Мислам ваква тема треба да има ,ајде да видиме колку ве има шопингхоличарки.На оваа тема сакам да коментираме за дел од нашитата гардероба дали може да се носи понатака или да оди во канта.Може да постирате лични модни парчина и после да се даде коментар дали може тоа парче да се користи или да оди во канта,е сега ако му се свиде темава на модераторите, ако не нека ја бришат слободно.
Шопинхоличарки Мене ми изгледа темава океј , но во моментов немам некоја слика од посебно парче облека
Шопинхоличарки Темата е иста како емисијата што ја има на пинк- шопингхоличарке Интересна е,па од утре почнуваме!
Шопинхоличарки Епа незнам зашто, ама мене секогаш ми е традиција на Божиќ да си го средам плакарот и сега само што завршив. Па еве ја листата колку парчиња облека имам и летни и зимски : -54 маици по кратки ракави -19 маици по прерамки -6 маици со отворен грб -33 маици со долги ракави -23 пара панталони (само еден пар бели ) -7 пара бермуди -11 пара шорцеви -14 пара сукњи -9 пара хеланки -4 пара тренерки -6 пара туники -18 пара фустанчиња за излегување -6 фустани (долги свечени, балски), но сега морам уште еден да шијам, бидејќи сестра ми се вери и почнаа подготовки за свадба -3 пара обични фустанчиња за не толку важни свадби и коктели ( ) -9 пара фустанчиња за на плажа -12 пара бикини -36 пара чорапи -21 пар хулахопки (и тенки и дебели) -12 ташни -13 плика -16 пара јакни (капути, мантили и сл.) -29 пара чевли (15 се штикли само ) -9 марами -26 менѓуши -17 ланчиња -5 пара алки -13 венчиња -7 стекачи И толку! Што да правам кога сум толку голема шопинхоличарки? Не можам против себе!!
Шопинхоличарки Не е поентата колку имаш, поентата е дали се добри тие парчина,и да одредиме кое е за во канта а кое може да оди и понатака. На пример ете можете да ставите неколку парчина од гардеробата па да ги прокоментираме за секое парче посебно ,не значи да биде комбинација, може на пример само блузички, или само чевли мешано не е битно што ташни накит све.
Шопинхоличарки Знам сватив за што е темата и некој ден ќе ставам слика и од мое парче Инаку денес дадов во хуманитарни цели многу облека!
Шопинхоличарки Па некој нека го скриши мразот, јас ке ставев ама фотоапаратот ми е на поправка, за некој ден ке ставам.
Шопинхоличарки Мислам дека ја сфатив суштината на темата, па решив да го скршам мразот. Дали ова (Старо 2-3 години) плисирано здолниште со цветен принт би го носеле вие или местото му е во канта? Не ми излегуваат убави слики, па затоа на првата не можете да видите речиси ништо. На втората слика се обидов убаво да го доловам принтот и плисето, но колку успеав во тоа не знам.
Шопинхоличарки Да си го носиш многу е убаво. Нема врска што е старо 2-3 години-па не е многу! Може многу убаво да се комбинира-но тоа во друга тема
Шопинхоличарки Jagoda123Убаво летно парче , разиграна шарка и ствара доста младешки изглед кој нам ни е потребен, според мене може да поминине
Шопинхоличарки И мене ми се допаѓа , можеш да го комбинираш со нешто еднобојно , ептен убава комбинација ке имаш
Шопинхоличарки Па може и сега да си го носи,не само на лето,доколку другите парчиња би биле еднобојни а само здолништето да се дели од останатото.Мое мислење! Еве примери
Шопинхоличарки И мене ми се допаѓа ова парче,мојата замисла е еднобојна блуза или корсет,римјанки и некои интересно парче накит и мала ташничка,незнам,така ја замислувам оваа сукничка значи може да помине
Шопинхоличарки Само што ја приметив темата....Имам неколку парчиња за кои се двоумам.Па ќе ги постирам утре