Многу е очигледно како воопшто не гледате колку е жената понижена и сведена само на секс објект општо во рап музиката, а примеров со wap е само олицетворение на тоа. Не дека не ги слушам песниве, ги слушам зашто се направени лесно да влезат во уво, ама дека се деградирачки - се и тоа многу, без разлика дали изведувачот е маж или жена.
Па секој автор тргнува од себе горе долу, уметноста, музиката не е политика, но сепак cancel културата го забранува Вагнер како некој кој бил нацист и кој би бил лош role model, ако е така, истото треба да се случи со Cardi B.
Нивно доживување на жените вс искуството на Карди. Ова е нејзино искуство. Нејзина песна. Ама радо би рекла дека раперите не се шовинисти ама Карди ја распнавте. Ти имаш проблем со пораката шо е пренесена зошто не е шовинистичка. Не шовинистичко и анти шовинистичко би биле башка поими. Зошто збора за избор шо некои жени го прат. И се осудвани за то. Во иста реченица велиш "па ко так раперите ок се". Лол не. То е, ко шо рече, нивно доживување на жените и јас би рекла доста шовинистичко зошто плукат цел женски род зошто му се можи и баш му се можи. Оти никој не ги осудва. Оти сите скокат против едината жена шо ќе пеј на иста тематика, за нејзините искуства згора на се. @Lella чинам рече. Се е веќе видено. Бен Шапиро ја рецитираше и плукаше песната. То кажва доволно.
Сметам дека никој артист не треба да биде забранет. А, тоа што политиката е речиси секаде навлезена за жал е точно.
Тоа дека Бен Шапиро не чини, не е аргумент дека песната чини. Јас ги осудувам и машките рапери и сите изведувачи и автори кои ја третираат жената како сексуален објект, нормално зборувам во мое име на форумот, не во име на Бен Шапиро (чиешто видео не сум го ни гледала, ниту пак сакам, јасно ми е дека си тера агенда). Ако сакаме шовинизмот да се искорени треба да престанеме со зборот 'курва' и мажите, а уште повеќе жените.
За, ако cancel culture се однесува на делото, а не на авторот. Ако јас како автор сум да речеме неонацист, ама песните ми се на пример како на Владо Јаневски, не би требало да бидам cancelled. Може да ме затворат поради моите незаконски активности, но тоа нема врска со моите дела. Ако во делата промовирам неонацизам, сметам дека е оправдано да сум cancelled.
Зошто мислиш дека некој јавно би се претставил како педофил или би поддржувал? И не е океј да споредуваш педофилија и проституција.
Не споредувам, кај виде споредба? Ти рече дека не поддржуваш cancel culture, јас те прашав "што ако во песната се спомнува педофилија, да нема санкции?". Напиши на Јутјуб "Притвор за педери", таа песна ок е да постои? А зошто некој јавно би се претставил не знам, еве нека не е педофил, нека е хомофоб.
Проблемот со ова е, делото е на авторот и тие се едно. Некој седнал и го смислил и направил делото шо ти го неќиш и сметаш дека е лошо. И то би збирало за нив како чоек и зато во моменталниот модел на ваквата исклучувачка култура се напаѓа авторот. Од друга страна ако авторот е нацист, педофил или не знам шо друго, луѓето бираат со не слушање и поддршка на негова музика, да не го полнат со пари јер мислат дека таков чоек не заслужва. Јас лично не поддржувам cancel culture. Ама делење на автор и дело е блиску до невозможно, како шо и пишав во примерите погоре.
... Ако јас седнам и пишам за лоша тема и некој ми ја "исклучва" песната, то збора и за мене како автор и изведувач на песната. Не можиш да одделиш авторот од делото. Оти свесно прифатил да изведи делото.
Не поддржувам cancel culture сè додека делото е во границите на нормалноста. Педофилија дефинитвно не е. А, педофилија и хомофобија се тотално различни работи. Првото е злочин и незаконско, второто е личен став. Не ја имам слушнато конкретната песна, ама сметам дека ако некој не поддржува хомосексуалци и сака да го искаже тоа, не би претставувало никакво загрозување во споредба со педофилија.
Ајде вака. Запнав со Вагнер, извини, ама тоа е музика која вистински ја познавам и ми е полесно да дадам пример. Вагнер е не само композитор, туку и основач на цел композиторски правец и цела една линија на композитори следбеници на неговиот правец постои до ден денешен (Рихард Штраус, Брукнер, Малер). Неговите опери се со митски теми, неговиот придонес за класичната музика не може да се оспори. Како може да се избрише неговото име од историјата на музиката, како ќе се објасни појавата на сите композитори следбеници на неговиот стил? Нека се плука по неговата политичка ориентација слободно. Муабетот ми е, неговите дела немаат никаква врска со Хитлер, а сепак се cancelled, зошто да не може да се оддели авторот од делото? Приватниот живот е приватен живот, јас можам да сум најголема гнаса, ама ако сум добра фризерка ти ќе доаѓаш кај мене.
Тука се согласувам и сметам дека неправедно е cancelled, исто и за тиа дека доколку самите ставови на авторот немаат врска со музиката не треба да биде забранет, ти ја сфаќам поентата за ова.