Јас бев во средата и дефинитивно во центарот има 100 пати поголем избор од Космос,на раат си просетав и си изнакупив се што ми требаше,бројчиња нема од се на пр.панталони едни што сакав од страдивариус само големи имаше,ама сепак се наоѓа преубави работи и ефтини.Попустите се сегаде различни зависи од продавницата има од 30% до 70% попуст.Маички се наоѓаат и по 5-6 евра,фармерки 18 евра,палтенца 20 евра и тн што се доста добри цени.Во космос кога отидов како прво пробрано е веке а и мн гужва по касите.Така да дефинитивно сум за во центарот продавници 100 има избор на раат се да си разгледаш и да си купиш
Ова е тема за шопинг во солун а има гледам и антитема Ај јас тука ќе пишам, не сум јас лично задоволна од мојот шопинг, зашто тоа што сакав не купив. Иако петок работен наш ден вриеше од македонци. Доста гужва имаше најмногу до сега. Вајда други години идев во фебруари а сега само 5 дена откако е почнат шопингот па има огромна навала. Има мноооогу избор, само нема бројчиња. Чизми за тоа и што пред се отидов не купив. Ако некој носи 36, 37 тоа има друго многу лош избор. Или има некои ефтини одлепени, искинати така да ако види чизма 8 евра проверете си ја или ташна. Зашто шкарт се. Блузи колку ти душа сака има, јес да од многу немаше М. Најмногу ХЅ и Ѕ. Панталони има, оние летни до глужд е јас имам проблем зашто сум многу висока не да ми стоеја грдо Ужасно не ми беа до глужд туку повисоко. Сакоа какви што сакав со кренати раменици и шарена постава не видов. Другите беа над 35 евра. Сукњи има прееееееееееееееееемногу. Шарени, карнери, анимл принт, џинс ма све. 10тина евра просек. Најдобар е изборот на фармерки од 7 до 20 евра. Во Пул&Беар дел од фармерките беа 7 евра. И таму има одличен избор на патики. И јас ко Старфиш си земав Фустани има ама тука друга приказна само многу големи броеви. Накит колку ви душа сака има нов во Страдивариус тој е скап, а Бершка, Сфера се топ. Си најдов прстен машка како што се убив барајки во скопје најдов тука за 500 денари, таму за евро ипол си купив. И избор на ташни има голем, ама пред се кремасти и кафени најмногу просек 15-20 евра. Сива барав ниедна не видов! Така да се што сакав не најдов. Сестра ми си бараше онака средношколски блузи, фармерки, патики се изнакупи. А гардероба за работа пример потешко се наоѓа. Така да јас во Манго си земав некои работи доста поефтин од нашиот е. И то е то. Одете прошетајте си јадете гиро, купете евфтини работи, ако сте против Грчка не идете купувајте од Македонија кинеско и скапо и крај на приказната
Од искусните феминки, барам инфо кога се периодите во текот на една година кога во Грција има попусти?
Од 15ти јанури до кај 15 ти фебруари, иако може и до март некогаш да најдеш останати работи. А и од 15 јули до 15 август. Јас лани бев околу 25 август се беше на попуст ама тоа тргнато на страна зашто беа стигнати есенските колекции. Ама може и во текот на годината да отидеш во доста продавници имаат мал рафт со попуст. А баш во друга тема кажаа имало јакни под 20 евра кожни во лето. Па ќе има кој купува во лето кожна јакна? Сега е уште сезона на кожна јакна и уште 3 месеци ќе се носат. Така да тоа е исто ко сега да купуваш летни блузи кои се по 2/3/4/5 евра. Или имаше балетанки и гладијаторки онака летни беа преефтини останати од лани. Попустот на зимската гардароба е 50% отприлика има нешто и 70% ама тој во глобала може и да е од летото останато. Само многу некултура владее и од нас и од грцине, фрлаат, влечат, оставаат во соблекувални, фрлаат закачалки на секаде, одиш и скокаш да не згазнеш некои фармери, блузи итн. Јас во странство на други места не сум видела до толку некултура од купувачите. Ама зависи и од продавачите. Некои продавачи цело време средуваа. А други си се шеткаа и сами они си ги скокаа закачалките и гардеробата падната на земја. Немаме култура...
