Зарем може да се споредат шминките кај нас и во странство Многу е нормално дека во вакво мало и напатено државиче ќе праќаат се и сешто а ние сироти ќе се радуваме дека користиме некоја добра козметика. Имам неколку примери но ќе ви кажам само еден. Другарка моја кога била во Франција отишла во некое место каде што се прават креми.(не знам како се вика местото,ама знам дека истите креми ги има и кај нас). Некако успеала да влезе и таму каде што ги прават и нормално сакала и да си купи мислејќи дека цената ќе е поевтино.Но напротив,цената била поскапа и девојчево прашала таму зошто е тоа така.Човекот што работел таму и објаснил дека кремите што се наменети за тој пазар се подруг квалитет отколку тие што се наменети за нашиот пазар,односно со други зборови дека кремите си немаат врска едни со други И така девојчево си се мачкаше со кремата добри 2 месеца и лицето и беше преубаво но бидејќи и се потроши си купи повторно од Македонија. The end
Имам приметено за парфеми. И исто така уште еден пример, регенаторот за коса од Лореал, црвениот, од странство беше многу погуст, отколку кај нас... за жал
Од искуство кажувам дека разликата е за жал огромна, имав проблематично лице кога бев во мк, е како може сега да ми е чисто, а ја користам демек истата пудра како дома што ја користев од мејбилин, но сега од тука ја купив лицето ми е џам, демек климата ми пријала тука, нема веза се познава квалитет.Исто парфемите ги надувале цените во мк, а уствари киријата им ја плаќаш на дуќаните, не се толку скапи со исклучок што више тука се оригинали, што е најжално таму незнаеме ништо користиме плаќаш 50 евра за парфем, а ти продаваат плагијати.Штета голема, но тоа е тоа.
quote] а чекај како познавате дека се оригинал производите порачани од интернет!? [/quote] Interesna Конкретно за вебсајтот од каде нарачувам парфеми, гарантираат дека производите се оргинал, сепак тоа е Америка. Ај може да се каже и дека ризикував првиот пат. Го нарачав 5th Avenue од Elizabeth Arden, тестер, кој чинеше половина од цената кај нас. Сум го користела порано, ја знам амбалажата, го знам мирисот, знам колку трае и се уверив дека е истиот. До сега имам нарачано преку 10 парфеми и сите биле оргинал. Ако не е тестер, пристига во целофанче, со декларација во кутивчето, како од Free Shop. Пратката е со бројче за следење па во секој момент можете на самата страница да го проверите статусот на нарачката.
Извинете вака, ама не можам а да не реагирам. Значи има парфимерии што носат производи од Кина или Турција и ги продаваат нелегално. Има парфимерии што продаваат фалсификати - повторно нелегално. Таквите се за целосна осуда. Но цените на легално набавените производи ги одредува официјалниот увозник и дистрибутер, а парфимериите и да сакаат не можат да стават голема маржа затоа што ќе бидат поскапи од другите. Сакам да кажам (сега пристрасно зборувам, ама морам) - дека има парфимерии што си набавуваат исклучиво од официјалните застапници и дистрибутери, и не се занимаваат со матни бизниси. Покрај криминалот на парфимеријата спомната во твојот случај, уште понекоректно е однесувањето на сметководителот, односно твојата другарка. Во таа работа треба да се заслужи дадената доверба, а не да се кажува по другарки кој какви влезни цени има, и колку заработува. И ајде тогаш, да отвараме сите парфимерии ако не, па да заработиме лесно. Камо да беше така.
во ред е се што си напишала меѓутоа, поентата не беше само дека кај нас се носат фалсификувани производи туку и тие што ги испорачуваат легално, испорачуваат продукти со послаб квалитет. како на пример: незнам дали се сеќаваш пред некои 2-3 години Хрватска докажа дека Ариел што се продава таму е со дупло послаб квалитет од тој купен во ЕУ.
А каде спомнав јас која е парфимеријата? Не кажав ништо што е од доверлив каракер, не ми е јасно зошто таква реакција. Во секој случај, тоа е твојот став, немам намера да спорам со тебе, туку само да потенцирам дека ничија доверба не беше нарушена
разлика има голема во шампоните и балсам во мк катастрофа се ке мислиш вода ставија на тие балсами а за шминките се разбира дека тука се подобри ама многуууууууу скапи
Има разлика, нормално. Братучед ми чувствува разлика од Head&Shoulders шампоните, тука и во USA. Јас почувствував разлика во едни сјајчиња на Clinique. Ми ги донесоа исто од Америка, прекрасни, многу долго ми траеја и мирисаа супер. Потоа, со судни маки заштедив да купам ново од нашиве, и за една недела замириса на скапано. Не ми се веруваше, првово сјајче не изгуби од мирис повеќе од 2 месеци. А ова второво - катастрофа. За парфеми не сум компетентна да зборувам, од проста причина што не можам и не сакам да си дозволам 3000 + ден. за парфем. Сите оригинали ми го носат од странство.
ТЕМА: Шминките кај нас и во странство ? Каде забегавте со шампони и парфеми? Мене ми се најголем дел од сенките купени во странство, така што нив не можам да ги коментирам бидејќи не поседувам многу од тука. Пудрите и римелите ми се исти и од ваму и од таму. Марки како Dior, Estee Lauder и други од тој тип некако не верувам дека кај нас се оригинал, па тие таквите за мене полуксузни сјајчиња/кармини од Free shop ги зимам.
