Здраво ме интересира дали овој викенд сега ќе работат продавниците во Благоевград бидејќи е Велигден и дали имаат некои попусти?
Сакам да одам на еден ден во Софија. Но пасошот ми истекува за еден месец. Ќе ми прават ли проблем на граница?
Дали знаете до кога траат попустите во Софија. Ќе имам можност да одам дури на почеток на февруари па да не ми биде џабе одењето тогаш
Минатата недела бев и беа почнати. Може ќе траат и во февруари, но нема да има голем избор од тоа што е на попуст. Имаа извадено нови колекции. Но, сигурно ќе најдеш нешто. Сердика, најдобро за шопинг.
И јас знам дека се до средина на февруари, ама ако смениле нешто еве нека пишат за сигурно тие кои биле.