Малце е глупо да го правиш истото тоа против кое се бориш, башка тоа со парите и 'let me tell you how I got this ring' го руши секој аргумент дека поентата е да се биде безобразен. Еве немам проблем ама ич дека спомнува што сака во сексот отворено, ама тоа дека the end result е да се ќари некој богаташ богами е итекако деградирачки и уствари не е толку што таа сака во сексот, туку дека има вештина да го прави сето она за кое 'сонува' секој маж и на тој начин да го 'ќари'.
Пред 'let me tell you how I got this ring' има 'I don't cook, I don't clean'. Сака да каже дека добила прстен, а не е класична домаќинка ко што би се очекувало од жена шо е wife material.
Ок, а ова? Башка, ја запросил поради сексуалните вештини? "Pay my tuition just to kiss me" "He got some money, then that's where I'm headed Pussy A1, just like his credit" Значи, пичка се добива за пари е пораката?
Затоа што е рап песна Мислам дека фокусот на целата песна е ставен на женското задоволство за разлика од машкиот рап којшто е пораспространет и често ги деградира жените.
Ти објасни ми ги речениците што ги цитирав, дали не е тоа деградирачки за жената, да го продава телото за пари. Темата не е дали е рап песна, знаеме дека е, но што промовира текстот? И не, не е фокусот на женското задоволство со самото тоа што целта на сите овие 'задоволства' е да се добие богат маж. Ако беше така, нека беше темата секс за една ноќ.
За рап е нормално да се фокусира на секс. Песнава WAP на страна што не ми е по мој вкус, cause it's too much. Сепак не треба да си сфаќаме како да е навреда за цел женски род ако некоја девојка сака да има секс со богати мажи. Ако некој е принуден, да, погрешно е. Но во случај ако сам одбираш што правиш, тогаш е ок. Твојот живот не го афектира мојот. Е сега ако некој си ја земе песнава како role model за како во животот треба да се однесува едно женско тогаш си лесно изманипулиран од се што ни сервира Интернетот. Еве јас си слушам песни од Doja Cat, во една од нејзините песни нагласува дека не и пречи да има секс со мажи кои што се во брак. Иако не го подржувам тоа ок ми е да слушам. Ми се допаѓа нејзиниот глас ама не значи дека морам да се сложам со она што го пее или пак да превземам пример од тоа што го слушам или гледам. I'm my own person. А за искоренување на шовинизам барем овде лек нема да се најде уште многу долго. Генерално додека постојат луѓе ќе постои секогаш некаков вид на дискриминација. Освен да се направи еден Ресет на планетава па да се создаде нов Човек, but that's already another topic
Истиве анализи за WAP ги правеше еден од најголемите конзервативци на планетава, Бен Шапиро, поинаку познат како најпатетичното олицетворение на патријархатот, па видете вие сега. WAP е рап песна. Во рап песните буквално само две теми се вртат: секс и пари. Машките рапери немаат песна во која не зборат за секс, ама во моментот кога жена ќе направи песна во која експлицитно збори за секс тогаш е деградирачко за цел женски род. Хмм... Зошто да е деградирачко? Не дека сметам дека е специфично empowering да посветиш песна на тоа колку си добар во кревет, нити пак го сметам за врв на уметноста. Ама колку што можат мажите да прават такви песни и да не ни трепнува око, треба да можат и жените, без да се создаде твитер револуција за тоа како да е најголем скандал. Самиот факт што се потенцира песната на Карди како деградирачка за женскиот род, а песните на маж и' Офсет кои имаат буквално иста тема не се сметаат деградирачки за машкиот род, укажува дека сме прилично шовинистички настроени кон жените, ама ваљда на википедија не го пишува ова, шо знам.
Јас песнава повеќе ја доживувам како контрашовинизам. Ако може машки рапери да користат ваков текст во песни (што е реално во речиси секоја рап песна), зашто да не може истото да го искаже (т.е. да го опише од женски аспект) и некоја жена? За жал, многу работи зборувани од страна на жени се сметаат за табу теми, додека за мажите како сосема нормални.
Не сум фан на Бен Шапиро, ниту на некој конзервативец, ниту на некој либерал, за мене и двете страни претеруваат и манипулираат. За песната: Да е текстот за тоа што сака жената во сексот отворено и дрско би ми било контрашовинизам, ама тука не е така. Текстот е дека има секс исклучиво со богати мажи и дека со сексуалните вештини си заработила брак. Зошто не е текстот 'јас сум богата, јас ќе бирам со кој ќе се ебам и јас ќе му кажам како, има да ме слуша'. Еве како би била контрашовинизам. Аргументот дека не треба да си сфаќаме лично ако некоја сака да има секс со богати, да, но тогаш не треба ни машките рапери да ги сфаќаме како шовинисти, тоа е нивно доживување на жените. Не се согласувам, денес cancel culture на велико коси сѐ пред себе (еден од најголемите великани на класичната музика, Вагнер, е cancelled, бидејќи бил нацист. Прво, не бил, Хитлер бил негов фан, второ, во своите дела никаде не промовира нацизам, неговите Опери се на митолошки теми). Ако може да има вакви примери поради тоа што промовираат неприфатливи вредности, тогаш и Cardi B треба да се забрани. Контрашовинистичка е песната на Бијонсе-Irreplaceble, прочитај го текстот.
Јавните личности стануваат role models, ми сметаат вредностите што ги промовира, не би сакала ни ќерка ми ни син ми да мислат дека е во ред жените да си го продаваат телото. Јавното мислење го создаваат јавните личности, ова е отварање пат за шовинистите, можат слободно да речат 'вие самите така размислувате за себе'.
Не е исто да си проститутка, јасно и гласно да си има цена за твоите услуги, што исто така не е нешто empowering, но ајде да речеме дека е професија и да се ебеш за брак со богат. Да нацртам, второво кажува 'жените поарно да научат како да се дупат и да најдат некој богаташ оти самите тешко дека ќе се збогатат'. Проституција е друга тема.
Мене не ми е јасно како жена со тоа што произлегува како проститутка ти е шовинизам кон сите жени. Песната ниту повикува за проституција, ниту говори за тоа дека сите жени се проститутки.
Една жена можи какви шо сака избори да носи за себе. Шовинизам е да ги успорваш тие избори дека се долни, продавање на себе, лесни и сл. Не е шовинизам дека ги прај. Во случајов, ти влегваш со предрасуди за женски избори и сексуалност, не та шо ја напрај песната.
Не е проституција да се ебеш со богаташ за да се омажиш, проститутка е да се ебеш, да ти плати и толку. Песната не повикува на проституција, но испраќа порака (да повторам, затоа што Cardi B е јавна личност, јавните личности го обликуваат јавното мислење) и промовира лајфстајл на бркање богаташи за да се омажиш. Не ја осудувам Cardi B како индивидуалец, туку тоа што го промовира песната, пејачката може како сака да си го живее својот приватен живот.
Не ја осудувам Cardi B како индивидуалец, туку тоа што го промовира песната, пејачката може како сака да си го живее својот приватен живот, ја осудувам пораката која ја испраќа песната.
Во рап песните текстовите се за/според индивидуата чија е песната, односно се лични, а не пропаганди. Не знам дали знаеш ама Карди Би има работено како стриперка, и повеќето песни се инспирирани од тој период, всушност од нејзиниот личен живот.