Еди, такс фри нема во Бугарија,еве одам во последно време релативно често и викендов бев и секогаш се правам на луда и ги реметам зошто како членка на Еу не даваат поврат на ддв,ме гледаат ко од марс да сум падната. Инаку слушнав муабет од нивни кои работат во полиција дека мнугу дубари правеле и затоа не давале,што искрено мене ми е доста сомнително... Во последно време им направив фин цех за таа сума до сега од Солун ќе добиев добра сума на такс фри,но задоволството понекогаш кошта @referentka не би се сложила дека секогаш е скапо,зависи кој период се оди,но еве се изненандив се што им е останато од летната сезона сеуште им стои во посебен дел од бутиците и е на попуст во доста бутици, за разлика од Солун каде што се беше тргнато крајот на август. Имаат доста избор и може да се најде за сечиј џеб што на пример кај нас е тоа реткост. За квалитетот се знае некогаш поскапото незначи и квалитет. Јас уживам да купувам во Софија како една од поблиските дестинации, некако ми е порелакс од Солун,можеби зошто имаат доста трговски центри па нема толкава кужва како во Солун. Некако па и секогаш си наоѓам по нешто на попуст поготово.
Мама ќе им го испринтам ова http://flipfloppeople.com/Tax-Free-Shopping-in-Bulgaria-151 и со мене ќе си го носам Мора да даваат како членка на ЕУ. За дубарите воопшто не ме изненадува - бугарска работа! Мене дилемата ми е на кои продавници има поставено вакво лого зошто не сум била во Софија може едни добри 10 години Глобал Блу ми е сигурно, низ цела Европа го има, али ете бугарите ги нема на листа посебна агенција си имале они. Тенкс енивеј
Јас бев во понеделникот, попусти има во одредени продавници на зимска и летна гардероба. Што им останало не го тргнале. Инаку попустот им почнува од утре така ми рекоа во еден бутик за машка гардероба. А за после нова не спомнаа. Трговски имаш неколку јас најчесто одам во Сердика некако ми е најпрегледно ама таму неа Сефора па одам и во The Mall. Има доста молови, Paradise Center е на крај на Софија,така некако му доаѓа и е најголем за таму ти треба цел ден да го рашеташ цел. Што се однесува до такс фри јас се откажав и не сум ги чепнала пак се некако немам време. Поентата е дека се вадат дека немаат а зошто и како не е испитано Ако треба уште која информација,ти стојам на располагање
Јас често патувам за Софија и ги посетувам моловите. Попусти има уште од пред месец дена. Од 50 до 70%. Paradise & Serdika ако сакаш да купуваш од моловите. Другите се гола вода. Тие два најако работат. Тој новиот што е најголем на Балканот, Ring Mall Sofia, ама нема никакви попусти и продавници, а најлесно се наоѓа затоа што е на околоврстниот пат. (заобиколницата) Значи само тие два мола. Другите ич не ги гледај. Ако сакаш подетално пиши ми во лп.
Епа зависи. До Солун има околу 300 и нешто км од Скопје. А до Софија 240 км од Скопје. Што ти е поблиску и поефтино ако си од Скопје. Патот до Паланка е крш. Прво треба да видиш за патот како повеќе ти се исплати. Потоа, во Солун имаш ефтини продавнички низ градот, имаш Космос и има нов огромен аутлет центар. Можеш и таму да најдеш ефтини работи, ама со избор и продавници незнам како се во тој трговски. Во Софија имаш 20 молови. The Mall, Galaxy Mall, Paradise Centre, Ring Mall Sofia, Sofia City Centre, Serdika Mall и уште многу други. Вистинските попусти ќе ги најдеш само во два. Paradise & Serdika. Таму имаш големи попусти и многу поголем избор на продавници од сите останати молови, па и од Солун. Другите молови немаат попусти, некои можда имаат ама тоа да се во 2-3 продавнички. Јас сепак би ти препорачал Софија.
Конкретно од бутиците незнам за такс ф.дали даваат како што викаш, а ианку еве од икеа (ние сме често овие неколку месеци тамузначи зборувам за уназад некое време) и не ни прават пробелм ни даваат секогаш.
За Икеа незнам од Солун претежно купуваме. Ама за бутициве до сега не сум начекала. Најинтересно е во H&M во Софија ако плаќаш со картичка ти бараат да се индентификуваш дали е твоја како доказ инаку неможе да платиш
Исто ми се случи и мене во H&M,како и да е има доста поволности во Бг, од тоа што нема гужви како во Солун и тоа што има доста евтинија па си се наоблечеш за евтинко , нормално кога е на попуст.
Има попусти. Највеќе се исплати во Парадајс и Сердика. Јас често одам во Парадајс. Имаш попусти сега моментално и траат до крајот на февруари. Попусти има од 50-70%.
Има почесто на групер понуди за превоз до Софиjа, а и Македониja сообракаj исто често имаат понида за организиран превоз
Попусти има стално пред и после Нова Година. Има попусти до крајот на февруари. Реални попусти. Не како кај нас нешто има попуст нешто нема. Јас често одам во Софија и трговските обавезно ги посетувам. Ако те интересира некоја продавница или било што слободно прашај ме.
Jas iskreno od popustite ne vidov nisto posebno osven vo 2-3 prodavnici.. i tamu kade sto imase popust nemase izbor, spored mene sekako