1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шминките кај нас и во странство

Дискусија во 'Лице' започната од velesanka, 30 септември 2010.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    Крајно разочарана од козметичките производи што се продаваат кај нас.. нашиве лице поотпорни ли се за разлика од тие надвор па можат секакво ѓубре да ни продаваат и да не ашкааат дека тоа е марка..???
    имав добиено за поклон едни сенки на дебора, кои беа купени од Италија.. од нив сум препрезадоволна, едноставно прекрасни се..
    донеле "исти" такви, во такво плико сенки и во една парифимерија, една моја другарка на која многу и се свиѓаа сенките си ги купи, и тоа не беа воопшто ефтини.. и сега од тие сенки "дебора" има инфекција на очите... добро до кога вака.. се знае ли што се се продава низ париферииве, што се содржат производите што секојдневно ги користиме, има ли некоја инспекција да провери??

    http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1635&ArticleID=108612

    и после оваа вест која излегла во дневен весник никој од надлежниве не му текнало да провери што се се продава низ пазарите, парифемриите... никој не ги проверува декларациите за производите што минуваат низ граница? никој не е заинтересиран?? срамота.. на човек да му е страф да купи нешто..наместо да сокрие некој недостаток.. ке придонесе за поголемо изразување и зголемување на иститот..
     
    На Scarlet88 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Па што и да проверат, ќе се заташка работата... ние не сме ЕУ, ние сме Македонија. Како што пишува во статијата што ја наведе - кремите со помала концентрација на состојки, со оштетена амбалажа или со поминат рок ја праќаат тука... ѓубрето секогаш завршува кај нас, било да се работи за козметика, храна или нешто трето. И ниеден производ од странство што е на полиците во парфимериите, маркетите и другите продавници нема декларација на македонски јазик напишана од самиот производител (со исклучок на земјите од бивша Југославија), туку увозникот ја лепи дополнително - а од каде ја увезува, можеби ни тој нема поим, ама искрено, мислам дека знаат оти увезуваат третокласна стока, а ја продаваат како првокласна. А ако знаеме што се јадеме или ставаме на лице....
    Никогаш не купувајте козметика од пазарче - секогаш постои шанса да ви се појави некаква инфекција или алергија. Не дека нема шанси за инфекција или алергија ако сте ја купиле од парфимерија, ама се помали.
     
    На Sanniii, babyblue, Scarlet88 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Тоа може да се случи само со производи кои се надвор од ЕУ...затоа што ЕУ има изгласано закони за стандардизација на производи која важи за сите производи со кои се тргува со земјите во и надвор од ЕУ.
    Е сега што македонскиот трговец е безобразен па брише датуми на производство и пушта во промен производи кои се оштетени,тоа е друга работа.Затоа се купува од одбрани места и треба да биде јасно дека секогаш кога се работи за акција за продажба на производи имаат покус рок на траење.
    Мене пак ме нервира тоа што некој некогаш кажал такво нешто,демек пропатувал човекот и го кажал со снобовски тон во гласот,ова тука за ништо не чини,да видиш јас од Швајцарија какво земав...повеќе ни е до менталитетот кој пати од недостаток на доверба,секогаш смета дека некој сака да го излаже и е преварант во душа тој самиот.
    Има разлика од оригинални производи и плагијати производи,а тоа нашите новинари очигледно не можат да го разберат и сериозно им недостига општо образование (бар на дел од нив,но има такви кои се професионалци,вистински запознаено си секоја проблематика за која пишуваат и секоја им чест)
    Значи,не,за козметички производи и прехрамбени особено такво нешто не може да се случи.Сепак не сме од третиот свет за да добиеме таков третман,па дури и таму ако се случи повлекува други социјални прашања,далеку од економски.

    edit.Да се надополнам во врска со статијава...станува збор за неоригинални производи,а не оригинални со лош квалитет.Така да,опцијата дека оригиналните производи се со послаб квалитет,паѓа во вода како што кажав.Тука во прашање се нашите трговци,а и купувачите кои не си ги познаваат своите права,а често и паѓаат на пониска цена(не многу ниска,но во однос на оригиналот...) која е индикатор дека нешто не е во ред,но хеј шо е битно,толку е добар плагијатов,што ќе си се занесувам дека е диор,кој ќе знае.
     
