. За пудри ќе треба многу да вложиш ако сакаш Ревлон, така да не знам баш дали да почнеш со нив. Ама размисли и дека тие содржат СПФ па може да светат на слика со блиц. За камена пудра мислам дека Римел stay matte би била одлична. Коректор на Кетрис нема конкуренција за покривност, за цената, а и бидејќи a little goes a long way со него, па ќе ти трае доолго. За кармини.. јас лично би сакала да имам сличен каков што би ми ставиле за да можам да си го поправам подоцна ако ми се избрише. Најдобра опција ми се гледаат мат кармините на Голден роуз, или пак течните на Аура. За моливчиња за уста или Аура или Есенс. Гледав шминкиве што ги спомнав да се поевтини, а ако сакаш нешто поскапо тогаш е друга приказна, ама мислам дека за почеток овие би биле добри. Друго во моментов не ми текнува може да се надополнам понатаму.
имам една другарка која знае да шминка па како за почеток и беа потребни една убава пудра сенки креон римел руменило кармин туш некои други работи и задолжително фиксатор за на крај секако она имасе и други шминки колку да и прават гужва во ташничево као демек еееее има мн шминки имаше уложено околу 100евра можеби и помалце за шминки но дупло ги спечали..прво наплакаше на пола цена од козметичките салони после покачи цената и исто она дома шминка или ако е близу иде таму кај тој што се шминка дома.......па срекно
Мoјa нaјгoлемa желбa е дa пoчнaм дa се зaнимaвaм сo шминкaње нa други луѓе, нo би требaлo сoсемa дoбрo дa се снaбдaм сo пoвеќе шминки ( рaзни нијaнси нa пудри, руменилa, мoливи зa oчи итн..) сегa зa сегa јaс гo купувaм oнa штo ми oдгoвaрa нa мене. Сметaм декa имaм некoј тaлент и сo пoвеќе вежбaње пoвеќе би се усoвршилa. Нaјвеќе oд се би сaкaлa дa се врaбoтaм вo Сефoрa a пoнекoгaш ми пoминувa низ глaвa дa им прaтaм еднo CV.. Би пoчнaлa и дoмa a имaм шaнсa , мoже дa ми пoмoгне свекрвa ми грaдoв е мaл, a знaе и дoстa луѓе (имaме прoдaвницa) тoa е гoлем плус. Истo тaкa би стaвилa oк ценa, oвде oбичнo земaaт пo 40-50 еврa јaс би шминкaлa зa 25 a зa пoгoлемa ценa пoдoцнa незнaм дaли би билo вo ред aкo веќе имaм и чести и едни исти муштерии Би oделa и нa некoј курс нештo пoвеќе дa пoднaучaм (вo врскa сo кoнтурирaњетo мa пример) a и секaкo би кoристелa сaмo квaлитернa кoзметикa
Ххахахаха се извинувам,ама може и до Охрид да оди @mssuniquee мислам дека нема да и биде проблем штом се работи за шминкање
Се сложувам со повеќето од веќе дадените мислења. Мене лично многу ми е битна хигиената/педантноста на шминкерот. Валкани четки и апликатори ни под разно, за секој клиент чисти ги четките. Имам многу осетлива кожа и не сакам да ме чеша после лицето или да ми се направат акни, веднаш би раширила антиреклама. Најубаво прашај ги клиентите на почеток каква шминка и козметика обично користат, вакви како мене веројатно ќе сакаат да ги шминкаш со нивна пудра. Шминката прилагоди ја кон желбата на клиентот, дали поприродна или појака, да не сака понагласени очи или усни. Значи комуницирај цело време, тие што не се специфични или маанџии секако ќе ти кажат дека препуштаат на тебе според твоја замисла да ги нашминкаш. Користи квалитетни шминки, марката не е толку битна колку тоа дали се убави/трајни/квалитетни производите. Од секоја марка има и добри и лоши продукти. Задолжително фиксирај ја шминката, главна работа со која се фалиме е дека не мрднала шминката цела вечер. Ако забележиш дека некој производ сменил боја, чудно мириса или е сув, под итно замени го, не си дозволувај да шминкаш со стари или расипани производи. Цена од 500-1000 за во Скопје за почеток, ако сум задоволна ич нема да ми е проблем ако покачиш подоцна. И направи си блог или албуми со слики, така најдобро ќе привлечеш клиенти, а и ќе можат да ти кажат кој изглед го сакаат според некоја слика. Толку се сетив во моментов, со среќа па информирај не
Исто можеш да си направиш профил со твоите дела на социјалните мрежи, тоа исто ќе ги привлече клиентите
Да, за хигиената не станува ни збор, не би се осмелила да шминкам некој со прљава четка. Може нешто да се закачи така. A и за фиксатор исто секако, и неколку подобри прајмери ќе земам со зависност од кожата
Леле, @kim.k си ми ја погодила темата! Исто и јас го сакам ова, и јас ја имам истата желба да бидам успешна во тоа што го сакам. Уживам во шминка, и сакам да одам на курс, за потоа да си отворам сопствен салон. Ве молам ако сакате да ни дадете некои совети.
