Женски шовинизам имало во песнава? Каде? Женски шовинизам имаше во една песна што победи на Евровизија пред некоја година... Друго е фркава со песнава од Карди, туку има пострашни песни од машки изведувачи... Имаме проблем со шовинизам, да. Можеби повеќе од било кога. Како против шовинизмот? Со воспитување дома. Од дома иде се'. Научете ги децата што е (не)правилно и дајте им т.е. бидете им пример. Вас ве следат тие.
Во која песна к***ата нагласува дека би спиела со маж во брак? Колку ја мразам оваа одвратна фаца. Иста е како Карди Б и Ники Минаж. Уште една таква грозотија не ни фалеше.
Во "Need to Know" пее за тип кој што има жена, нешто во стил дека she doesn't give a fuck about the wife. Вообичаено рап песни се секогаш over the top sexual. Така да рап не е за секого
Знам тешки шовинисти. Се лупаат у гради као Ау Македонија, и само брача Срби ги признаваат.По сѐ друго со дрва и камења, никој не чини, Македонија е најдобра, Македонија е света земја блабла Ја па сум скроз обратна.Ја сакам земјава би се борела за нејзе, ама далеку сме од најпаметни, најдобри, вакви такви.Ја сум реална барем
Машкиот шовинизам е премногу застапен на Балканов, посебно го почувствував тоа кога се зачленив на еден ултра шовинистички форум каде што женското мислење се рамни со 0 а машко да лупне и најголема глупост се вреднува, набрзо потоа напрвив нов профил како машко чисто за тест и одеднаш сите мислења ми добиваа позитивни реакции, значително повреднувано отколку да се пишев како женско. Исто и на you tube кога пишувам под машки ник добивам многу повеќе лајкови отколку како женско. (не се однесува на странски канали, само на Балкан)
И женскиот шовинизам зема замав.И на форумов се гледа. Жена ѝ верува на жена само ради тоа што е жена и минимизира или негира насилство врз мажи.