Имав пудра Maybelline dream matte mousse и многу ми се погоди, ми се потроши и додека бев во мк си купив иста таква прво, беше дупло по скапа, второ ама ич ич ич не ми се погоди некако многу беше стврдната и чудна, кога се вратив дома ја купив истата пак, дупло по евтина и прекрасна си беше како и првата... Страшно кај којзнае колку им стоела или којзнае од каде ја земале уште и бапнале цена
Ова морам да го споделам, од поелитна парфимерија во Прилеп купувам макс фактор маскара. Ја видов на тестерот, и ми ја испофалија, и ми дава нова, си одам дома ај да ја пробам пред огледало, стврдната, еден мирис гаден, ко стара некако беше никаква. И одам во парфимеријава нанервирана, а порано го немам ова направено си викав што ке се расправам, ама сега ептен спиздив викам погледнете ја маскарава пред некој час ја купив, што не е во ред? И замислете ми вика девојко од кај знам јас? можи ти ја имаш сменето со стара, не можам јас ништо да направам!!! Тогаш вработената се запозна со другата јас, ако ја има на форумов ке се препознае доста млада беше. Си ги зедов парите назад, и си заминав. Брееее безобразни!!!
Ако ако...само така треба!!! И јас сум во тој поглед многу стамежлива, и многу ми треба за да отидам да рекламирам производ. Но ако веќе отидам, тогаш...пердуви летаат!
Mилслам дека знам за која парфимерија станува збор Fearless И не им е прв пат,, јас имам земено кармин, во опаковка, се, запечатен, дома отворам, тикви, миризба кога ме опна и го фрлив, ми беше срам да одам Инаку, на темава конкретно, парфемите дефинитивно не се исти кај нас и странските. Барем од досегашново мое искуство
задоволна сум само од козметиката на Авон и пудрата Џордани од Орифлејм. А не само за шминки, сите козметички производи кај нас па и оние што ги прават оригинални, не се! Креми, шампони, гелови... Јас си купив од Италија такви работи, а и влошки и презадоволна бев!
кате следниот пат таму отворајте ги, знаеш онака возбудена си конечно го најде карминот што го бараше, или те зае**ле во некоја "друга" парфимерија, барем муштериите што купуваат ќе му ги избркаш , мене пак не ми се случило такви да ми дадат, ама полупразни да, и тоа ја споредував пудрата што тогаш ја купив од 30мл, со друга дома веќе користена од 30мл и помалку тежеше, а иста густина беа , епа на нешто мора да скратат нашиве
^^E си викаш ајде, подобра парфимерија од таа нема, и затоа не отворив, оттогаш отворам штом и да купам, тука на лице место, демек да ги видам оригинал не тестер само
знаете што има една продавница некаде таму на Бит пазар малку е збутана има шминки фалсификати што тешко се препознава и тоа на Макс фактрок, Лореал, дури Босс шминки и сл. а се продаваат по цена од 50,100 и максимална 150 денари. Ужас! е сега што мислите од каде и која шминка е најбезбедна што кај нас се продава?
оваа кај нас што се продава е произведена во Полска и навистина имало разлика помеѓу таа и Италијанската, во Хрватска и Словенија се продава италијанската ете јас имам прилика да ја пробам вкусот е многу поразличен.
а да не кажуваме за професионалните колекции кои кај нас ќе стигнат можеби за некои 100 години. затоа луѓе единствен начин е да се нарачуваат преку интернет.
Кај нас шминка петта класа е дупла поскапа од кај нив, јас користам само Германски производи LOREAL,-сенки за очи, MANHATAN & ARTDECO-маскари и сјаеви за усни, MANHATAN- лакови за нокти, COLOR VICTIM исто лакови, истите тука се за никаде, во странство имаат невиден квалитет! сјајот за усни ако не го отстраниш стои и до 20 часа...немам коментар
Знае ли некој од вас интернет страница за нарачување козметика од странство ,која што е достапна за Македонија и дали некој има нарачано некогаш од неа ?
