Највеќе сакам сет од 6 шољи комплет да ми бидат.Не сакам распар на шољи сите во различна боја и плус големи.Воопшто не ми е убаво кафето во голем филџан и со некој дебел порцелан. Највеќе уживам во кафето ако е тенок порцелан со средна големина и најчесто во бела боја со некој минималистички детаљ во златна или сребрена боја.И секогаш сакам филџан со тацна комплет. Утринското кафе го пијам во мојот омилен филџан со "столче",уште еден ми е останат од 6,ама па најслатко ми е кафето ете баш во тој филџан.
Иначе моментално оваа ми е омилена шоља: Не е многу голема, формата ми е совршена, доволно тенка е. Дрвениот подметач го користам врз шољата кога пијам чај. Ми се допаѓа и бојата, некоја светло ivory со ситни точки расфрлани.
Јас си имав една омилена, целосно ми беше погодена, ама си ја искршив. И се уште си немам најдено шолја која ќе ја замени. Некако обавезно имам некоја замерка. Да, пребирлива сум многу за шолји, за чај имам посебна, една поголема и поширока, а за кафе повеќе сакам да е повисока и потенка. Немам никaков сет, за гости сите различни, забавно да е.
За чај, вакви филџани ми се многу убави. Спојлер: Филџани за чај Ако има некој информација каде се продаваат вакви филџани за чај нека ми пренесе. Благодарам однапред за одговорите. За кафе вакви филџани ми се поубави. Спојлер: Филџан за кафе
Имам две омилени, една за какао, другата за чај. За вода имам голема стаклена чаша од 400 мл. Не преферирам баш да ги сменувам. Ако ми се погоди ја користам нонстоп. Имам неколку кои не ги користам, стојат како украс на полица во кујната. Слични се на овие само имаат ,,нозе" и не се баш стабилни за користење. За гости посебен сет се користи, помали и поголеми едноставни филџани зависно како преферираат.
Вакви сакам. Година дена више ги гледам на Алиекспрес. Ама знам дека и да ги купам одма ќе ми помине меракот, нема ни да ги користам и само за украс ќе ми стојат.
Припадник на клубот огромен. На оваа и го имам меракот ќе ди порачам од simplycated да ми ја изработат
Од кај можам да најдам елегантен сет на шолји за кафе? И барам на мајка ми роденденски подарок. Пред многу години доби еден сет од Вицко и преубав беше, нежен, тенок, елегантен. Сакам делот кај што се пие да биде тенок. Не сакам дебели филџани за кафе. Барав на сајтот на Вицко, ама моменталните не ми се допаѓаат. Имаше едни на Комодита, исто така пак дебел филџан. Значи кај можам да најдам елегантен, со елегантна и едноставна шара, или воопшто и без шара, сет филџани? Вакви продавници за работи по дома не знам многу, па си реков некоја феминка сигурно ќе знае
Еве и јас сум дел од тимот. Вечно во потрага по шолји, ама имам и една мана, коа ќе накдам убава, морам да купам поише од страв да не се скрши. Долго пиев кафе во белите на Гранд арома со градово, Барселона, Лондон, Парис...ако го памтите сетот. Тоа ми е точна мерка, совршена форма, тенка за пиење. Сега пијам моментално во оваа. За чај сакам поголеми. Претежно бирам сина, розева или лилакова шолја.
Тие чаши од Гранд со градовите се преубави, колекција им направив и јас. Ги испокршивме, уште 2-3 останаа, а имавме сигурно повеќе од 5. Јас дека турско не пијам, за јогурт ми се тие ама ги обожавам. Преубава ти е и оваа чашка.
Е сеа обратно. Не дека не ми се допаѓаат тие што пред година и нешто сум ги споделила, туку веќе подолг период многу ми се допаѓаат ретро дизајни со ретро шари.