Шопинхоличарки За на плажа,за по дома,онака без врска некоја прошетка или до другарка,но само на лето!
Шопинхоличарки Jagoda123-Абе каква канта прекрасно е,какви се комбинации не би излегле од тоа Elisabeta-Јас искрено не би го носела здолништево Инаку преголемо Браво за групава
Шопинхоличарки Jagoda123 секако дека не е за фрлање многу е убаво и може многу убаво да се искомбинира. elisabeta и ова парче мислам дека не е за во канта, го замислувам во неколку летни комбинации и мислам дека предобро би стоело.
Шопинхоличарки Мене не ми е јасна темава. Нешто мене ако ми се свиѓа и мислам дека може да го носам, зашо ќе ве прашувам вас? Ако не ми се свиѓа савршена приказна, нема да го носам. Или некоја друга цел има темава?
Шопинхоличарки Oвде се дискуира за тоа парче дали да се носи или да оди во канта ,не мора да се примат советите ако не се сака ,па тие што се големи шопинхоличарки сигурно имаат многу парчина што се мислат дали да продолжат да ги носат или не.
Шопинхоличарки Мене многу ми се допаѓа темава,секој може да постави одредено парче облека и форумџиките да дадат одредено мислење за него,но ако на нејзе и се допаѓа и смета дека може да го носи нека си го носи Jagotka123 сукњата ти е преубава и потполно се сложувам со Mermaid90 можеш да направиш прекрасни комбинации.Elizabeta јас не би го носела вака за надвор освен за на плажа или за по дома.
Шопинхоличарки Браво за темава, одлична е. Деновиве и јас ќе сликнам нешто, само да ги ископам од плакар . Има многу работи што не ги носам, а ги чувам. Се си мислам дека ќе им дојде време и на нив. Мајка ми се што не носела на времето фрлала и многу ми е криво. Ама вака повеќе глави се поумни, па совет и мислење никогаш не е на одмет. Инаку нормално дека секој што прашува си има право да прифати или да игнорира нечие мислење. Јагода123- Преубава е суќната, јас дури и би си купила ваква (секако за во лето, со еднобојна маичка) Елисабета- И јас мислам дека е за на плажа, низ дома, двор, до комшии кај другарка... или ваква прошетка/плажа (претпоставувам сликава е во Св.Наум
Шопинхоличарки elisabeta јас искрено не би го носела , хмм можеби како што веќе кажале другите , за на плажа .
Шопинхоличарки Jagoda123-Здолништето е прекрасно !Да не си помислила да го фрлиш elisabeta-Искрено не ми се допаѓа.
Ова сако е на мајка ми.На неа и е мало па ми го даде на мене.Инаку старо е сигурно 10 години. Многу убаво ми стои и струкирано е што ми е многу важно,но проблемот ми е во овој принт. Некако премногу ми е јако и впечатливо.И му се мислам дали да го носам. Што мислите вие,би го носеле ли?
Mermaid90 да јас би го носело, можи да го носиш на црни тесни фармерки со црна маичка или корсет или пак на црно тесно фустанче мислам дека убаво така ќе стои.
Елизабета јас би си го носела слатко изгледа Mermaid90-би го носела со црно фустанче или панталони,значи едноставни еднобојни работи.
Јас лично не би го носела не затоа што сакото не е убаво него затоа што јас не сум некој љубител на тигрести принтови.Но и јас мислам како другите феминки дека ова сако многу добро би одело со црна рамбовка,цефка фармерки и салонки.