Праша за курс, јас што сум гледала по фб ФРАН ми се допаѓа и Ангела Стојоска. Ама скапо е сигурно, околу 500 евра Јас би одела да ме шминкаат и кај двете, али ФРАН ако шминка со Импала пудра и ми наплаќа 1500 денари - мало морген. .
Одлична идеа @kim.k Почни од дома, после можеш и кредит Ундп 3.000 евра неповратен да си опремиш едно мини салонче. Барем за овие професии ова е супер можност. Има добри професионални пудри, Stage= 1200ден Најчесто се користат 2 и 5 во салоните. Летно време и 7ца како потемна. Одлично прекрива, и поголема амбалажа, што би ја користела дефинитивно повеќе пати. Има и коректор од stagе, исто има 2 нијанси во главно што се користат И фиксатор, 600 денари или поефтин Редист... За сенки и останати шминки немам многу инфо, ама пудрите ми се одлична препорака. Не мора да одиш кај нив со Лореал или MaxFactor Со среќа и се надевам дека си супер сериозна со своите намери, така да ти посакувам успех.
Јас бев во оваа дилема пред 2 месеци и тогаш почнав активно на форумов да барам мислења за темава. Вака...јас одев на курс во ФРАН и ме чинеше 350 евра. Потоа шминките заедно со куфер и со четки ме чинеа грубо околу 500 евра и тоа не се некои скапи шминки во прашање. Многу се мислев на типот на козметика и решив да инвестирам во пудри од Криолајн зошто повеќето од средна класа шминкери кај нас ги користат како ФРАН, Ангела Стојоска, Небојша Пешевски итн итн (цената им е 1500-2000)... Oнаа Ивана Атанасовска има пудри Лореал и Макс фактор па зима 1500 денари. Не можеш ти да инвестираш во MAC, Диор или Есте Лаудер, нема логика, никој не шминка со такви шминки освен овие што зимаат над 100 евра за шминка. п.с не зборам за оние што шминкаат со фејк MAC козметика...нема полоша опција од таа!!! За поскапи шминки не се исплати за почеток затоа што ќе треба време и време за да ја извадиш инвестицијата. Останатите шминки ми се мешани, комерцијални производи и имам палети сенки од Coastel scents (ќе ви ги сликам деновиве шминките). Кога дојде ред за цена многу се мислев и се одлучив за 600 денари со тоа што им одам до дома. Исто така имам една маалска фризерка што ме вика кај неа да шминкам по потреба па и пуштам на неа 200 денари за соработката Имам фан страна Frosy makeup, успеав да стигнам до 1000 фанови и ја баталив ептен периодов, воопшто не сум активна...Друго не знам што да кажам освен дека се е меч со две острици, дали да купиш од старт скапа козметика или не, дали да почнеш со поскапа цена или не... средина е најдобро ваљда. Како и да е @kim.k прекрасно шминкаш, нека ти е со среќа и само едно знај, треба време додека те дознаат, после ако те бие глас дека си добра работата сама по себе ќе тргне
Како за почеток можеш да земеш производи на Golden Rose,essence,s.he stylezone,Catrice,и Rimel да речеме Добра е и таа козметика па што и фали За таа цена се многу квалитетни производите Почетна цена па што знам..па околу 500-600 ден. земај си Потоа ќе ти доаѓаат уште повеќе девојки за шминкање и ќе заработиш супер и ќе купиш некои други производи како на Maybeline,Revlon,L'oreal,Bonjour(ваљда вака се пишува ) После ќе си накачиш на 1000ка , 1200 па и повеќе Јас мислам дека тебе добро ќе ти оди работава се гледа дека те бива,ќе успееш Имаш и поддршка од нас Јас би ти дошла за полуматура малку да ме нашминкаш Све најубаво!