Мене баш ми се свиѓа .. може да се комбинира многу убаво а и ако добро ти стои мх мх .. мене ова никако не ми е за во канта !
Го купив ова фустанче и тоа соленко пред 5 години и повеќе не го облеков,затоа што долу е како балонче и мислам дека повеќе не се на мода,а ми е криво што скапо го платив и се мислам дали некогаш повторно да го облечам,што мислите вие????
jas vo juni si kupiv vakvo kozno .. i to soleno go plativ.. i ne se delam od nego.. i spored mene nosisi go jas sum barem zaljubena vo toj print mnogu e uboo !
Хмм, интересна е темава, ми се свиѓа и мене ме потсеќа на таа емисија ,ја гледав едно време, незнам сега дали ја има уште. Инаку што знам, темава до негде осеќам дека може да се поклопи со како да искомбинирам, ама ете ако некој постира некое парче и не праша дали да го носи уште, сигурно сака и модна инспирација, како да го искомбинира со некои други, да речеме понови и помодерни парчиња. Па по своја желба, можеме да ставиме и неколку сликички во спојлер за инспирација. Како и да е, фина тема
Не би го носела и јас фустанчето.Некако премногу ми е детско така.И не ми се допаѓа воопшто.Или некако измени го или вканта
белата трака/машна ако може извади ја.и пробај скрати го тоа белото доле,единствено така. А како сега што е-не! не се во мода веќе но во секој случај не го фрлај,можеби некогаш ке се врати во мода пак
mal.eckaДа не речам во канта пошто скапо си го платила ,ке речам на таван можеби некогаш ке дојде и таа мода
И мене не ми се допаѓа така да мислам во канта или како што кажаа и самата на таван и чувај го за на маскембал.
mal.ecka јас не би го носела, но бидеќи скапо си го платила можиш да го преправиш некако тоа белото долу да го извадиш и таа лентата горе или пак чувај си го па можеби ќе се врати модата.
Или скрати го тоа белото доле,како балонче што е или канта.Ако го скратиш барем ќе добиеш едноставно црно фустанче кое можеш секогаш да си го носиш.Никако немој да го оставиш така и да го чуваш во случај да се врати модата.Прашање е кога ќе се врати и дали воопшто ќе можеш тогаш да го носиш тогаш.
Ако го извадам тоа белото Спојлер ке ми се гледа задникот прекратко ке биде,ке си го чувам за идните генерации
Дали би го носеле ова фустанче.Нови ми е,не дека е нешто но ради должината некако чуствувам дека ми е предолго.Да го фрлам сигруно нема,не го ни платив ни скапо.Но ради должината се премислувам дали да го носам.Некако ко многу теткесто ми изгледа.
Јас искрено ова фустанче би го испратила во канта ,некако целата форма не ми се допаѓа не само долниод дел .
kristii Јас би ти рекла да не го кратиш, ова фустанче воопшто не е предолго. Должината мене ми се допаѓа. Можат да се направат убави коминации со детали во поинаква боја. Би ти рекла да не го фрлаш, ниту да го чуваш во плакар, туку да си го носиш.
Mermaid90- јас не би го носела, ама може да се направат убави комбинации со него. Така да, никако во канта. Ако е премногу шарено и за тебе, сепак чувај го, догодина може нема да мислиш така malecka- и мене не ми се допаѓа белото долу(балончето) kristi- фустанчето е супер. Баш ми се допаѓа должината. Смачено ми е од кратки фустани кои повеќе ми личат на истегнати блузи. Можеш само како што рече Cakica да го стесниш малку во струкот.