eве случајно ми излезе на фб за савана дека возат,сигурно има и по другиве агенции,јас до сега не сум била но планирам да сменам наместо солун Да не бил некој во скоро време да каже како е со попустите сега? http://www.savana.com.mk/default.aspx?p ... ID=1&mID=1
Треба да има и таму попусти овој период. Јас со кола кога идам ми излегува пат негде 50 евра за три дена шетање низ цел град. И кога ќе се вратам уште нафта ми останува. Така да ако имате кола јас би ви препорачал со тоа да идете. А вака со автобус може е поефтино но сте ограничени. До волку саат да сте тука, да не касните итн....А ако идете на само еден ден може и многу поефтино да ве фати. 220 км е во еден правец до Софија.
ЈАс бев пред 2 недели во Софија. Има нов трговски отворено пред еден месец. Најголем е на Балканот. Се брзав не го прошетав цел. Има продавници секакви. А попустите би требало да почнат фебруари или март. Попусти од 50-70%.
Искуство од некој што бил скоро во Paradise center во Софија, знам дека има многу избор , како се со цени одам во сабота па ме интересира? И дали има продавница на MAC и Sephora?
Сефора има,а МAC нема.МAC продавница има во Mall of Sofia тој е во центар,мал трговски како Рамстор нешто ќе му дојде,МAC таму има од неодамна отворено,исто така Сефора и МAC има во The Mall голем трговски и голем избор на продавници,се наоѓа во Младост.Нов голем трговски ,а во кој до скоро имаше и попусти е новиот Ring Mall веднаш до Икеа. Инаку цените горе/доле се исти како кај нас попустите се завршени иако во некои продавници траат сеуште.
Има нов трговски во Софија. Отворен е негде пред 3-4 месеци. Јас бев таму. Најголем трговски центар на Балканот бил. Ring Mall се вика и многу е лесен за наоѓање. На влезот на Софија е. По обиколницата кога идете.
Всушност сега секаде е како кај нас, порано оделе зошто немало толку избор кај нас, но сега има доста брендови донесени и тука. Инаку во Бугарија бев минатиот месец и како што кажа tinkerbell исто е како кај нас за цените со мали разлики. Има повеќе избор на гардероба и аксесоари,можеби и за класа на квалитет се повисоко од нас. Сепак зависи кој што бара и што очекува . Во метрото имаше мн убави работи, пр комплет 4 тави од sapir 15е некаде а кај нас една е 10е. За молови има мн дури малку е еден ден да се прошетаат сите
Јас не се согласувам дека цените се скоро исти како нашите, плус иако и ние имаме одредени брендови што ги има таму, робата не е потполно иста. Јас повеќе практикувам шопинг во Софија, отколку во Солун. Одам барем 2-3 пати во годината, а никогаш не сум одела кога бил период на големи попусти, сум фаќала само некои минијатурни, па пак цените ми биле солидни. Маичките им се од 4-5 лева па нагоре, хеланки од 6-8 лева па нагоре, квалитетни фармерки од 18-20 лева и нагоре, чизми земав во септември за 40 лева од Reserved, летни патичиња, балетанки имаше од 10 лева... Најчесто купувам во H&M, Reserved, House, Bershka, Tally Weijl, Springfield, Stradivarius, Pull&Bear... и задоволна сум со цените и квалитетот. Нормално дека има и скапи работи, секаде има, но се наоѓаат и преубави работи за одлични цени. За моловите не ми се ни збори, имаат премногу, огромни се, а постојано отвараат и нови, но јас најчесто купувам во Paradise Center- голем плус за овој е што на покривот има мини луна парк, a и има доста продавници и можеш со саати да заглавиш. Mall of Sofia и Serdika Center ми се попрактични зошто се помали, а имаат доволно продавници. + покрај шопингот секако оди едно кафенце од Starbucks, крофни од Dunkin' Donuts и Mcdonald's
Еден од омилените места за shopping,попустите се ретки но,изборот е бесценлив(зборам за балканот) заразлика од кај нас имаат огромни центри со огромни продавници.Ако си во можност оди нема да се покаеш.
Дечки се зима tax free по продавнициве? На официјалната страна на Global Blue ја нема Бугарија ко членка, али по интернетов прочепкав и видов дека негде даваат. Земал некој од продавнициве попознати за нас - Зара, Манго, H&M...?
Јас пред две години кога бев на одмор во Поморие си изнакупив за евтини пари. Чаршав за кревет - 15 лева (450 денари) Фустан - 20 лева (600 денари) Адидас горен и доен дел тренерки - 30 лева (900 денари) Патики - 40 лева (1200 денари) Пижами - 10 лева (300 денари) Сити работи што ги земав се уште ги носам.Ништо не мисе ни скина,ни избели.Квалитет..
Во Бугарија е скапо. Често одам и наскоро пак ќе одам, но гардеоба од таму-НЕ...скапо брате...тоа што е убаво е скапо Пазарските работи и таму се како и кај нас.
Не одам на пазарење.По други прилики одам,но еве за пример Благоевград... Од бутик убави чизми под 80 евра (значи најефтините) нема Новите модели не ни гледам цена Бугарија е во ЕУ и за неа важат тие цени и правила што за нас е скапо