    На mims-89, lolita97 и velesanka им се допаѓа ова.
  4. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    И јас го делам мислењето Велешанке. Кој знае од каде ги носат, и што ни прдаваат. Штеди, штеди да купиш нешто убаво за лицето, зошто се, не се става на лице, а тоа пак ќе излезе ѓубре некое, којзнае од каде донесено. Кај никакво па уште и цени накачиле :puke:
    Мене исто ми се случи со пудра од Chanel double perfection, од парфимерија ми беше купена. Внатре како вода беше, и лицево ми стана многу суво од 2 дена што ставав, никаква, а си ги дадов парите и така ми стои а ептен бев кеф за да си ја купам. Сакав да појдам да им ја вратам, ама што ќе се расправам да не ми дадат оргинал случајно? Секаде е така кај нас.
    Веста во време, се надевам ќе ја прочита некој понадлежен, зошто ова е навистина СРАМОТА!
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    И мене ми се има случено катастрофа со сенките (трио палета) на Deborah. Ужас! Ги купив од најдобрата парфимерија, со декларација и се’, не знам дали се работи за фалсификат, но... Ужас!
    Со двојна маскара на L'oreal пред неколку години бев убедена дека се работи за фалсификат. Си штедев пари, си ја платив како оригинал, а излезе никаква, дури и пишуваното на амбалажата избледе после една употреба. Очите ме печеа како луди. Не знам како можат да се богатат на таков нечесен начин и за сметка на купувачите. Ако веќе сакаат да продаваат фалсификати, нека ги продаваат ефтино, а не по цена на оригинален производ.
    Многу е лошо кај нас што парфимериите немаат политика за враќање на производот како во странство (веројатно затоа што сите би им ги враќале). И како ќе докажеш дека е фалсификат? Точно е тоа дека треба да имаат декларација (која кај нас увозникот си ја лепи, па тој дури и да увезува оригинали, таа лепенка е многу лесно да се фалсификува).
    Купувачот не е заштитен на никаков начин.
    Друг пример - производите на Авон кај нас и во Америка се сосема различна приказна и квалитет. Се’ што се пласира кај нас е произведено во фабрики од земјите од третиот свет, и иако тврдат дека квалитетот е ист - не е! истото е и со некои други брендови на шминка, како и со шампоните кои најчесто ги користиме. Зошто во Франција не продаваат шампони и козметика произведени во Полска, туку тие производи се носат кај нас?
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Затоа што се работи за мултинационална компанија и трошоците за транспорт и работна сила се поевтини,отколку да доаѓа директно од таму.За поевтини пари може да произведува повеќе и да продава повеќе,НО состојките и технологијата е таа.
    Глобализација...кај и да е,тој е производот.Не мешајте баби и жаби,едно е неоригинали за цена на оригинал,а друго е муабетот да е за оригинал.
    Македонските трговци се нечесни,во нив барајте ја вината.Тие продаваат неоригинални производи или оригинали со истечен рок или оштетена амбалажа која не си ја врши функцијата.
     
    На mims-89 и velesanka им се допаѓа ова.
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ќе се надоврзам само. Купувачите кај нас не се заштитени. Никаде нема гаранција ниту предупредување што може да се случи со употребата на купениот производ. Да купам од парфемерија е еднакво ризично со купувањето од пазар! Па има и парфемерии каде не би влегла да купам, радо на пазар ќе отидам. Се имам повеќе пати излажано и со пудра(која беше како вода и мирисаше на сапун) и со маскара(неколку пати) и со сенките од Deborah.

    Со последниве имав интересно искуство. Ги знаете ли оние како сетови, во футрола како чанта од Deborah? Содржат руменило, пудра, сенки во сиви и сини нијанси, мала маскара, молив и сјајче. Е баш таков сет сестра ми си купи пред 2 месеца. Руменилото се искрши, маскарата беше веќе сува ,а неотворена и сенките не оставаа боја затоа што се распаѓаа. Парите во неповрат.
    После еден месец, сестра ми за роденден го добива истиот сет! Го отварам, го пробувам... врска нема со претходниот. Се познава и сенката, друг сјај, и маскарата течна мерак да ти биде да ставиш, и руменилото со сјај... И што е разликата?
    Сестра ми се распраша кај девојката што и го подари, чисто информативно. девојчето беше доволно фино да и каже дека сетот не е купен тука, туку од Париз, каде што била претходниот месец. Го купила баш за сестра ми од таму.

    Ете, која е разликата....
    Дома имам многу козметика и шминка, поготво од Париз, сестра ми патува често... Се радувам на секое праче шминка што го носи од странство пред се затоа што можам барем малку да бидам посмирена за тоа што ставам на лице!
     
