@Rubiii мислам дека зборуваме за истиот Мега Аутлет, однадвор е со црвена боја , на три ката е . Во Салоника не сум била, тој е во градот.
Бев и јас неделава и од тоа што очекував дека ќе купам ништо, си дојдов скоро со празни раце. Избор никаков, а од тоа што имаше ништо не ме воодушеви.
Ми треба свечен фустан како за матура пример,дали има во Солун избор по пристапна цена и ако има на кое место?
Дали некоја од вас знае каде биле тие евтини патики во Солун што купувале. Другарка ми вчера слушнала како разговарале некои девојчиња ама и било незгодно да ги праша
Незнам што е евтино за тебе. На пример во Адмирал имаше патики од 17евра па нагоре... Инаку друго се скапо! Се вратив со подвиткана опашка, каков попуст нема врска!
Може малку касно ти одговарам, но пак Оваа соработка беше пуштена на 5 Ноември низ продавниците ширум светот, истовремено и онлајн, и за час сето тоа заврши, бидејќи се веќе беше продадено, така да, одговорот е не, нема да ја најдеш, бидејќи беше само дизајнирана во тие мери, а не да си постои forever E сега, истовремено дел од облеката е купена и од оние што не ја многу ценат модата, ама нашле начин за бизнис, при што ги купиле евтините парчиња и сега ги препродаваат на Еbay за дупло, а и трипати повеќе од пробитната цена.
Јас си земав адидас патики 30€ преубави во Оne Salonika Патките биле 79€ па 49€ па 30 многу се цврсти удобни имаат дел како превртена кожа. Ептен сум задоволна
За попусти има попусти само многу е расфрлано треба да си отидеш порано и трпение...Ја од пул ен бер си купив чизмички за 20€ намалени од 45€.Си купив палто светло кафено превртена кожа со бело крзно на јаката и на ракавите за 24€ преубаво е.Значи има попусти само некаде повеќе некаде помалку....Е сеа зара општо е скапо и тоа шо е од понова колекција имаше попусти ама не многу али имаше и за од таму да си најдеш убави парчиња на попуст со онака прилагодлова цена ...страдивариус имаше фармерки за 10€ бершка имаше исто така многу попусти....
Еве нешто од мене. Кога бев во Космос прво влегов во H&M таму со другарками си најдовме убави фустанчиња за 7евра, кошулки по 5евра, нешто плус некои така летни маички по 3евра. Броеви има само треба трпение и внимателно да си барате. Извадена им е новата колекција, има прекрасни работи но за жал скапи се. Нешто околу 20 и нешто евра платив ми дадоа купон картичка со -25% попуст од 15ти до 28м месецов за некое палто или јакна по мој избор. Потоа влегов во Сфера не си бендисав ништо, сакав да си купам класични панталони но материјалот или краток или тесен. Се ниски и преслаби Грци има Страдивариус најмногу имаше гужва, фармерки по 7 евра и се расфрлано и мали броеви. Ги прегледав сите и немаше број. Си купив ташничка за 3 евра. Не е ни чудно, што последна ја зедов. Бев во Kely's видов имаше прекрасни кошулки бордо боја 7евра имаше и црвена боја, една величина супер стојат ама во ракавите ми беа кратки. Bershka имаше преубава нова колекција, но имаше убави карирани кошулки по 12,99евра и пак проблемот е во броевите. Има XS,S,M поретко може да се најде и L. Во Страдивариус видов патичиња по 12 евра криво ми е што не ги зедов. Подоцна во градот Солун во некои продавници може да се најдат убави работи. Мајками си купи за неа прекрасен џемпер, посвечена блуза која беше поскапа 30 евра, но материјалот е убав. Во бутикот Angel можете да најдете преубави кратки сукњи по 5 евра, се опремив јас. Прекрасен елек за само 6 евра со каивче. Паркингот се плаќа 3,5 евра за 2 часа. Во петок одам пак, во план сум да посетам еден дуќан каде што видов дека 1 пар патики е 10 евра, 2 пара 15евра. За граница ни се погоди, тракторите стојат,но луѓето ги нема. Којзнае дали денеска имаше и штрајк воопшто. Рано тргнавме па бевме рано на граница. За назад исто само по автопатот имаше мигранти. И не е лошо и времето ми се погоди. И палетите во Сефора, цените не се исти со тие на сајтот. Литимитираните изданија се распродадени, големата палета со 50 сенки е 23евра таму, а на нивнот грчки сајт е 20,99евра. Малата палета со срциња на сајтот е 10евра, а таму 13евра. Разочарувачки ама тоа е. Влегов во Зара ништо немаше, Зара најслабо беше посетена. Ах, го заборавив Џамбо. Во џамбо нема што нема,си најдов прекрасни работи и еден подарок за момакот. Имаше преубави работи. Магнетите за на фрижидер се од 2 до 3 евра по трафиките покрај шеталиштето во Солун.
Сум била неколку пати и баш ми се исплаќа, одам за 500 денари и се враќам, а си купувам се што ми треба и тоа многу евтино (кога има попусти)..Сакам да одам пак овој период, па дали знаете кога има попуст?
Дали знае некој дали овој викенд границата ке биде пуштена за Грција, заш демек најавувале дека ке ја затвараат поради штрајк ?
Od gvg sum i mozam da ti kazam deka sekoj den imaat izmeni vo satot na strajk, denes bese od 18 do 23 h a pred toa od 19h do 21h ,, i densko vreme od 12 do 14h
Попустите траат додека има на залиха. А сега се веќе ставени и новите колекции. Бројчињата и изборот е намален.
Попусти имаш веќе едвај, се е распродадено, останатото е xxs, xs ili xxxl и тоа или оштетено, валкано.... Ептен случајно ако улеташ на нешто ОК. Многу, многу партали тоа е останатиот избор. По сите продавници на велико се новите колекции, така да ако одиш за попуст оди април, мај на оваа колекција кога ќе има