Шампонот Dove е ненормално добар овде во Америка... Јас од два месеца користење косава како нова ми е, а ставам чат пат и маска за коса Suave - исто така многу добра. Си купив повеќе римели, овде немав прилика да ги испробам како што треба, ама ваљда еден ќе се погоди. Сакав ако знаете да ми препорачате каква пудра да си купам? Немам некои посебни желби имам чисто лице, ама сакам да покрива и да трае, зашто повеќето пудри ми упиваат... Па ако имате некоја препорака кажувајте побрзо, зашто утре планирам да купувам тоа
Хммм,како ми се прават дека е оригинал,залепен парфемот во проѕирна фолија и со стикерот за оригинал,кога на кутијата пишува edp,a на парфемот внатре си пишува убаво edt 100ml e.И се осеќа дека не е парфем,не трае.Од скопска парфимерија е купен,само незнам од која,така да обрнете внимание на тоа,а и на амбалажата.А на оригинален друг што имам дома си има и едно пластично со бар код залепено на него,ама тој е купен од Австралија. Овие во Европа сите мучки прават. А кај нас особено,многу прават вакви мучки,после како нема да има разлика во производите... А и се нешто ги разредуваат,ги прават полоши во споредба со другите земји.А и увозот е различен за кај нас,во споредба со другите држави. И некои производи што беа добри на почеток,потоа ги расипаа.
има огромна разлика.значи таму најобичен обичен шампон за евро и 60 центи беше преубав,а овде лупај си и пари и што сакаш,кога квалитет нема . јас си се обезбедив со некои шминки од странство,задоволна сум сега
Ите како има разлика ! Прво овде ги нема сите марки, има само неколку најпознати... А и тие не ми се баш оригинал..
Разлика има нормално дека има само што зависи некогаш и како ке ти одговара и производот и до самите ние еве еден мој пример шампони за коса провав и од италија и од кај нас за против пагање на коса ама резултат немаше ниту од тоа ниту од тоа еве сег авеке подолго време ваш енд го од коприва и малце ми се смири косата а пред тоа се изнафрлив пари и кај нас и од италија сепак има работи кои и кас нас се добри за мала цена и кај другиве земји има нешто добро инаку сакам да кажам еве во италија ефтин шампон или нетшто римел или сјај кога сакам да си купам цената е висока 15 евра за еден римел а оние што се 10 евра само 5 пати да ставиш и заваршил. додека пак кај нас за 150денари римел има преубави поентата мие секаде има нешто добро и нешто што не одговара
Имам пробано доста производи тука кај нас и во странство. Барем кај нас од попознативе парки скоро се имам испробано, а некои од нив ги имам испробано и во странство. И погодете што? Јас драстична разлика немам приметено. Мене ми е апсурдно тоа што го велите дека кај нас немало квалитет немало ова немало она, се било шкарт, се било фејк, ништо немало оргинал.... Лореал, Макс Фактор, Диор, Клиник, Ланком, Артдеко, се исти и кај нас и во Германија, и во Италија и во Грција. Дебора сенките би рекла дека се дури подобри кај нас, не сте помислиле дека можеби сте алергични на некоја состојка па затоа ве чештаат очите иако на другарка ви и одговараат прекрасно? Или за било кој друг производ, не сте помислиле дека ако маскарата сте ја купиле сува дека и истекол рокот или била отворена претходно па се засушила, а не дека кај нас не е оргинал туку дека е некоја копија Ми се има случено и мене, не викам не, да купам сува маскара па без проблем ми ја замениле со фискалната сметка. Секаде заменуваат со фискална сметка, само не враќаат пари туку може да си земете друго било што. Ќе ги издвојам поскапиве Диорот на пример, зборам за пудрата Nude кај нас и на фришоп е буквално истата и нијансата и квалитетот и се, па дури и цената не се разликува многу некои 300 ден. Тоа за заработувачката со парфемите исто така не се вклопува со муабетов, маржата си е некои 30% на 99% од добавувачите церини,даноци..., плус продавачот што си става маржа исто околу 30% ете ја цената на парфемот. Увезен за 2000, продаден на парфимерија за 3000, продаден на купувач на 4000 и нешто. Парфемите се истите и тука, иако поголем дел ми се од странство заради цената секако, истите парфеми и тука исто мирисаат и исто траат. Заклучокот е, или сте баксузи и налетувате на такви производи, или купувате од непроверени места (најлуксузната парфимерија не е проверено место) секогаш на декларацијата гледајте го увезникот што е многу по битен од продавачот. Значи одреден број на производи ги увезува само една фирма, Макс Фактор увезува Еликрис, Лореал увезува Тим Поинт, Версаче, Живанжи, Клиник, Есте Лаудер, Буржоа увезуа Орбико итн... да не ги набројувам ќе си се информирате по интернет. Тие се овластени дистрибутери и мене од нив ниеден производ не ми излегол различен од она што е во странство, а верувајте имам пробано многу.
