Ако одиш со Македонија Сообраќај, во еден правец картата е околу 900. А мислам можеш со овие еднодневниве да направиш договор некаков.
@peperutka87 Ако одиш ќе те замолам да напишеш мислење каков е изборот. Јас планирам некој ден пред 15 ти да одам или првите денови од попустот, од искуството со летниот попуст кога бев околу 10ти јули и иако немаше којзнае каков попуст сепак изборот беше поголем. А колку само работи ми се во план, цела плата не ме оправа.
мене ми пишаа на фб дека официјалниот попуст им поцнува од 9ти јануари,јас секако одам на 4ти немам друг избор па може и ке има некои попусти,да не е без ич
Официјалниот попуст им почнува на 15ти.. Јас на 31 декември ги свртев сите продавници, купив по нешто ама попуст скоро никаков. 10-20% преку сила, официјалниот на 15ти.. Денес мал дел од продавниците беа отворени, некои лепеа -30% знаци на излозите
Не, на 1ви и 2ри не работи.. Низ центарот само имаше многу мал дел отворени продавници претежно помали брендови. Се жалеа и тие дека можеби казни ќе добиеле
Тоа е тоа, кога не ти треба нешто пред очи ти стои а кога ти треба ќорава си. Дај кажете кои агенции имаат секојдневно одење за Солун од типот на еднодневна тура. Освен Македонија сообраќај.
Grcite se edinstveni kaj koi molovite na praznici i vo nedela ne rabotat. Kaj niv toa strogo se pocituva. Osven koga traat popustite imaat edna nedela koja ja rabotat i e istaknata na oficijalnata strana na Cosmos.
Има ли некој информација дали во недела ке работат, гледав на официалната страна на Cosmos немат сеуште сменето им стојат неделите од од 2016год. кој ги работат
Имаш понуда на Групер од Бисер пром за 14 месецов 800 денари.Јас планирам да одам на 19 Водици,се надевам ќе има и за тогаш.