Планираме да одиме до Солун да купиме работи за бебе, количка/транспортер/облека… па да ми препорачате продавници од искуство. Знам за околу икеа што се и толку ( прво бебе, се спремаме и да не лутаме ).
https://www.paidoupoli.gr/ Разгледај овде, се наоѓаат во Каламариа на главна улица, лесно се наоѓаат. Имаат сѐ за бебе, некои работи се многу поевтини од Икеа и Џамбо. Од брендови како Lorelli, јас сум презадоволна и плус може да ви вратат данок на лице место ако плаќате кеш, односно ќе ви намалат од цената. Orchestra e исто така многу добра продавница, имаат опција за членска картичка, беше 30 евра, трае една година и со неа пазаруваш по многу намалени цени и ептен се исплати. Колку што памтам немаат некој голем избор за бебиња, ни има од сѐ по нешто. Се наоѓаат на пат накај аеродромот во комплексот кај кината, ги заборавив како се викаат.
Сега пребарав https://www.pharm24.gr/ sales@pharm24.gr https://www.pharmacy295.gr/el/εξοδα-αποστολής pharmacy295@gmail.com Пиши им на меил на овие две аптеки, гледам праќаат во странство , нека ти објаснат пишува во зависност од килажата , различна е поштарината. Јас ти преведувам од грчки , гледам немаат информации на англиски
Далиии можеби знаеш дали почнаа да дават антибиотици без рецепта? Порано земав од фајзер вибрамицин за мајка ми , минатата година ми рекоа дека веќе не даваат без рецепта. Извини замарањава
Нема проблем. Не даваат веќе антибиотици без рецепт јас тука живеам и порано така ги купувавме, сега веќе не даваат заради короната..
Вреди, да сега нема попусти, во јули почнуваат големите и траат се додека не се распродаде робата. А зимските се во јануари.
Леле колку е ефтина сончевата колекција, страшни попусти има, ми се приплака, овде се ненормални со цените очигледно. Ама шипинг 30 евра.
Да да, од онлајн аптека многу се исплати да купуваш. La roche posay, Vichy, Nuxe, Uriage... се е многу поевтино вака