Хмм... Јас имам сенка за очи од мк и задоволна сум многу ова лето пак ќе си купам. Инаку не се разбирам многу од разлики бидејки се ми е од швајцарија. Баш ке видам !
Ние што не сме во ЕУ ни носат тотално различна козметика! Која не е ни слична со оригиналот. На пример парфемите кај нас не се оригинал! Тестерот што ќе го пробаш со парфемот што ќе го купиш нема врска. Праат некои далавери што би се рекло. Значи чоколадото милка оди во АВСТРИЈА,Белгија,Германија не е исто сега ова не е козметика ама сакам да кажам општо дека не праат будали.
Jas imam vpecatok deka nam ovde ni se servira sosema razlicen kvalitet na proizvodi za razlika od stranstvo. Brat mi zivee vo Praga i ednas mi donese sampon Elseve, kosava vo zivot ne mi bila poubava i po sjajna.si rekov konecno najdov ubav sampon.istiot tuka go kupiv i se razocarav.
mami blue истото ми се има случено и мене. Имав од шампон за волумен од еlseve од англија и од македонија и во споредба со оној од македонија...речиси и да нема споредба. Првиот даваше огромен волумен, ја оформуваше косата додека другиот ми ја оставаше косата неудобно цврста на допир, никаков волумен и дополнително ми ја мрсеше. И да напоменам дека направив пауза од еден до друг така да не се работи за навикнување на косата на шампонот. Ова беше пред некоја година, можеби сега има разлика. Во македонија веќе стана навика да не се забележуваат тврдењата на производите (пр. волумен, издолжување, матирање и слично) зошто очекувањата ни се толку намалени што очекуваме само да личи на шампон/маскара/било што за разлика од други места каде што ако пишува нешто на пакувањето значи дека така треба и да се однесува. Не само со конкретниот шампон од погоре, туку и со други производи имам забележано голема разлика од оние кои се продаваат во македонија зошто често патувам и купувам производи од други земји. За некои производи во македонија знам и со сигурност дека не се оригинали, дека се препакуваат и дека речиси е и невозможно да се препознаат од оригиналите. Погоре имаше и пример со парфемите каде што разликата во трајноста од тестерот до производот кој го купувате е премногу очигледна. И јас прво ја испробувам трајноста на парфемот пред да го купам и ми е мака што сум фрлила многу пари за производ кој е различен од тестерот за истиот.
Јас само во цената имам забележано разлика Рака на срце, не можам да посочам производ купен од странство кој по квалитетот ми бил забележително поразличен од оној купен тука Без разлика на тоа дали станува збор за препаративна или декоративна козметика.
Има разлика дефинитивно. Производи што се правени за различни пазари, така и квалитетот на состојките во еден ист производ е различен од оној што е правен за америчко тржиште од оној за земјите од трет свет.