Од некни ќе пишев на темата ама се недостаток на време. @kim.k тоа што мене на прво место би ми било најважно (а верувам и на секоја друга девојка) е хигиената. Поточно, четките да бидат измиени и чисти. Исто така просторијата каде што ќе работиш да биде уредна и чиста. Друга работа, мислам дека е многу важно да бидеш љубезна и комуникативна со муштериите, да разговараш со нив, да се консултираш, одоколу да дознаеш што производи користат, за каде е шминката и каква всушност шминка тие очекуваат, па после да си дадеш свој совет и мислење. Мислам дека пристапот е многу важен. Во однос на козметиката што ќе ја користиш, тука не можам да ти дадам ништо посебен совет бидејќи јас 95% од козметиката ми е од Авон и не сум запознаена со други козметички производи. Сеедно, мислам дека за почеток нема потреба да купуваш којзнае колку скапи шминки, верувам дека има производи и од не толку познати марки и не толку скапи, а се квалитетни и добри. Во секој случај за мене барем повеќе ми е битен крајниот резултат, отколку производите.Тоа не значи дека треба да се користат неквалитетни моливчиња од 20 денари, ама ако го немаш талентот и не знаеш да шминкаш колку и да е квалитетно моливчето, крајниот резултат ќе биде никаков. За почеток можеш да купиш неколку производи, разгледај низ темите и направи си список. Кога ќе почнеш да заработуваш ќе докупиш уште, многу е важно да имаш повеќе нијанси на пудри, коректори, руменила итн. Исто така девојките наназад во темата ти дадоа супер совети. Ако имаш дома слободен и празен простор, едно големо огледало си шкафче мислам дека ќе ти бидат доволни (и добро светло секако) и таму можеш да си ја наредиш козметиката. Направи си страна на фејсбук (може и на инстаграм) и со 3-4 другарки кога ќе имате послободно време нашминкај ги нив по неколку пари, сликај и сликите стави ги на профилот, тоа би било добра реклама. Во врска со цената, зависи колку скапи производи ќе земеш ама не би било лошо да се распрашаш наоколу по салоните и другите девојки колку земаат за шминкање. Зависи од кој град си ама можеш овде и по форумот да се распрашаш, за да не излезе твојата цена да биде превисока или пак прениска да работиш за џабе. Толку од мене, ако ми текне уште нешто ќе допишам. Те гледам низ темата преубава си и преубаво се шминкаш, се познава дека имаш талент и штета е да не го искористиш.
Затоа што сте го почнале муабетот за невестинската шминка, морам да кажам, дека во Македонија не признавам таква шминка. Затоа што под невестинско шминкање спаѓа :шминкерот да оди во локалот каде ке се прави свадбата, да го провери светлото и да процени каква шминка би била најсоодветна за таму. А одкако ќе те нашминка да дојде со тебе во локалот и да ги направи потребните корекции. Доколку нешто ти се размачка да се појави на повик и да те среди. Бев на свадба во Белград на дечкото му плативме 500еур. за шминка и фризура на невестата, кумата и мајката на невестата, дојде во ќуката, па во црквата и накрај во ресторанот. И да ви кажам секоја чест, фотографиите беа секаде совршени. Кај нас, не да се претерува со цените, се измислува топла вода. Воедно сите работи што ги користеше беа квалитетни брендови, наменети само за професионални шминкери. А во однос на темата, многу ми е важно девојката што ќе ме шминка да не инсистира да ми стави нешто што не го сакам пр. трепки, само и само за да ми земе повеќе пари. Значи мразам кога изиграваат продавачи. Ако јас сум убедена дека нешто не ми одговара, еднаш е доволно да ме понудиш, немора 100 пати.
Се согласувам со тебе @oblace1 за elf козметиката. Иако се ефтини навистина се квалитетлни.Сега пред некое време ми стигна Remover Pen за бришење на тушот 3 долари го зедов.