Моја другарка им водеше книговодство на една парфимерија во Ск. и можам само да кажам дека дебело заработуваат на нашата наивност. Влезните цени на производите со оние по кои ги продаваат... Како да ви кажам, ако сакате лесна заработувачка, отворете парфимерија
Одлична тема. Не само шминките, скоро сите производи не се исти кај нас и во странство. Кај нас се матат ефтини верзии на оргиналите, а центие се исти како во странство. Revlon Colourstay пудрата купена кај нас се разликува со истата пудра купена во Америка или пак во Free Shopот на аеродромот во Дубаи. И нијансите се разликуваат. Шампон Loreal Elseve купен кај нас и во Грција е различен. Ми се потроши грчкиот па купив кај нас регенератор. Драстична разлика! Сите прозводи на кои позади има декларација на бугарски, албански, румунски, знајте дека е послаб квалитет. Пред неколку години имаше на тв, откриле “фабрика“ за прашок во западна МК, каде некаков си прашок го пакувале во Факс амбалажа. Тоа е една откриена “фабрика“, а уште колку ли ги има? Не сум консумент на цигари ама сопругот за Marlboro донесени од Дубаи Free Shop вели дека се чоколадни во однос на истите кај нас. Каде се произведени цигарите кои 8-9 годишни деца ги продаваат на Битпазар на картонски кутии? За тоа колку заработуваат на нас, може да се успоредат цените на Estee Lauder. Линијата е Белгиска па уште ја немаат ископирано. Во елитна парфимерија во ГТЦ серум од 50мл чини 6200 додека на Евзони за 77ЕУР купив серум 50мл со четири други помали прозиводи. Што се однесува до интернет страница за нарачување козметика, јас парфеми си нарачувам од fragranceX.com. Испораката до МК е бесплатна доколку на крај ставите промоционален код FREE. Некои од цените се исти како кај нас, некои пониски. Конкретен пример, парфем од Versace, Versense 100ml во ланец на парфимерии кај нас чини 4700, на сајтов е 2200 денари. Пристигаат на домашна адреса за 10-14 дена. Продаваат и тестери или парфеми на кои им се оштетило паковањето за уште пониски цени. Ако не е за подарок, паковањето и не ми е битно..... Инаку парфемите се оргинали, имам нарачано повеке од 10 до сега. Има и козметика ама не сум нарачала бидејки не сум сигурна за нијансите. P.S. Ако сакате да нарачате повеке парфеми, бидејки испораката е бесплатна, направете одделни нарачки за да не ви наплатат царина. Еден на мое име, друг на име на сопругот итн.
а која парфимерија? доколку заприметила фалш производи добро е да се спомне, за да не купуваме! ма да јас типувам на една парфимерија, но не сум сигурна ...
За жал не сите имаме финансии да набавуваме од странство-иако цените се дупло поевтини откај нас,и ќе мора да го земаме она што ни се нуди,да штедиме пари и со душа да чекаме да купиме нешто квалитетно за на крај да се покаже дека навистина не е.... имам купено макс фактор маскара-600ден,кога се вратив дома сува целата,продавачката стандард изговор-бидејќи се вратив,-од кај да знам може ја имаш заменето со твоја стара аман.......за шампоните да не зборувам-сите се разредени и кој знае дали е нивеа,лореал и сл....може да е сапунче со вода убаво да мириса...и после ти нудат шампони за сува ,за фарбана коса па дури и за сјај-а тоа е исти к**,имам некаде пишувано за нивеа шампони кога една маалска продавница кај мене до станот, си купи од еден чичко во количка што ги носеше,секако ми понуди и мене се изнакупував и јас-а внатре вода и меурчиња ,а цена како за нивеа.....купувам гош пудра-црвенило на лицето што ми траеше цела недела,отидов без проблем ја вратија...зошто?-бидејчи знаат декс сум во право и дека не лажам оти знаат кој квалитет го нудат.... а за парфемите-што да кажам! па погледнете само на оние пазар 3,огласи некои ,колку нудат оригинали за смешна цена купи од странство,купи од тука-од странство 3дена ќе мирисаш а тука -до првото излегување од врата....... додека не преземе некој нешто амо ќе кукаме,штетата е на нас....да се преземе нешто строго,нека се контролира се,има инспектори ова она,што знам јас.....
затоа јас си се држам до шминките на Аура или Севентин сметам дека најмалку се правени малверзации или фалсификати ем поевтино ем си раат, вака ќе лупнеш многу пари, а зијан, односно можеш да се разочараш. Како јас од пудрата на Макс фактор срце ме боли 900 денари гарант е валсификат, а уште 200-300 денари ќе си купев на Виши.