Feminki, jas sum od sk imam kukja vo Dojran(do granica kon grcka) i znam deka stalno ima avtobusi,turi sto vozat do solun, mislam imase idat sabajle i se vrakja vecer vo 11-12h, ke prasam obavezno ubavo ke se rasprasam i ke vi pisam samo sigurno znam deka periodov ima samo neznam koga tocno, ima i vo kraj na leto sep./oct. ........
Јас прв пат слушам за вакво нешто искрено. Редовна линија? За преку агенциите знам дека има. Мислам дека нема.
Некој погоре прашал кога почнуваат попустите, Марик кажал крај на август, а уствари се од 15 јули до 15 август т.е додека не остане само "ѓубрето" Најчесто почнуваат мн порано, ама не се со 50%. Гап имаше во Солун во оној трговскиот на Цимиски (на врв јазик ми е името) ама го затворија. Сега на Крит и во Атина има..
Попустите почнуваат од 11 јули и ќе траат до крајот на август. Да напоменам дека 17 јули ден недела ќе работат сите продавници, бутици и нормално Козмос од 11-18 часот. Фала, пријатно
На некои места попустите почнаа од вчера, а официјално секаде почнуваат од наредна недела. Ја ќе одам почеток на август валда ќе најдам нешто асално...лани веќе околу 10 август скоро се беше разземено, барем она најдоброто.
Во вторникот беше преполно со риба.Вчера не толку. До душа вчера бевме за мм , па женско и не гледав толку. Фармерки имаше од 10е па нагоре, 12,14,20. Имаше разни видови на панталони во ХМ по 10,12е. Од штоф, од летен материјал. Шарени, еднобојни. Маички од 5е ,10е. Акции 2 по цена за една. Целосни панталони по 12е или 14 беа , не помнам точно. Секојдневни фустанчиња од 8е. Ташни големи од 15е. Сандалите на штикла околу 20е. Ниски имаше и поефтини. Моментално тоа ми се врти. Ама биди спремна и на многу партали.
Ако бил некој во Софија сега брзо да ми направи споредба со понудата во Солун, ако сака Никој не сакаше да ме дружи за сабота, немало ништо демек а јас ги убедував дека има, па ми свртеа муабет за Софија хаха
Јас бев во Софија претходната сабота. Искрено, не гледав многу многу по цените, ама можам да ти кажам дека и редовните и намалените цени се поевтини од Солун. Солун поевтино е од Скопје, ама во Софија е поевтино и од Солун. Само, патот е малце понапорен, дури и со кола, така да според мене Солун е подобра варијанта.
Јас последен пат кога бев во Софија (2015) цените беа повисоки од Солун, пониски за нијанса од Скопје, па затоа прашав. Фала за информацијата
Како е ситуација во Солун? Бил некој да сподели? Гледам по сајтовите почнати се попустите. Јас сакам да одам, немам друштво
Пишував некој пост погоре. Бев и во саботата. Има од се по нешто, само за бројчиња е потешко. Ако носиш С , ХС ќе си најдеш се.