И јас имам ептен кеиф да почнам со шминкање, ама досега само на мене и на сестрами сум пробала на никој друг и немам искуство. Животна желба ми е да работам со козметика. Макар и во парфимерија да бидам опкружена со шминки Ме прават среќна од самото гледање. Најпрво мислам дека е доста важно да се пробиеш еве на инстаграм се станува доста популарен, ти треба и убава камера за квалитетни слики. Талентот си го имаш, а другото постепено се надоградува. За почеток не ти требаат сите нијанси на пудри, доволни ти се барем две и од нив самата ќе си одредуваш за секој тен посветла и потемна, можеш да ги мешаш. Палета на сенки, квалитетни четки. Мислам дека тоа ти е најважно. Ако имаш профил на инста би сакала да те следам. Никогаш не ми е доволно профилот исполнет со макеуп артисти
Еве и јас да споделам искуства на темава. Пред се што би сакала од еден шминкер е да биде љубезен,комуникативен и да прифаќа совети и критики. Сум била неколку пати модел кај шминкер што одеше на курс кај Шубревски ( мислам,не ме држете за збор) е сеа бидејќи бев модел не барав ништо конкретно од него. Али сум презадоволна од работата,бидејќи дечкото сеуште учеше неколку пати му спомнав околу контурите. Јас имам ептен бел порцелански тен и ретко кај и да појдам да се шминкам ( живеам во мал град) дека некаде имаат нијанса на пудра што соврешно би одговарала на моето лице. Уште нешто да споменам за дечково што учеше : еднаш по мое барање бев да ме нашминка кога се сликав за на табло и добив она што го посакав. Буквално како што кажав,таква и испаднав на крај. Кажав дека сакам нежна шминка(туш и земјени тонови кои речиси беа не приметливи),нежен кармин. На сликата испаднав прекрасно,го долови она што го сакав. Едноставно знае секое око како да го нашминка,не само јас туку и од она што го следам на социјалните мрежи од неговата работа е сосем океј. Знае на кое око каква шминка одговара,а не јас со мали очиња да појдам сеа некаде и да ми лупнат смоуки па да изгледам ко панда. Хигената е на прво место,користи квалитетни шминки пудри ( иако е почетник работи со пудри на MAC и неколку нијасни на кармини од истата фирма,Нејкед палета на сенки). Од почетников можам да кажувам само пофални зборови. Е сега ситуација два,кога бев да се шминкам за матурската вечер. Задоволна сум и од таму,шминката не ми мрдна цела вечер,али не бев она што сакам јас да бидам. Есте Лаудер течна пудра,океј. Али греота е таква пудра да е замачкаш со Кетрин арли камена пудра,мислам стварно? Пудрата и сенките беа океј,па и карминот дури. Е сеа,не ми се допадна тоа што очите им кажав да дојдат до израст (бидејќи мене ми се очите така малку закосени) и не го добив она што очекував. Расфрлени шминки,да речеме ете од гужва дека било,али не изгледа тоа убаво.. Ептен сакам хигиена значи.Ептен и мислам дека тоа е најважно. Друга работа,не можам да ги сфатам овие што наплаќаат посебно за трепки? Абе ајде,ми нема смисла некако.. Не знам. Инаку Ким те следам во темата вашата шминка и морам да те пофалам дека прекрасно шминкаш,ти посакувам успех. И околу цената би те советувала да почнеш со пониска цена 350-400 денари е океј за почеток најсила ете да речеме 500 денари во зависност од тоа со каква козметика ќе работиш. И гледај понатака да не ја накачуваш премногу цената,затоа што доста клиенти можеш да изгубиш. Познавам едно девојче од Охрид кое што слушам мубаети шминкала за викенди девојчиња за 150 денари...Колку е вистина не знам... Некој што прашуваа за курсеви за шминкање,знам дека Кристина Калајџиева ( ако и беше така презимето ) - Make up by Kika добро познатата има курс за шминкање. За други не знам.
Најважно е да имаш искуство, не да имаш инстаграм или квалитетни четки. Треба да вежбаш и вежбаш. Нема секој ист облик на очи, големина на очни капаци, форма на лице, брчки.... Ете вежбај на блиски луѓе за почеток.
И еден совет, според мене мора повеќе нијанси на пудри да се има. Не е работата да мешаш две пудри само, затоа што има разлика подтонот на пудрите. Некои луѓе имаат жолт, некој розев, некој неутрален. На тоа треба да се внимава. Многу луѓе гледам баш се жалат дека нијансите им биле утнати, па мислам дека вреди да се инвестира