1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Шокантни и сензационални наслови и вести

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од expert, 16 април 2013.

  1. expert

    expert Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    266
    Ја отворам оваа за да споделуваме некои вести од нашите медиуми кои се намерно сензационални и шокантни за да предизвикаат читаност и посетеност на нивните интернет страници.

    Ова воопшто не е нова појава, ниту пак е само кај нас, стара е колку и самите медиуми, а ја има во целиот свет, ама особено зема замав со секојдневното зголемување на бројот на интернет порталите кои во потрага по поголема посетеност пишуваат се и сешто.

    Има безброј примери и баш тука сакам да споделуваме такви вести кои се непотребно шокантно или необјективно претставени. Исто и други трендови од медиумите кои секојдневно ги гледаме и ни пречат.

    Најдиректно за оваа тема ме провоцираше сајтот mkd-news кој има една категорија кој го нарекуваат истражувачко новинарство, ама објавуваат шпекулации, дезинформации, урбани легенди и разни други полувистини и лаги.
    Обично тоа се преведени стари статии од странски медиуми и форуми и се презентираат како шокантни новости.

    Немаше воопшто да ми пречи ако темите ги разработуваа подобро, ама тие објавуваат шпекулации кои ги објавуваат како истражувачко новинарство. И има многу луѓе кои ги читаат и веруваат на тие вести.

    Еве примери какви теми објавуваат, таму нема ни 10% вистина,
    http://mkd-news.com/category/what-do-you-think/

    Дали имате некои вакви примери од нашите или светските медиуми?
    Дали ги читате и им верувате на медиумите кои имаат обичај да објавуваат вакви вести за да си привлечат популарност?
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Мене прво нешто што ми паѓа на памет по повод темата се оние фејсбук читачи за кои ако сакаш да имаш пристап до содржината, мора да им удриш like и да им дозволиш да ги промовираат вестите од сопствениот сајт на твојот профил кога сакаат и колку сакаат, како и да објавуваат што си читал оттаму во моментот.

    Мамецот се екстравагантни наслови кои најчесто немаат многу врска со содржината на самата вест.
     
    На buba4e89 и sweet-star им се допаѓа ова.
  3. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Некои медиуми лажат прават паника меѓу луѓево нив ме треба да им веруваме преовеличуваат :(:(
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.145
    Допаѓања:
    76.557
    Пол:
    Женски
    Постојат премногу глупави и без врска вести и статии по сајтовите. Постојано се дава некоја лоша, нереална и искривена слика за настаните. Човек не знае на што да верува... еве за Марко Чаласан, самиот се пожали, го направија како бездомник, готово, како да е сам на цел свет. Претераа... во ред е да се сака да се помогне но има граница.
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    "Нема да верувате што и се случи на Ким" а таа уствари се сопнала и паднала (facepalm)
    ''После ова веќе нема да ја употребувате оваа состојка" изазивала канцер и 300 други заболувања.
    "Ќе ослабнете за 2 дена само со компир" абе жими мајка :rofl:
     
    На Elissa и crimson им се допаѓа ова.