Во Солун има добри Велигденски попусти, особено во One Salonica молот Само ако планирате да одите имајте предвид дека ним Велигден им е оваа недела, на 17-ти
Ааа, фала на инфово Толку години погрешно мислев Штом е така, ако планиравте шопинг во Солун, имате повеќе време да одите Само ептен се напорни со скенирањето сертификати. Се надевам ќе ги укинат сега од први мај, сериозно е досадно на секое да покажувам сертификат и лична карта
Тоа ти се грците, ниедна вера не знам зошто Божиќ со другите слават , а Велигден со нас Свекрва ми ми кажа дека порано биле и они под стариот календар , а кога се променило ова, не знам.. А за сертификатите, ќути ужас, многу ми беше страв да не изгубам некој документ со тоа вади ставај чанта документи постојано. Од 1ви ќе ги укинат , па здравје ќе видиме од септември што ќе биде. А кога сме кај маските, не верувам нешто да се промени на другите во Мк блазеси ви..
Наводно го смениле календарот на 9 март 1924 година, но нема сигурни извори, па се смета дека било и 1916 или 1920 година.
Девојчиња, што е потребно за да може да се влезе во икеа и космос на пример? Јас имам две дози (втората во август) и планирам да направам тест секако, дали ќе биде доволно? Ви благодарам
Да, потребен ти е тест, само гледај на резултатот да има QR код за да можеш да генерираш EUDCC сертификат. И лична карта или пасош за таму да потврдиш идентитет. Од втори мај сè ова се укинува, и за влез во Грција нема да има никакви мерки. Маските на затворен простор ќе бидат тргнати од први јуни. Ова денес објавија, ако грешам нека ме поправи @koritsaki
На 22, 24 и 25 сигурно не, на 23 во саботата мислам дека да. Но ќе работи оваа недела, на 17ти. Попусти има
Каде може да прочитам дали ќе работи со сигурност на 23, и дали бараат сертификати за вакцина при влез?
Отвори неработни денови во Грција на nikana.gr, го нема 23-ти како неработен Сертификат да, европски, може вакцина (2 дози, не повеќе од 6 месеци од втората доза или 3 дози неограничено), прележаност (не знам дали важи 3 или 6 месеци) или тест. Скенираат при влез на секоја продавница/кафуле/ресторан, и на секое бараат и лична карта или пасош покрај сертификатот.
Имаш работно веме за Велигден на нивната страна https://mediterraneancosmos.gr/mediterranean-cosmos/orario/