    На MarchelineAmaru, Harlow, wolf4e и 2 други им се допаѓа ова.
  8. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Велам дека не се исти, затоа што сум прообала исти производи со различна земја на производство, па кажувам од искуство (конкретно за Avon и L'oreal шампони). А, да, и Nutella кремот произведен во Франција е сосема различен од оној произведен во Полска - и двата се оригинални (иако нема врсдка со козметика, има врска со темава :)). Сум пробала, разликата е голема и никој не може да ме убеди во спротивното.
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Јадна јас,ништо не сум пробала...ниту знам... ;(
    Сум пробала,па затоа зборувам...а дека не сум била зезната,исто не викам дека не сум,сум била и знам дека сум била зезната од неоригинален производ.Конкретно парфем во еден случај,во втор макс фактор пудра,во трет Лореал руменило,затоа велам дека нашите луѓе се нечесни,а не производите дека нечинат.
    Конкретно за прехрамбените продукти,стандардот е тој,но прилагодени се според поднебјето и вкусот на потрошувачите.
    За нутела можам докторат да напишам затоа што сум страствен конзумер,заедно со Кока колата,па каде и да одам ми се првите нешта кои сакам да ги издегустирам баш заради тоа што знам дека не секаде имаат ист вкус.Нутелата е по потекло од Италија и има апсолутно различен вкус од Германската,Француската.Италијанската е побогата со лешници и вкусот е далеку потежок и поблаг,но прекрасен,отколку Германската која пак исто така не изостанува со вкусот на лешник,НО е далеку повеќе се чувствува млекото и така натака...Да не продолжувам со Кока колата,која за нас е најубава,а и е прогласена за најдобра во цел свет,но на американец конкретно не му се допаѓа затоа што е привикнат на онаа нивната со прашкаст,измиен вкус...вкусот е различен,квалитетот е тој,а тука разговараме за квалитет.
    За Авон,која патем е американска фирма,не знам и не сакам да знам од трети причини,зборував за производите од ЕУ со чии регулативи за производство сум солдино запознаена,ама се наметна и прашање на маркетинг и вкус на потрошувачи.
    Кај нас е проблемот како корисници на тие производи и кај оние што ни ги продаваат.Познати сме како народ кој сака да има ќар со ич влог.Не е исто затоа што се земаат верни копии,тоа е разликата во однос на козметичките производи.
    Eве оффтопик,се наметна друг производ од прехрамбени продукти,ама чисто за да доловам тоа што го зборев на нутелата.Процентот на состојките кои се употребуваат на секаде низ светот и зашто некаде лешниците се чувствуваат повеќе,а некаде не,каде остава грозен благ вкус во устата,а некаде арома на млеко и така натака.
    http://en.wikipedia.org/wiki/Nutella



    Предлог,да се префрли темава во општи дискусии и да се зборува општо за сите производи кои се увезуваат кај нас,а се со сомнителен квалитет.Ќе се прошири темата и повеќе ќе соодветствува таму,отколку тука каде што се зборува конкретно за нега на лицето.
     
    На mims-89, interesna, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Lilit, извини ако те навредив, воопшто не ми беше намерата да кажам дека ти ништо не знаеш, само кажував за сопственото искуство.
    А за Нутелата не сум истражувала, и баш интересен податок ни даде. Само се сомневам дека го истражиле нашиот пазар и нашиот вкус за да ни ја пуштат оваа што кај нас се продава... барем јас мислам дека е полоша од таа во Франција.
     
  11. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427

    баш и јас за таков сет мислев.. мојот и на другарка ми се идентично исти на изглед.. во златно ташниче (плико) само штета што тој од тука неа и направи проблеми со очите ...
     
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    за прехрамбените производи си во право.. сосема е така.. јас кај и да одам си купувам несквик, додатокот за млеко.. и секаде е различен.. во некои земји е многу поблаг,, некаде го има оној чоколаден малце горчлив вкус... дури и во бугарија не е сосема ист како нашиот...
    тука не станува збор за фалсификат.. туку за различниот вкус на потрошувачите..а на големите компании најважно им е потрошувачите да бидат задоволни, заради тоа и се ориентираат според нивниот вкус..
     
  13. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Во врска со темата,кога би била спремна да давам многу пари за скапа козметика и шминка би одела на фри шоп,таму барем нема да бидат фалсификат сигурно а освен тоа може да ги најдете и малку поевтино во спредба со парфимериите кај нас
     
  14. purple.butterfly

    purple.butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    Темава е супер!!! И баш ме погодивте, летово бев во Америка и се изнагледав козметика и козметика и козметика... И што да кажам, да земам за пример некои марки кои се познати и кај нас, на пример Дав или Пантен, значи таму се пуштаат нови колекции што кај нас ќе дојдат по една година, ако воопшто дојдат :(
    А квалитетот не се споредува. Се беше произведено во САД, а не во Полска, Индија или Индонезија. И точно се знаат правата на потрошувачот, а и се почитуваат, што е најважно.