Бев во Средата во Солун,прв пат бев тогаш бидејќи не сум имала потреба да идам на шопинг кога се има и кај нас,и можам да кажам дека со тие пари што ги оставив таму кај нас можев повеќе гардероба да си купам. Како прво сите се грабаа за ефтините парчиња гардероба,а тоа беа летни маички. Другите работи имаа нормални цени, баш како во Македонија. Така да јас друг пат не би отишла во Солун стрикно за шопинг.Ако одам ќе одам само да се прошетам па ако најдам нешто успат добро ако не ништо
Епа сеа ми пиша порака сестра ми од Грција дека успеала да најде и на овие попусти сива, кожна јакна од 20 евра! Значи ако се побара асално може и да се најде, а нема врска што во ова време се попустите. После лето доаѓа есен колку што знам и тоа е време кога се носат кожњаци, па по таа логика би требало само на почеток на лето да се на попуст, а не на крај. Онака чисто информативно.
Мислам дека е јасно дека се мисли на скај - оние кои можат да си ги дозволат сите, а и повеќето така и ги викаат.
Девојки, со кои агенции одите на шопинг во Солун ? Која би ми ја препорачале ? Планирам идниот викенд да одам, ми ја препорачаа EuroLine карта чини 800 денари и 150 осигурување. Како се движат цените со агенциите со кои одите ? Јас бев еднаш, но беше многу од дамна чинам 2003 беше и воопшто не ми текнува со која бев, а има добра услуга Ви благодарам
Драги феминки,ве молам да ми кажете ако знаете дали има некој мал попуст на новата (сега конкретно на пролетната гардероба) во Солун? 20%-30% можеби?И ако има,кога е?
Сега сигурно нема,пролетната колекција ке биде на попуст летоска.На некои парчиња,може да се најде некаде во мај,но сега 100% нема.
Уште нешто заборавив да прашам-цените кога нема попуст какви се?Како кај нас или...?Ако бил некој,ако сака да ми каже како се движат на јакните,фармерките,марамите,фустан4ињата...Ме интересира поради тоа што купувам од кај нас од продавница каде што носат роба од Солун (од Бершка,Зара,Страдивари,Х&М,француски бендови некој си за кој јас врска немам) и баш ме интересира дали повеке ми се исплаќа да си купам сама или на готово да ми ги носат најубавите работи,јас да не се мавтам. Пример мантил4е од таму зедов 3900,шалвари 1800...
There are two official sales per year in Greece. In summer, they start July 15 and end on August 31. In winter the sales start on January 15 and end on February 28. Чисто информативно
Цените кога нема попуст се исти како кај нас,не знам тие што ги носат овие брендови како им се исплатува:Јас мислам дека станува збор за некакви стари колекции кои ги купуваат на попуст,ама најдобро ти е да отидеш и да се увериш.[*]
Во план сум да одам по4етокот на март,сигурно новите колекции ке се стигнати,па затоа добро сакам да се распрашам пред да одам.Фала за информациите! )) ))
Девојки едно прашање дали некој ќе оди сега во сабота на шопинг и ако може да ми каже преку која агенција зашто немам земено карта сеуште па да не лутам низ град да барам.... позз
Јас земав од Euro line 800 денари е карта и 150 за осигурување. Имаат претставништво на онаа улица со коцкине, спроти Holiday Inn, и на нова железничка во самата железничка. Тетката рече дека карта можеш да купиш се додека има слободни места, не зависно дали е вторник или петок. Инаку се оди во 2 часот по полноќ во петок, а од Солун се тргнува негде кај 5-6 попладне Па се гледаме во Солун
Јас ке одам сега во сабота преку Тератравел ама незнам дали имаат уште место најубаво рано уште утре да прашаш. Се наоѓаат на ул.Македонија спроти бикот