Sprider има пред jumbo,незнам дали си била натаму но еве јас да се потрудам некако да ти објаснам. Значи кога одиш од Ikea или од Cosmos накај центар,(не треба да се приклучиш на ring road) на третиот семафор ,после Mega outlet треба да свртиш десно,но пред да свртиш,тука има огромна продавница Sprider,и има навистина убави работи со цени како во ZARA отприлика.Верувам дека некако успеав да ти објаснам. Убаво да си поминеш ако одиш и мислам дека таму порано од секаде се почнати со попуст.
Јас сега во среда ќе одам,па се надевам ќе најдам нешто по мој вкус Кога ќе се вратам ќе ви пишам како било
Треба да знам дали сега се попустите од 70%, а ако сега има помали дали ќе дојдат овие од 70% и кога?
Благодарам ph.orhideja и SBEP4E.Одам со автобус така да не е блиску до местотот каде што не оставаат.Инаку и јас одам во среда.Ви посакувам убав помин.
Девојки убаво да си поминете... Подгответе се физички и психички Ви посакувам богат шопинг. Јас сакам пак, ама сега kе почекам да поминат попустите и гужвите
Во петок одам јеееее. Одам со моите така да решивме прво сабајлето да отидеме до кинеските продавници од каде купуваат гардероба за во Еко, Елит, продавничкиве низ Бисер, ГТЦ .... иначе се наоѓаат карши железничката станица. Да искористиме шанса да видиме што има, мож и ништо ќе нема прв пат идеме таму Па после идеме во Космос. И ќе јадам гироооооооооооо, мњаааааааааааам. Повеќе се радувам за грчково гиро
да не оди некој утре и да има место уште за двајца знам дека доцна прашувам ама да си прашам, ако не за четврток ако има некој нека кажуваааа поздрав
ајде ке одиме во солун по фустан и чевли за матурата!!!!иначе за разлика од тука гардеробата е измислена м убави парчиња има така да мора да начекате попуст онака не се исплатува!!!!
хеи девојки беше ли некоја во солун? јас одам утре- бев најголем противник за утре ама тоа е тоа едвај се најде место и за утре. Ако може некоја што веќе била да ми препорача- совет да ми даде што е позгодно да се облече дали тренерки и патичиња или нешто поинакво во смисол на хеланки, чизмички поздрав
Да ве информирам на 10ти фебруари во Грција ќе има генерален штрајк така да ни на крај памет да ви е таа дата за шопинг. Овие 48 часа не работи железницата и овие 3 дена има мирен штрајк само не работат адвокати, аптеки ... така да не е страшно.
Девојки кога ќе одите пазете на новчаниците една девојка што ја знам ја ограбиле вчера (незнам многу детали)
Секако дека мора да се внимава! А инаку вчера беа се автобуси од Македонија. Јас бев во Космос од 10(од коа се отвори) па се до 2 попладне кога имаше најголема гужва. Неколку автобуси од Македонија дојдоа, и се направи општ хаос. И искрено...мислам дека некој наш си го здрпал новчаникот на девојката. Сосема логично...
Братучетка моја касно се сетиле да одат во Солун, во 10 на граница имало 5 колони со коли Па решиле да одат на цимицки да јадат, пијат, си уживале на убавото време на кеј, и после кога отишле во Космос НИШТО НЕМАЛО. Празни рафтови Ама има една работа за памет се оди рано, секој ден во продавниците вадат од магацините гардероба, така да ако побараш нешто може да отидат во магацинот одма тука што им е да проверат дали имаат бројче, ама од главните магацини што им се, зимаат облека еднаш дневно пред да отворат. Така да затоа одма рано одење и пазарење е најдобро. Mислам дека македонциве им ја купија целата облека на грциштава
Добро никој нема заинтересиран за на 4ти,за 1000 ден.за Солун?! Ооок...сама ќе си одам,така да знаете!
И јас помислив на тоа може одат со туриве па уште во автобус снимаат кој колку пари носи и каде му се ставени и чекаат само прилика....
^ lol ако ги чуваш парите во џебот од јакната или во некоја поголема ташна, каде и да одиш ќе те украдат.
Па и по улица можат да те опљачкаат , во Шутка , сегде .. Ако не си ги чувате убаво и паметно вредните работи каде и да сте ќе ви украдат