Не видов ваква тема, но во случај да има избришете ја мојата. Иначе поголем број одат на шопинг во Солун, но има и некои што одат на шопинг во Бугарија. Јас не сум била до сега, а планирам да одам така да тие што биле нека ми кажат кои брендови ги има, во кои трговски, кога има попусти, дали се задоволни итн. Благодарам однапред
Во трговските не сум шетала па незнам да ти кажам за брендовите,сум била само на пазарот Илиенци и има се и сешто од ефтино поефтино
Сум била 2 пати, ама низ бутици, не по пазарите. Робата таму беше поскапа, ама поприлично поефтино од овде вака. Имаше голем избор, преголем. Кога се вратив со торбите полни, имав алишта кои овде никој ги немаше. Ама, има и многу фалш или де-мо-де алишта, но мене друштво ми правеа две девојчиња кои ги знаеа местата, и знаеа каде да ме однесат на пазарење. Кога пак би бирала, би отишла Бугарија, не Грција, многу позадоволно си поминав. И лесно се разбиравме со продавачите.
Јас бев оваа година во рана пролет. Во Благоевград. Да ти кажам незнам дали закачив некои екстремни попусти, но на секоја втора продавница пишуваше обувки од 7 до 15-20 лева, намаление до 50-70%. Си велам ај овие обувки сигурно се некои ''шугави'' како јас што велам, влегувам внатре очи да ти испаднат. За таму можам да ти кажам дека трговскиот ич не ми се допадна. Најдолу е како се натрупано, и нема алишта за млади. Нагоре ако се качиш има некои си бутици, но незнам дали сеуште беше во изградба па сите простории не беа отворени. Највеќе ми се допаднаа бутиците во редот што се. Од почетокот тргнеш и нагоре. Таму во центарот кај плоштад. Имаш најразлични бутици, продавници за чевли. И што е најбитно, многу ефтини работи има. Имаш преубави штикли до 20 евентуално 25лева. Имаш преголем избор. Продавачките се премногу културни и фини. Уште од врата насмеани. И да те услужат и се. А за брендови не загледав баш. Јас како што тргнав по редот, во сите бутици влегов. Е сега зависи и дали ќе ги закачиш попустите. Но цимерката има неколку пати одено во Софија и како главен град би трабело по некоја логика да е скапо. Но таа што ми има кажувано што се купила од таму и колку, ефтино е.
Досега имам одено по продавниците во Сандански и Петрич, немам одено во некој трговски центри. Но како што имам во секавање остането во Сандански има голем избор на спортки работи, има многу спортски продавници и за разлика од тука има повеке избор, а и поевтино. Има една продавница за обувки, незнам како се викаше продавницата но се беше марка, се заљубив кога влегов вака останав , но и цените беа огин. Во Петрич за разлика од Сандански има помалку избор, но и таму може да се најде нешто интересно. Ми кажаа дека отвориле некој трговски центар, но досега не сум била па незнам како се одвиваат работите. Во целост земано има убави работи и во Бугарија зависи во кој град, па и што бараш. Не е само Грција за шопинг фала богу.
Бев пред околу година во Софија и тоа на попусти.Се е поевтино, Манго, Најк, се е поевтино, а се разбира има и многу фирми што кај нас ги нема.И во обични продавнички може да се најдат страшно евтини, а убави работи.
Пријатели што имаат идено (За време на попуст) ми кажаа дека цените биле како во Солун, но во Софија е подалеку. Kолку време се патува точно?
Значи од Делчево има околу 130km. Без многу чекања на границата со кола стигнуваш некаде за околу 2ипол часа. Е ако одиш пример од Скопје имаш пат отприлика 3 часа до Делчево, и плус овие 2 ипол, значи за 5 часа стигнуваш со кола. А инаку за марките, еве јас си купив Reebok многу поефтино отколку што се овде. А на Nike, Puma и Adidas имаше дури и до 50% попуст.
кога ке ми текне како помала колку пати само сме оделе во бугарија и сама не знам . бидејки градовите петрич и сандански ни се блиску редовно си пазарувавме од таму јас дури и за мојата матура целосно се опремив од петрич овде во ср се отепав од шетање и ништо немаше. оваа лето после неколку години повторно бевме на летување во поморје помало градче после бургас и имаше прекрасни работи низ дуканите ние бевме во август имаше намаление секаде јас си купив блузички од 5 и 10 лева смешна цена а беа шиени за H&M. е сега дознав дека петрич и сандански поскапеле бидејки грци пазаруваат таму а додека пак во градовите на морето ке најдете приступачни цени за секој џеб. некој прашуваше за H&M другата година во март ке се отвори во софија мислам дека ке биде во THE MALL најголемиот трговски центар таму барем така пишуваше на интернет.
Последниот пат кога бев во Софија ме однесоа во трговскиот Сердика...Луѓе верувајте ама за 5 саати не успеав да го прошетам цел Има се и сешто, а и цените се нормални Еве кои брендови ги има http://serdikacenter.bg/shops.aspx
Дечки да не бил некој деновиве во Бугарија? Има ли попусти некои? Како се движат цените? Мене конкретно ме интересира за спортска облека ( Најк,Пума,Адидас)...колку се движат цените?
Hе сум бидена на шопинг во Бугарија,но ме потсети на времето кога стриковците мои одеа и се вракаа полни со бунди,кукли,фустанчиња,а и по куки шетаа Бугарките,навистина ли е толку ефтино таму,или ми се чини?
Јас не сум била на шопинг во Бугарија.Но многу би сакала. Мајка ми порано одеше често. По еднаш во 2 месеци. И знам дека се враќаше со полни кеси и велеше дека било многу евтино, ама сега не знам дали е уште така.
Јас ке одам сега во понеделник Рилскиот манастир и на шопинг во Благоевград па ке видам како се движат цените и ке ве обавестам позз
Не е ппвеќе ефтино, така како што било некогаш. Од кога се во ЕУ, се` е посакпо. Но, сепак поефтино отколку кај нас. А, најмогу ми се допаѓа што има огромен број на аутлет продавници. Од нив кога купував се изнакупив од секакви марки алишта, кои до ден денес ги носам, како нови изгледаат сеуште. И има голем избор на чевли, тие што ги купив беа околу по 5 евра, ама како Биана да сум купила .
сандански ми е омилен град во бугарија не личи на оние бугарски градови од комунизамот .а инаку продавницата за обувки се вика albaluna све е марка и имам некои парчиња патичиња,чизмици,и чевли .цените се солидни вредат за квалитетот