имам добивано многу козметика од странство, од пријатели, некои нивни марки кои се за нив квалитетни, а не скапи и сум презадоволна од тоа што сум го добила. многу ми е криво што кај нас нема голем избор, па и тоа што се носи не е со истиот квалитет на тамошните оргинали. иначе преку интернет ништо не сум нарачала досега
Еднаш вујна ми ми покажува шминка што и донеселе од странство (од Америка). И што да видам- течна пудра (Lancome), куатро сенки (L'oreal), трио (L'oreal), туш (L'oreal), маскари (YSL, Nivea), кармини (YSL, Lancome)... и и‘ кажувам колку се добри брендови и колку се скапи, се разбира. А во главата си мислам-зошто сето ова не е мое?! Нема мене кој да ми донесе од странство, а имам една другарка, и донесуваат братучедките од станство, а таа не зема ништо, не користи шминка. Ова е една од причините зошто би сакала да живеам во странство. Не велам дека кај нас нема добра шминка, има и од горенаведените брендови, ама со платите кај нас не можеме да си дозволиме. :/
Моментално не се наоѓам во странство и верувале или не прва прилика кога имам слободно време киснам во продавниците за козметика, секој ден со нешто мора да се вратам дома.Зачудувачки е колку е различен квалитетот на козметиката кај нас и тука, зборувам за марките како Loreal, Maybelline, Dior, Covergirl, Lancome.....цените се пристојни па за разлика од кај нас некои производи се далеку поефтини.Презадоволна сум, и да би имала можност на сите би ви купила по нешто
^Се наоѓаш или не се наоѓаш во странство? Како и да е јас живеам во странство и колку е различен квалитетот на едно лабело за усни а не пак некои ефикасни креми.И овде сите производи се ОРГИНАЛ,но некои креми или такви рабпти цените малку повисоки,но ако наидеш на попуст (кој често е присутен) можеш да си пазаругав за џабе пари ..Поздрав
Во Македонија( во Кочани) нема многу продукти кои ги користам ама верувам би нашла нешто што ми одговара. Ако не друго Avon да се живи и здрави, но без Paul Mitchel продукти за коса и Olay помадата со пудра во неа, не можам да преживеам
за ова се сложувам со сезнајка имам огромен прашалник за квалитетот на козметиката што ја носат кај нас...како да ја прекупуваат од пазар ??? а да неправам муабет за парфемите .....значи зборувам за големите парфимерии кај нас...Што прават незнам , ама разликите се огромни
И мене ми се случи истото со маскарата на Л Ореал ,силиконската страна беше сосем суба ,ко ништо да немало во неа ,а таа другата мирисаше како со поминат рок ,целата беше згрутчена и згусната! И фино лепо си појдов до парфимеријата ,најкултурно и објаснив на продавачката за што станува збор и таа сирота и дојде в земја да се пикне од срам ,си ја зеде маскарата ,ми ги врати парите без проблем и никому ништо. И си порачав од Авон , ми стгна и се беше ок.
Jас сум многу изненадена колку е шминката поефтина во Aмерика и колку е скапа овде во Aвстралија,кај нас се изгор цените барем според мене,на јутјуб ги гледам овие мејкап гуру,и еве пример за пудра за лице,кажуваат Pевлон колор стеј кај нив е 12 долари,а кај нас е 40 долари,и тоа се секавам пред 2 месеци бев секаде да најдам поефтина и цената е секаде иста,во аптеки,дур во најефтините продавници,цената беше 40 долари,а во Aмерика Bobbi Brown и Make up for ever,ги купуваат за 45 долари,која разлика нели? Исто и со другите марки како Maybeline,гледав на јутјуб едно девојче имаше купено пудра в прав за 3 долари,а кај нас сигурно е повеке
Имам приметено разлика..во странство се навистина поквалитетни, не само шминките туку и другата козетика, особено производите на Nivea и Garnier. Ги имам пробано и тука и во Франција и врска немаат Купив крем Nivea Visage од Франција и супер ми беше ми одговараше на кожата, кога дојдов овде го купив потполно истиот крем за истите пари и никако не ми се упива во кожата
Огромна,огромна разлика. Додека не пробаш,нема да се увериш. Мајка ми има прва братучедка во Америка,некогаш ќе донесе нешто. Прво,шампонот Dove.Еднаш донесе големо пакување,јас се давев во него од што беше преубав,а и косата како ми ја правеше-прекрасна.Зедов од кај нас,мизерија,косата без волумен,мртва без сјај,се наполнив првут,немаше нити убав мирис Сум приметила и разлика на пудри,конкретно Ревлон и Макс фактор,маскари-еве на Лореал добив од сестра ми исто од Америка и подоцна купив од Мкд-таа од Америка ја користев сигурно 6 месеци а оваа ми ја снема за месец,плус целата лепеше,нити ми ги правеше убави трепките. Што има разлика има,веќе ништо не ми се купува од тука.Шампоните станале гола вода.Ги раствораат ли што им прават незнам,отпразни се до пола,абе мизерии.А за цените се први