    За козметиката за лице да не правам муабет, па нема шанси да ти продадат нешто со поминат рок или ако отидеш да рекламираш да не ти го вратат производот или платената сума. А на нашиве продаваници се бара што поголем фонт за да се напише „Купената роба не се враќа“ и јасно ти е за квалитетот на било кои производи во нашава Македонија. А и ако отидеш да рекламираш, ќе те направат луд, демек не е до нив, ти нешто си оштетил или не си користел како што треба.

    Да продолжам за шминките, цените во Америка и кај нас не се исти. На пример за маскара, ако правиме муабет за комерцијални производи, а не професионални, цената е некаде од 5 до 7 долари, за Лореал. А кај нас, „оригинал“ Лореал, нели ;) , е 700-800 денари.

    Затоа би ви препорачала, секогаш кога сте во можност, одберете козметика од странство, зашто уште многу време ќе помине додека во Македонија почнат вистински да се воведуваат и применуваат европските и светските стандарди. Ние можеме да се залажуваме и да замижуваме ако сакаме, но реалноста е таква.
     
    На MarchelineAmaru, interesna, Scarlet88 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jац дури живеев во мк нонстоп купував шминки од оние поскапине парфимерии и единствено само една пудра така ми беше супер од артеко мислам.имав руж и сјај за усни од боржуа како овие овие воопшто не чинат,ружот како никаков е,како боја да не пушта, а сјајот вода. сега сум преселна во ау и имам купено маскари и многу супер се,еден пар сенки и кога ке се намачкаш,многу се нежни,прекрасни и има разлика огромна :) а што мислите за парфемите ориганал ги носат кај нас во мк?и да напоменам дека кај нас многу се ефтини,другарка ми плати бритни спирс 3000денари тука беше нешто цената,а кај нас најголемиот можеш да го купиш за 600денари :)
     
  16. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Истата ја купив и јас, ама за да биде потажно јас кога ја отворив онаа силиконската страна беше сува, скроз..со прсти да го вадиш силиконот...ужас!

    А морам да напоменам за лаковите за нокти 1 Seconde на Bourjois! Во Март месец бев во Париз, и таму на Пазар со колешка загледавме дека се продаваат лаковиве буквално на тезга за 3 евра. :o Се шокиравме и се мислевме но девојчето што беше со нас, Французинка не охрабри да купиме слободно бидејќи таму се таквите производи сигурни. Јас бидејќи без ситно, прашав каде е најблискиот банкомат а жената сериозна ми ја зема картицата извади од под тезга апаратче и ја помина :!: и бевме изненадени кога добивме фискална сметка :lol: :lol:
    Е сега кога се вратив, Братучетка ми многу го бендиса мојов лак и потрча да си купи: Кај го зема од парфимерија за 500денари, туку јас одговорно тврдам дека ТОА НЕ Е ИСТИОТ ЛАК. Нанесе на еден прст од мојот на еден од нејзинот. Разликата е фрапантна!
     
    На MarchelineAmaru, senza.parole и LivingGlam им се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    Исто ќе кажам дека има голема разлика во козметичките производи кај нас и во странство.Јас си нарачувам од Канада ете посебно L'oreal, Revlon,значи има разлика во квалитетот и трајноста.Плус цените се дупло поефтини од тука и што е најважно се тамошно производство.Исто и за парфемите.Имам и од Америка исто добивано да,разликата стои.Е сега добро е што и кај нас веќе се е достапно значи од секоја фирма скоро секој светски бренд ни е на дофат, секој козметички производ...нормално дека не може да е оригинал ама и тоа што го има добро е.Значи не заостануваме зад другите.Само што цените мислам дека се превисоки за тоа што се нуди.
     
  18. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.094
    Допаѓања:
    6.833
    Пол:
    Женски
    А производите на авон и орифлејм? Што мислите,го имаат ли истиот квалитет производите што доаѓаат кај нас и производите во Америка?
     
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    За Авон можам без грижа на совест да речам дека не се исти, иако не можам да тврдам за сите производи, ги имам споредено сенките и прилично се разликуваат. И тие што можат да се купат кај нас не се лоши и се исплаќаат на попуст, но за исти - не се. За Орифлејм не знам...
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    За козметиката на Орифлејм не знам баш,само оваа тука во Мк ја имам користено. Меѓутоа за парфемите знам дека не се исти... Не знам како е можно тоа, ама два идентични парфеми не мирисаа исто!!

    Во било кој случај, не ја сакам ни козметиката на Авон ни на Орифлејм. Никогаш не сум била нешто ептен водушевена од некој производ.