Да јас би го носела, прекрасен е а и преубава е бојата, а и можат многу комбинации да се направат со него.
.... ......јас сум буквално болна за шопинг.....купувам онлајн,и по продавници.... .. .некогаш одам со куп пари и едноставно ги трошам ама само за ствари кои ми требаат,или во тој момент се покажала потреба од нив...хахаха.....некогаш сум без пари ама ако видам нешто што ми се допаѓа последниот денар ќе го дадам за да го имам....одам на шопинг и кога сум среќна и кога сум несреќна...филингот не е ист...кога сум тажна на пр шопингот ми иди како инекција да ја покријам тагата,а кога сум среќна тогаш се чувствувам исполнето...
Скромна-твојот коментар не е за оваа тема,тука ставаме слики од облека и кажуваме мислење за него,а не пишуваме колку сакаме шопинг Еве што пишува-На оваа тема сакам да коментираме за дел од нашитата гардероба дали може да се носи понатака или да оди во канта.Може да постирате лични модни парчина и после да се даде коментар дали може тоа парче да се користи или да оди во канта. Ангел-Адриана-убав е џемперот,се гледа дека не е оштетен и не е стар така да можеш уште да си го носиш.
Jagoda123 јас би го носела, убаво е. Може и во летни и зимски комбинации. Mermaid90 јас не сакам анимал принт на себе, ама би изгледало убаво на некоја темна маичка, корсет и тесни фармерки. Кројот му е убав, баш е интересно што е повпечатливо. mal.ecka Не би го носела. Ако му го тргнеш долниот надуван дел мислам дека би било поубаво. kristii Мене не ми изгледа теткесто. Носи го. vlubena Најискрено, не би ја носела, ама ако тебе ти се свиѓа носи си ја, можеш да направиш убави комбинации. Angel-Adriana Да, би го носела, прекрасен е.
Дали би ја носеле оваа сукна.Од порано е од мајками,плисирана е,бојата се гледа а должината некаде до колена.Да се крати не може бидејќи таков е материјалот нежен и нема да испадни убаво.Ако би ја носеле некоја комбинација со сукнава да ми предложите.
Убава е.Но внимавај како ке ја искомбинираш и како тоа на тебе ке ти стои.Не му стои на секој да носи сукни до колена,така да првин види дали убаво ке стои на твојата фигура таква сукна. А бојата е многу убава
Прво да ве замолам да не ми се љутите затоа што ќе бидам искерна, а и на крај краеви ова е мое мислење. Ако мислите дека ви стои убаво ич ама баш ич да не ме слушате -Канта НИКАКО! Ама само за пролет/лето немој сега никако.... -Незнам колку ќе се сложите со мене али јас ова никогаш не би го облекла. Според мене Канта! -Канта или ако некако има шанси да извадиш тоа делот како балонче па со хеланки ама не јас не би го носела. -Канта! Али ај да не речат се фрлив у канта xD. Носи го негде да ти го скратат па со некои по живи бои да го комбинираш(црвена,минт,шеќерно розево,мат жолто...) ама мене искрено и горниот дел не ми се свиѓа. -Не би ја носела у никој случај али канта никако. Можеш добро да ја искомбинираш. -Би го носела со сиви хеланки или ај може и црни и високи салонки у иста боја како него и пожелно иста нијанса и чанта или во таа боја или никаква и некое подолго ланче во боја на хеланките. -Не би ја носела никако затоа што е плисана, од дамна излезе од мода. Ама не би ја фрлила ни во канта. Иначе го потенцирам ова бидејќи мислам дека ќе ја направиш оваа грешка. Во никој случај не ја комбинирај со маица внатре, да точно овој модел се комбинира така ама не во овој случај ластикот на струкот е претенок ако веќе сакаш така да ја комбинираш најди си соодветен широк каиш кој ќе го прекрие делот кај што е ластикот
kristii, многу е убава. можеш со било каква боја на рамбовка или блуза по кратки ракави. стави ја маицата во суќната, стави каиш ако имаш, и доле балетанки или старки
https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... 855b5dc0d3 https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... d5935c562d https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... b506ac4903 фустанот е до под колена,а на суќничките некако им е помината модата.Вие би ги носеле или сепак канта?
Фустанчето не е по мој вкус, но суќничките се океј. Таа темната можеш да ја скратиш и преправиш по твое, не би дошла лошо , а другата исто би можела да претрпи мали промени, и повтроно да се носи. Само треба малку фантазија и креативност. Ако немаш идеја што со нив, замоли некоја твоја другарка да ти помогне да ги смените малку заедно. Не знам ете види некоја идеја од нет, или па пролистај некое списание, сошиј некоја чипка на нив... не знам Нешто одземи нешто додај, би испаднале фино. Би можеле да се носат повторно, не ги фрлај веднаш.
^^Jaс па мислам дека фустанчето не е лошо, само без тоа сатенската трака, никогаш не сум ги сакала тие сатени испод гради што се, а вака дизајнот како цветно-летно, за некоја прошетка зашто да не. Здолништата не се по мој вкус и јас не би ги носела, посебно белото.