бил ли некој во Космос да каже како се со попусти деновиве? Колку што видов на страната нема најава за попусти, а нели традиционално е овој период да има.
Јас бев предминатиот викенд и приметив почнати се попустите, само во Пандора ми рекоа од овој викенд што измина дека ќе им почнеле на селектирани парчиња попустот, а по бутициве за облека имаше многу гужви и големи попусти во тек.
Никаде не се најавивме, ставаш маска и влегуваш, немаше никакви проблеми, барем вака беше предминатиов викенд.
One Salonica, катастрофа невидена. Сум била и претходно, али годинава као да сум на Бувљак у Арачиново. Едино за у најкот вредеше целиот ред шо го чекавме (ред кажувам пола саат чекавме, почнуваше од влезот надвор пред молот). Имаше ептен избор на патики и бројчиња (25 евра па нагоре), долни тренерки за 25евра, обични маички за 7евра, торби за у теретана убави големи по 11евра. У Манго исто се наоѓаше по нешто, претежно штикли (18евра убава класична салонка), Левис стандардно фармерки од 40-50еу, маички од 8-20еу. Ралф како да немаа попуст, у Томи имаше убави ташни и патики на 60%. Си купив патики за 43евра. Другото ужас. Мирисаше на старо по продавниците и стоено. Не бев у Космос пошо шетавме низ Тсимиски и некако све си најдов друго шо ми требаше. Имаше попусти ептен сум задоволна. Сеа може и final sale week да е, па уше поише да има намалување. И има една нова продавница за накит шо е отворена на улицава, близу до Пул&Бер, све внатре е 5 евра. Препорачувам, имаше ептен убав накит и по ова што го купив, а го немам извадено од тогаш, делува и квалитетно.
Тешко е за бесплатен паркинг. Најсигурни ти се подземни платени паркинзи. Ги има на секое ќоше. Мислам првиот час е 2е , секој следен по 1е . Ама не ме фаќај за збор. Не памнам цени ама ич.