Во Софија ги имате Парадајз , Ринг мол. Парадајз се претежно марки и поскап е ама имате Старбакс Ринг е веднаш до Икеа и има МкДоналдс Горе на спрат во Ринг голем дел од бутиците се затвараат. Имате за спортска облека Декатлон солиден квалитет, солидни цени. Се наоѓа подолу од Ринг и Икеа. Така да ако одите одете ја оваа рута да не губите време ( Ринг, Икеа, Декатлон) . Јас си останувам на златен Солун. Во Бг би одела само ради Икеа( поевтина е од Солун , поголема и има некои работи што во Солун не ги најдов) . Ќустендил, Благоевград основно и средно ме водеа моите на шопинг таму. Веќе не е тоа-тоа.
@slimsblue зимските попусти незнам дали траат уште јас бев пред две недели имаше доста роба. Инаку преку цела година има понекаде попуст зависи што те интересира. Во недела работат трговските, само планирај си дека се саат порано од нас. Икеа работи до 21 по нивно по наше до 20 часот.
Шопингов во Софија не го мењам за ништо! Бев последен пат на 14 јануари и за разлика од зимскиот попуст лани имаше послабо некако избор, имаа останати некои рандом бројчиња, мене не ми се погоди до толку. Али во Forever 21 имаше прилично голем попуст, си изназемав фустанчиња по 10 лева/300 ден . Инаку јас одам на секои 2-3 месеци, и многу пати ми се има погодено да начекам рандом попусти, а и реално вистинските цени им се пониски од Солун и тука(проверував баш). Плус скоро од сите продавници ти даваат како картички за попуст, купони, си собираш поени и мене ми е многу поволно тоа отколку тука да одам на шопинг, плус има многу поголем избор. И еден тип, имаат во H&M акција да носиш стари парчиња купени од нивната продавница и ти даваат купони за шопинг, мене тетка ми од Софија ми кажа, инаку не знаев дека имало нешто вакво, ама немам уште однесено зошто ме мрзи да ги влечам од тука
Вчера бев. Моментално има големи попусти во Paradise Center во Софиа, во Forever 21 има убава пролетна колекција на гардероба и обувки. Во H&M само очилата за сонце ми се допаднаа.
Викендов ќе одам на шетање до Сандански. Прв пат одам па ме интересира дали има некој трговски центар или продавници кои би ми ги препорачале да направам и шопинг покрај шетањето Ме интересира исто во сабота/недела дали работат и како им е работното време.
Вчера шетав по продавнициве низ Софија, па да споделам што како има, ако некој оди периодов. Во Forever 21 има некоја акција плати 2 добиј едно гратис, ама партали имаше, мене лично ништо не ми се допадна. Во Waikiki имаше некој попуст, како за на работа имаше преубави панталони и кошули, мајка ми си купи доста убави панталони по 20 лева=600 денари, исто и кожни јакни имаше преефтини. Јас си купив бордо за 25 лева=750 денари. Во pull and bear, bershka, h&m, stradivarius имаше доста фармерки на попуст, по 20-25 лева, ама или екстра мали бројчиња останати, или екстра големи. Исто и во h&m кошули имаше преубави по 17 лева, а материјалот преубав, исто и сандали летни, римјанки, балетанки од 10 до 20 лева. Во зара има препреубави фармерки, само исто слабо стојат со бројчиња, е сега поскапи се 50-60 лева, ама не ги има истите кај нас. Во House имаше преслатки маички од 10 лева до 15, и преубави дуксери, језда не се за овој период, ама не можев да одолеам на еден со мики маус, мислам дека околу 20 лева беше. Се на се, јас лично друг пат си доаѓам со многу повеќе облека, ама слаб избор имаше, планирам пак накај јули/август да одам на попустите.
Во Сандански нема трговски центри. Има една долга улица со секаков вид на дуќани, најчесто бутици. Не знам дали може да успее човек да ги изоди сите за еден ден. Дуќаните работат и во недела. Цените на облеката не се тоа што беа до пред неколку години, многу се покачени. Може да кажам дека веќе е скапо и за нивни стандард и за наш.